7 ја следат оваа компанија


Activane® фитовакцина 1 kg

1890 ден.

Опис

Activane® фитовакцина

Нова генерација на фитовакцина, која се карактеризира со засилување на сигналите за одбрана на растението од патогени. Кога има инфекција од патоген, растението третирано со Activane реагира многу побрзо и поефикасно на инфекцијата.

СОСТАВ

ЕЛЕМЕНТИ                                                      СОДРЖИНА (%)

ХИТООЛИГОСАХАРИДИ                                         10%

СЛОБОДНИ АМИНО КИСЕЛИНИ                            6 %

ОРГАНСКИ ЈАГЛЕРОД                                             25%

ОРГАНСКИ АЗОТ                                                      1,2%

ЖЕЛЕЗО(FE) EDTA ХЕЛАТ                                       1 %

ЦИНК (ZN) EDTA ХЕЛАТ                                           1%

МАНГАН (MN)                                                             2%

МОЛИБДЕН (МО)                                                       1%
 

Активната материја е базирана на комплексот "елицитор - индуктор" кој синергистички функционира во растението. Нема директно делување на патогените, по примената делува веднаш, го активира одбрамбениот механизам на растението 30 минути по примената. Во растението системично се транслоцира во листовите и коренот.

КУЛТУРИ, ДОЗИ, АПЛИКАЦИЈА

Домат, пиперка, краставица, корнишони, дињи, лубеница и тиквичка

  • Доза на примена:
  • 0.75 kg за потрошувачка на вода од 400 - 750 L/ha и 1 kg за потрошувачка на вода од 8001000 L/ha, да се аплицира 56 пати на секои 7 – 10 дена.

Винова лоза

  • Доза на примена:
  • За потрошувачка на вода помала од 500 L/ha, употребете 0,5 kg/hа од Activane. Доколку потрошувачката на вода е помеѓу 500-800 L/ha, употребете 0,75 kg/hа од Activаnе. За потрошувачка на вода поголема од 800 L/ha yпотребете, 1 kg/hа  Activane.
  • Се препорачува превентивна примена, на секои 10 дена од фаза пред цветање до фаза на зреење. При голем притисок од болести се препорачува комбинирање со сулфур или синтетички фунгициди.

Коскести овошни видови

  • Фолијарна примена во доза од 1 kg/hа за количини од 800-1000 литри по хектар, број на третирања во една сезона: 4 - 5 пати на секои 14 дена, првото третирање се прави во фаза на зачеток на плод.

Марула, брокула, карфиол и спанаќ

  • Доза на примена
  • Фолијарна примена во доза од 0,75 kg /ha за количини од 400-750 L/ha вода и 1 kg/ha за количини од 8001000 L/ha вода.

Примена:

Употребувајте го превентивно на секои 8 – 10 дена, со најмалку 3 апликации. Во случај на голем притисок од болести, да се комбинира со синтетички фунгициди.

Детали за испорака

Испорака

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локациите на "ХЕМПРО"
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

ХЕМПРО е локална семеjна компанија, основана уште во 1992 која се занимава со трговија на мало со семе, ѓубрива и пестициди од водечки светски компании од земјоделскиот сектор.
Тимот агроном и хемиски инженер, е посветен на обезбедување на професионална и навремена услуга како и препораки за правилна примена на ѓубрива и пестициди - хербициди, фунгициди, инсектициди.
Ние им нудиме на нашите клиенти експертиза и советодавни услуги од областа на исхраната и заштитата на растенијата што им се потребни за да успеат во земјоделското производство и агробизнисот. Нашите совети денес им помагаат на повеќе од 100 активни клиенти (индивидуални производители и фирми) да ги одржат нивните култури здрави и безбедни преку:
• Подобрен квалитет и зголем принос на земјоделските култури преку избор на најсоодветните сорти, како и планирање на оптималните датуми за берба односно жетва
• Оптимална употреба на хранливи материи преку агрохемиска анализа на почвата  преку соодветна препорака за ѓубрење со тоа што ќе Ви помогнеме да идентификувате каде и колку да аплицирате за максимален раст и принос, а истовремено да го минимизирате трошокот за ѓубрива.
• Подобра контрола на штетниците со тоа што ќе Ви помогне да развиете соодветна стратегија за заштита преку интегрираното управување со штетници (ИПМ) како метод за контролa

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.