затвори

Штета! Ја пропуштивте оваа зделка на Grouper.mk!

Не пропуштајте зделка! Зачленете се на Email листата на Grouper.mk!

За компанијата

GoogleMap->getDirections("map_canvas", "directions1", array("from" => "Партизанска, Скопје, Скопjе", "to" => "Илинденска, Скопје, Скопjе")); */ ?>

Т.А. “Јупитер“ http://jupitermkd.wix.com/jupitermkd

  • ул. Народен Фронт бр. 19/а Т.Ц. Беверли Хилс 1 кат Скопје 1000

ERROR M1

Т.А. “Јупитер“

ул. Народен Фронт бр. 19/а Т.Ц. Беверли Хилс 1 кат

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:


  • 7 ноќевања - 8 дена во  приватни апартмани во Ипсос, Крф

 

  • Автобуски превоз: Скопје - Крф - Скопје

 

  • Пратител на патувањето

 

  • Во цената е вклучена пријава (10 eur)

 

Напомена: 


  • Потребни се минимум 2 лица за резервација на соба (во спротивно се доплаќа за single room директно во агенцијата) 

 

  • Во цената не е вклучена туристичка такса (1 eur од ден)

 

  • Во цената не вклучена траект карта (20eur - повратна)

 

*Купонот важи за турата со термин:


  • 30.08-6.09.2013

Услови

  • Купонот може да се користи почнувајќи од 01.10.2013 до 29.08.2013
  • Купонот важи за тура со термин:
  • 30.08-06.09.2013
  • Едно лице може да купи повеќе купони.
  • Автобускиот превоз е вклучен во понудата
  • За деца до 6 години се доплаќа 19 eur за превоз во агенција
  • За деца од 6 до 12 години се доплаќа 39 eur за превоз и сместување во агенција
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во ТА Јупитер да направите резервација на тел:  077 765 593 Ангелина или E-mail: [email protected] од понеделник до петок од 10:00 - 17:00 часот
  • По купување на купонот потребно е да ја посетите ТА Јупитер, од понеделник до сабота од 10:00 до 17:00 часот за да потпишете договор за патување.
  • Доколку не го искористите купонот до 30.08.2013 година, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат.
  • Задолжително е патничко осигурување (доплата во агенцијата 5 eur)
  • Факултативните излети не се вклучени во цената.
  • Важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Jupiter
  • Потребни се минимум 2 лица за резервација на соба (во спротивно се доплаќа за single room директно во агенцијата)
  • Во цената не е вклучена туристичка такса (1 евро од ден)
  • Во цената не е вклучена повратна траект карта (20евра)
  • Поаѓање во 01:00ч по полноќ на 30.08.2013.
  • Строго ограничени количини!
  • Со купување на овој ваучер се согласувате со Општите услови на патување
  • НАПОМЕНА: Туристичката агенција ЈУПИТЕР го задржува правото да ја промени програмата во случај на вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани.

Опис

Незаборавен одмор во висока сезона по екстра ниска цена! 8 дневен одмор на еден од најубавите острови на Јонското море! 7 ноќевања во Ипсос, Крф, во приватно сместување со вклучен превоз на 61% попуст!


Апартманите се лоцирани на 400 m од плажа, не се луксузни, но се чисти и пристојни, со сопствена кујна и тоалет. Дел од апартманите се опремени со клима уред, а дел од нив не се. За користење на клима уред се доплаќа 5 eur директно на сопствениците.

Доколку сакате, можете да присуствувате на настаните и излетите организирани со програмата на TA Jупитер, можете да одберете на кој факултативен излет ќе одите; програмата не е вклучена во цената, не е задолжителна и се користи исклучиво по ваша желба.

Програма - летување на Крф

30.08.2013

Поаѓање во 01:00ч - Следува ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Се патува на релација Скопје-Игуменица-Крф. Пристигнување во Игуменица во утринските часови, каде групата заедно со автобусот се качува на траект до островот Крф. По пристигнување на Крф следува уште 30мин. возење до гратчето Ипсос, каде веднаш следува сместување во апартманите. Што ќе посетите и доживеете и посетите со програмата на Јупитер.

