11ти Октомври во Инсбрук и светот на Swarovski кристалите (11.10 – 15.10.2018)! Петдневен аранжман од 2 ноќевања со појадок во Инсбрук, Австрија + вклучен автобуски превоз организација на патувањето по цена од 10 850 ден. (175 еур)

РАСПРОДАДЕНО

11ти Октомври во Инсбрук и светот на Swarovski кристалите (11.10 – 15.10.2018)! Петдневен аранжман од 2 ноќевања со појадок во Инсбрук, Австрија + вклучен автобуски превоз организација на патувањето по цена од 10 850 ден. (175 еур)

Цена

10,850 ден.

РАСПРОДАДЕНО

  • Лермонтова 3/6, Скопје, Македонија 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • travel@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува петдневен аранжман во регионот на Инсбрук за термин 11.10 – 15.10.2018

  • Превоз со туристички автобус на наведените релации (клима / греење, аудио - видео опрема);
  • 2 ноќевања со појадок во хотел, во регионот на Инсбрук;
  • Пратител од агенцијата за време на целото патување;
  • Организација и реализација на програмата;

Услови

  • Купонот може да се искористи од 11.10.2018 до 15.10.2018
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување
  • Во цената не е вклучено:
  • Влезници за музеите и други туристички објекти;
  • Факултативните излети: (минимум 30 пријавени лица за секој од понудените излети);
  • Кнежевство Лихтенштајн - вклучува превоз и услуги на пратителот 30 eur.
  • Замок Амбрас - вклучува превоз, влезница за замокот, услуги на локален водич на англиски јазик 20 eur.
  • Кристалниот свет на Swarovski - вклучува превоз, влезница за посета на Светот на кристалите и услуги на пратителот - 30 eur.
  • Останати неспоменати услуги;
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко осигурување;

Опис

Тирол е еден од најубавите предели на Австрија... Го опкружуваат високите венци на Алпите, кои прават прилично бајковита атмосфера... Барокните градови на Тирол се преполни со историја и нивните приказни... Инсбрук е главен град на покраината Тирол и е познат по својот исклучително убав историски центар на градот, над кој се издигнуваат моќните и магични алпски масиви... На Алпите се наоѓаат бројни ски центри поради кои што Инсбрук двапати беше домаќин на Зимските Олимписки игри ('64, '76). Магичнот свет на " Swarovski" кристалите се  наоѓа во австрискиот град Ватенс (Wattens) недалеку од Инсбрук. Влезот во кристалниот светот на Swarovski е скриен под водопад. Во внатрешноста се крие најголемата  кристална купола во светот, која е составена од 595 парчиња преубави кристални огледала. А понатаму по влезот во овој свет се е како во бајка... Сосема неверојатен и фасцинантен... Со цел да се направи програмата на патување уште поинтересна, вклучивме и посета на преубавото австриско езеро Атер, кое е насликано на многу слики од Густав Климт, големиот австриски модернист, кој еден дел од неговиот живот го поминал на ова езеро. Програмата е збогатена и со убави екскурзии. Една до Кнежевството Лихтенштајн и нејзиниот главен град Вадуц, а другата до замокот Амбрас во околината на Инсбрук. Придружете ни се на овој посебено патување!

ПРОГРАМА

1 ден (11.10.2018 - Четврток) | Скопје - Србија - Хрватска - Австрија

Поаѓање од Скопје во договорено време и место, (проверете го точното време и место на поаѓање на автобусот 2 дена пред патувањето), ноќно возење преку Србија и Хрватска, со кратки попатни одмори и спроведување на царински формалности.

2 ден(12.10.2018 - Петок) | Салзбург - Инсбрук  

Пристигнување во Салзбург во претпладневните часови. Следува панорамски разглед на градот а потоа пауза и можност за прошетка по најпознатата улица во Салзбург - Getreidegasse.Покрај можноста да прошетате низ безбројните бутици, галерии, книжари, продавници за накит, кафе барови, на број 9 можете да ја посетите и родната куќа на Моцарт. Во текот на годината отворена е од 09:00 часот до 17:30 часот, а летниот период до 20:00 часот (влезница околу 7 евра). Нешто подолу по улицата се наоѓа и старото градско собрание, препознатливо по високата саат кула, за која се мисли дека е најстара во цела Австрија. Во договорено време, продолжуваме кон Инсбрук. По пристигнувањето, следи кратка обиколка на центарот со разгледување на: главната улица Марија Терезија, Градското собрание, Landhaus, Градската Кула, куќата со златниот покрив, Hof црквата, катедралата, Hofburg царската палата. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел во регионот на Тирол. Одмор. Ноќевање.

3 ден (13.10.2018 - Сабота) | Инсбрук - Вадуц - Инсбрук

Појадок во хотел. Полудневен факултативен излет до Кнежевството Лихтенштајн и нејзиниот главен град Вадуц. По пристигнувањето во Вадуц, следи кратка прошетка по прекрасната пешачка зона која е декорирана со многу интересни споменици. Панорамски разглед на дворецот на кнежевството. Слободно време за индивидуални активности по препораки на вашиот водич (посета на Националниот музеј на Лихтенштајн, посета на ризницата на кнезовите од Лихтенштајн со кралските скапоцени камења, можноста за организирање посета на Кралската винарска визба). Престој во Вадуц од вкупно 3 часа. Враќање во Инсбрук. Слободно време во центарот на градот. Враќање назад во хотел. Ноќевање.

4 ден (14.10.2018 - Недела) | Инсбрук - Замок Амбрас - Ватенс / Кристалниот свет на Swarowski - Скопје

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Слободно време во центарот на градот или факултативна посета на замокот Амбрас. Еден од најголемите австриски замоци изградени во 16 - ти век во ренесансен стил. Замокот бил резиденција на војводата. Посетата вклучува разглед на исклучително убавата колекција на уметнички дела и куриозитети, како и прекрасната Шпанска сала, оружарницата со средновековно оружје и оклопи, градините. По завршувањето на прошетката низ прекрасниот замок следува факултативна посета, причината за Вашето патување, градот Ватенс (Wattens) и посета на Кристалниот свет на Сваровски. Неверојатен бајковит свет на кристалите со градини кои никого не го оставаат рамнодушен. Пред две децении, брендот „Сваровски“ беше познат по колекционерските фигури и фустани со 10.000 кристали во кој Мерлин Монро во 1962 година му ја пееше роденденската песна на претседателот на САД, Џон Кенеди. Денес, „Сваровски“ е водечки светски произведувач на брусени кристали и има 2.200 продавници ширум светот, а нивните кристали ги красат и креациите со потпис Армани.
Зелениот брег во облик на глава со очи од кристали и водопадот од чија уста излегува, е „чувар“ на капијата на Сваровски музејот во австрискиот алпски град Ватенс. Уникатна капија за влез во фантастичниот и уникатен кристален свет. Можност за купување накит од Swarovski кристалите по фабрички цени во продажниот бутик. Во договорено време, заминување кон Македонија. Ноќното возење преку Хрватска и Србија со кратки попатни одмори и спроведување на царински формалности.

5 ден (15.10.2018 - Понеделник) | Скопје

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.