До 40% попуст на изнајмување на возило по избор: Skoda Fabia, Skoda Superb, Skoda Yeti или Seat Ibiza од Abd Rent A Car

Цена

ден.

ден.

Опција е задолжително поле!

Вредност

2499 ден.

Попуст

40%

Заштеда

1000 ден.
  • ul.168 br.1 a Skopje

    Одведи ме таму

    078 336 556

    info@abdrentacar.com

Добивате

Изнајмување на возило по избор

Опции на понудата:

Skoda Fabia 2,499 ден. (40 еур.)
1,499 ден. (24 еур.)
Seat Ibiza 2,499 ден. (40 еур.)
1,499 ден. (24 еур.)
Skoda Superb 3,350 ден. (54 еур.)
2,149 ден. (35 еур.)
Skoda Yeti (Automatic) 3,350 ден. (54 еур.)
2,144 ден. (35 еур.)

*Цената за изнајмување се однесува по ден

Услови

  • Купонот може да се искористи од 08.03.2019 до 08.05.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во Abd Rent a car за да се информирате за достапноста на возилото и за термин
  • За изнајмување на возилото потребно е да потпишете договор во компанијата Abd Rent a car
  • Понудата важи за изнајмување на возило во Македонија и странство
  • Доколку сакате да изнајмите возило за надвор од Македонија, потребна е доплата од 20 евра за зелен картон (важи за Србија, Косово, Бугарија и Албанија)
  • За изнајмување возило во странство потребен е наем од минимум два дена
  • Доколку не го искористите купонот, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат.
Grouper & Mastercard акција на подароци!
Купувај било кои зделки со Mastercard картичка и освој подарок!
Дознај повеќе тука!

Опис

ABD Rent a car e компанија која Ви нуди нјдобра услуга со најдобри возила по најдобри цени во Македонија!
Ви е потребно возило за еден ден, седмица или цела година? Можеме да ви понудиме нови возила за наем со сите додатоци - различни модели во зависност од Вашите потреби и луксузни лимузини за транспорт со професионални возачи. Ние сме секогаш подготвни да ви излеземе во пресрет нудејќи Ви ги најдобрите услуги во Македонија.

ГЕНЕРАЛНИ УСЛОВИ ЗА НАЕМ НА ВОЗИЛО

1. Примање и предавање
1.1 Возилото се предава на Наемателот во добра техничка состојба, снабдено со задолжителната опрема според прописите и побарувањата ма МВР, како и побараната дополнителна опрема. Состојбата на возилото се потврдува со примо – предаден протокол неразделен дел од овој Договор.

1.2 Возилото мора да се врати во договорениот рок во договорот. Во случај доколку се сака да се продолжи периодот за наем - Наемателот мора да го договори тоа по телефон најмалку еден ден пред истекот на договорениот рок.

1.3 Во случај кога возилото не е вратено во рок од 24 часа и подолго од датата наведена во Договорот, возилото се смета за украдено и Наемодавателот ќе ги информира надлежните органи и истовремено си ги запазува правата од потпишаниот Договор.

2. Квалификации на возачот

2.1 При подигање на возилото, Наемателот мора да има наполнето минимум 19 години, да покаже валиден документ за идентификација, пасош или лична карта и возачка дозвола постара од една година. Фотокопија или документи испратени по факс не се примаат.

2.2 По барање на Наемателот во Договорот може да се овласти и дополнителен возач кое се потврдува со запишување на името и податоците од личните документи на вториот возач.

3. Користење на возилото

3.1 Возилото може да се користи само по првокласни патишта, само за превоз на патници и нивниот личен багаж. Возило не смее да биде користено од друго неовластено лице со овој Договор. Возилото не смее да биде користено под дејство на алкохол, наркотици или медицински лекови со слично дејство. Возилото не смее да се користи надвор од територијата на државата без
посебна дозвола од наемателот.

4. Кражби и штети

4.1 При штети, загуба или кражба на возилото или дел од него како резултат на виновно однесување на Наемателот, тој е должен да го обесштети Наемодавателот во висина на целосната вредност на уништениот дел или целото возило исто како и трошоците за транспорт и поправка.

4.2 Осигурувањето од Граѓанска одговорност е вклучена во цената на наемот и возилото е осигурано во согласност со македонските закони. Копија од Документот е во возилото во случај на контрола.

4.3 Одговорноста од штета и кражба е вклучена во цената на наемот и ја ограничува одговорноста на Наемателот до определена пониска сума наречена EXCESS или Ограничена Одговорност

4.4 Независно од тоа што осигурувањето од штета и кражба е вклучено во цената на наемот, Наемателот е одговорен до определена сума наречена EXCESS или Ограничена Одговорност

Таа сума се плаќа само во случај на штета или кражба на возилото. Сумата Ограничена Одговорност е во висина максимум до 500 Евра.

4.5 Осигурувањето не важи доколку штетата е на долниот построј на возилото, гумите и бандажите доколку не се оштетени во пожар или судар, доколку возилото е управувано од неовластено лице со Договорот или користено за трки или управувано под дејство на алкохол или наркотици, доколку недостасува записник од полиција или ако возилото е украдено со клучот или документите во него, доколку се користи надвор од територијата на државата без дозвола од Наемодавателот.

4.6 При губење или уништување на клучеви, таблица или документи од автомобилот, Наемателот се задолжува да плати во висина од 100 до 500 Евра.

4.7 Наемателот е должен да ги чува одделно од паркираното возило сообраќајната дозвола, клучевите, панелот од ЦД и навигацискиот систем.

4.8 Во случај на сообраќајна незгода или штета Наемателот е обврзан да ја повика и дочека сообраќајната полиција да дојде и направи записник за настанот и во исто време да го информира Наемодавателот.

4.9 Наемателот дава согласност личните податоци да се користат за граѓанска и казнена постапка.

5. Цени и начин на плаќање

5.1 Цената на наемот се калкулира на база на наемен ден или друг период предходно објавен како тарифа. Тоа се однесува и за дополнителните услуги и опрема, цена која се вклучува во цената на наемот. Викенд тарифа е од Петок од 16 часот до Понеделник до 12 часот. Минималниот наемен период е 24 часа со гратис период од 3 часа. При подолго задоцнување од 3 часа се наплатува цел ден. Цената на наемот се плаќа при превземањето на возилото. При склучување на Договорот Наемателот остава депозит. При враќањето на возилото депозитот се враќа откога од него ќе се одбие сумата за евентуалните штети, евентуалните делови кои недостигаат од возилото или недостиг на гориво во резервоарот.

6. Други услови

6.1 Сите спорови настанати во врска со исполнувањето на овој Договор странките ќе ги решаваат договорно и ако не успеат да се договорат спорот ќе биде предаден во Судот на Р.Македонија.

6.2 Договорот се склучува во три еднообразни примероци.

6.3 Потпишувајќи го овој Договор Наемателот потврдува дека е запознат со неговите услови како и
законодавството.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.