X

Штета! Ја пропуштивте оваа зделка на Grouper.mk!

Не пропуштајте зделка! Зачленете се на Email листата на Grouper.mk!

За компанијата

Туристичка Агенција “Јупитер“

  • ул,,Народен Фронт,, 19/а Т.Ц.Беверли Хилс 1 кат ло Скопје 1000

OVA NEKE

Туристичка Агенција “Јупитер“

ул,,Народен Фронт,, 19/а Т.Ц.Беверли Хилс 1 кат ло

  • 078 966 362
  • Работно Време:
  • Пон - Пет: 10:00 - 17:00
  • Сабота: 10:00 - 14:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

 

  • 3 ноќевања со појадок во Mountain Paradise 4*

 

  • Превоз: Скопје - Банско - Скопје

 

  • Во цената е вклучена пријава (10 eur)

 

  • Напомена: Потребни се минимум 2 лица за резервација на соба (во спротивно се доплаќа за single room директно во агенцијата)

 

  • Бесплатно користење на спа центарот

 

  • Бесплатен превоз до ски лифтовите

Услови:

  • Купонот може да се користи почнувајќи од 01.10.2013 до 21.02.2013
  • Купонот важи за тура по избор: 14.02-17.02.2013 или 21.02-24.02.2013 (по избор)
  • Едно лице може да купи повеќе купони.
  • Превозот е вклучен во понудата
  • За деца до 6 години се доплаќа 19 eur за превоз во агенција, сместувањето е бесплатно
  • За деца од 6 до 12 години се доплаќа 39 eur за превоз и сместување во агенција
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во ТА Јупитер да направите резервација на тел: 078 322 934 Љупка  или е-маил email: ljupka.angova@jupiter.mk 
  • По купување на купонот потребно е да ја посетите ТА Јупитер за да потпишете договор за патување. 
  • Доколку не го искористите купонот до 21.02.2013 година, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат. 
  • Задолжително е патничко осигурување (доплата во агенцијата 5 eur)
  • Важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Jupiter 
  • Потребни се минимум 2 лица за резервација на соба (во спротивно се доплаќа за single room директно во агенцијата) 
  • Во цената не е вклучена туристичка такса (доплата директно во хотелот на рецепција 1 eur од ден)
  • Ограничени количини!

Опис

Овозможете си четиридневно уживање во прекрасниот "Mountain Paradise 4*" со ТА Јупитер!


Хотелот Mountain Paradise е луксузен хотелски комплекс со 4 ѕвезди, ситуиран во централниот дел на Банско. Комплексот нуди широк спектар на услуги за целосно уживање и бизнис патување. На располагање е голем ФИТНЕС & СПА ЦЕНТАР каде што ќе откриете неверојатни третмани за релаксација и задоволство.


Масажа, лежалки, базен, џакузи, тушеви, сауна, турска бања итн. За комплетна забава на децата, обезбедено е детско катче, кое ќе им овозможи на дамите повеќе време за себе и за уживање. Сите гости на хотелот располагаат со бесплатен паркинг и транспорт до лифтот.

Професионалниот тим на хотелот ви гарантира првокласно опслужување и релаксациска атмосфера 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Хотелот располага со студија, еднособни и двособни апартмани.

Официјална страница на Mountain Paradise 4*

ПРОГРАМА БАНСКО 14-17.02.2013

1 ДЕН

Состанок со групата пред Дрво Декор на 14ти Февруари во 05:00ч. Поаѓање од Скопје во 06:00ч. Дневно возење. Пристигнување и сместување во Хотел во Банско во 13:00ч. Следува слободно попладне за одмор, индивидуални активности, запознавање со хотелот, услугите и околината. Вечерта продолжува со првата Јупитер ALL YOU CAN DRINK PARTY, во најпознатиот ноќен клуб во Банско, проследена со изненадувањата на познатите Јупитер аниматори и игри. Ноќевање.

2 ДЕН

Слободно време до 17ч попладне за оние кои се занимаваат со зимски спортски активности. За сите останати Јупитер ALL DAY SNOW PARTY проследена со интерактивни наградни игри, снежни натпревари и сл. Забавата трае до 20ч. Ноќта продолжува во ноќниот клуб НАИ на International White Party до утринските часови. Ноќевање.

3 ДЕН

Опција 1 - Факултативен излет, организиран разглед на градот, можност за шопинг на сувенири, посета на културни знаменитости, локални кафеани и прошетка. Опција 2 – Pub crawl Party- забава која се карактеризира со анимација и игри преку посета на локални кафулиња. Враќање во хотелот во 19.00ч. Вечерта следува подготовка во хотелот за последната ноќ со Јупитер, на Sexy Orange Party, проследена со караоке шоу и Јупитер награди за најдобрите. Ноќевање.

4 ДЕН

Напуштање на собите до 11ч. Багажот е сместен во автобусите.Слободен ден за прошетка,скијање и шопинг. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.

Пред многу векови се раѓа населба со убавото име Банско. Селото е создадено во неверојатно место, до реката Глазне, во подножјето на прекрасната Пирин Планинa. Со многувековна историја, ова село е духовната храна на тамошното население и е предмет на голем туристички интерес.

Заоблени улици, куќи-тврдини со високи порти и долги стреи од црн Мурат, дебели огради и ѕидови даваат чувство на мистичност и непристапност. Гостите на Банско секогаш остануваат маѓепсани од духот на Банско и кај нив се јавува желба да се вратат пак и да уживаат во убавините на Пирин планина, бидејќи да си дел од природата е она што на секој му е потребно во бурното секојдневие.

Шетајќи по тивките улици на Банско, човек чувствува мир кој доаѓа од Пирин, со кој што е опфатен целиот град. Мноштвото мали и живи таверни, ресторани, дискотеки и кафулиња, го прават престојот на секој посетител во Банско едно исклучително и незаборавно искуство. Снежната магија на Пирин го удвојува населението на Банско со гости од странство и од сите делови на Бугарија.

Банско е град кој сугерира сопствено минато и автентичност во архитектурата и обичаите. Еден од најатрактивните споменици на Банско е црквата "Света Троица". Таа е изградена во 1835г. И е една од најголемите трикорабни цркви без купола, издигнати во бугарските земји во тоа време.

Во дворот на црквата се крева 30 метри кула со часовник. Банско не е само збир од хотели меѓу убава глетка, а и уникатна атмосфера создадена и поддржана од историското, архитектонското и културното наследство, своевидна кујна и небројните места за забава. Банско е прогласено за уникатна населба со меѓународно значење за економски туризам (1979). Покрај прекрасниот Пирин и многуте природни знаменитости, градот е богат со своите историски локации.

Љубителите на скијањето може да уживаат во вкупно 70 км совршени подготвени и безбедни ски стази. Стазите се поделени на 30% стази за почетници, 45% стази за напредни скијачи и 35% стази за експерти. Снегот е гарантиран од Декември до Мај.

За подетални информации посетете ја официјалната страница на ТА ЈУПИТЕР

На фотографиите подоле можете да ги забележите позитивните импресии и забавата која ја искуси претходната тура:

TA JUPITER