Ден 1 (30.08.2013)

ГЛИФАДА - Една од најпопуларните плажи на Крф која се наоѓа на западниот дел од островот, на 17км од Ипсос... прекрасна, долга песочна плажа опремена со лежалки, чадори, терени за одбојка, барови, ресторанчиња.... Бидете дел од Јупитер игрите со аниматорите и незаборавната After Beach Party во Aloha White Bar. Оваа факултативна посета чини 15 евра.

Ден 2 (31.08.13)

Градот КРФ - Во утринските часови ќе се одмориме малку на градската плажа во Ипсос, а попладне заминуваме во посета на градот Крф, каде ќе ве маѓепса погледот на старата и новата тврдина, на кралската палата, црквата на заштитникот св. Спиридон, паркот Спинада , тесните улички полни со уникатни продавници за сувенири, накит, традиционлани овошни ликери и сл. По прошетката може да се релаксирате или да вечерате покрај паркот каде се наоѓаат сите популарни кафулиња и ресторани. Оваа факултативна посета чини 15евра.

Ден 3 (01.09.2013)

ПАЛЕОКАСТРИЦА - Палеокастрица се наоѓа на сосем спротивната страна на островот, за разлика од Ипсос, но сепак на многу блиско растојание (14км). Ова селце се смета за едно од најубавите места на островот, со прекрасни панорамски глетки, романтична архитектура, 15 плажи со кристално сина вода, фамозните пештери и каде се наоѓа и 12 века стариот манастир, во кој има музеј. Тука може да бидете и дел од Yellow Submarine- уникатно доживување на подводниот морски свет! По пат за Палеокастрица се посетува и музеј-фабриката за овошјето Кумкват кое расте само на островот Крф и во Шпанија. Нивните производи претставуваат најпрепознатлив сувенир од островот. Оваа факултативна посета чини 20 евра.

Ден 4 (02.09.2013)

Излет со Брод - Во утринските часови поаѓање на излет со брод по северо-источниот брег на островот Капетанот и неговата екипа не водат низ скришни и осамени заливи со пештери постари од 200год. Правиме пауза на плажа каде ни припремаат традиционален ручек со суфлаки, грчка салата и вино. Во текот на пловењето се одвива препознатлива Јупитер забава, скокање во вода, сончање и сл. Ручекот и виното се вклучени во цената за излетот. При Крстарењето освен паузата за ручек имаме уште две паузи при кои се посетува рибарското гратче Касиопи и плажата Нисаки. Оваа факултативна посета чини 30евра.

Ден 5 (03.09.2013)

КАВОС – Кавос се наоѓа најјужно на островот и излетот до ова место е всушност вечерна прилика за луда забава за младите до утринските часови. Забавата се одвива буквално на улица на која се сместени бар до бар, клуб до клуб.. а откако клубовите овде се затворат се продолжува со забава на песочната плажа во најпопуларните Beach Bar-ови. Оваа факултативна посета чини 20 евра.

Ден 6 (04.09.2013)

АКВАЛЕНД – лоциран во срцето на островот, со површина од 75.000 метри квадратни водени оази тематскиот воден парк AQUALAND CORFU, каде забавата е неизбежна, за сите посетители, за сите возрасти е неизбежна дестинација и за нас. Оваа факултативна посета чини 30евра.

ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ СЕ РЕЗЕРВИРАНИ ЗА:

Ø Jupiter Opening Party

Ø Cocktail Pool Party

Ø White Party

Ø Toga Party

Ø Hawaian Party .... и многу други изненадувања!!!

Ден 7 (05.09.2013)

Слободни активности. 

Ден 7 (30.08.2013)

Време за слободни активности до 14часот - Поаѓање за Скопје во 14:30 часот. Пристигнување во утринските часови.

За подетални информации посетете ја официјалната страница на ТА ЈУПИТЕР

TA JUPITER

Тел за информации: 077 765 593 Ангелина
E-mail: [email protected]
Веб страна http://jupiter.mk

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.