Најдоброто од АFRODITA S! До 55% на третман за убавина по избор: масажа, шишање, нијансирање, фарбање, третмани за лице или тело или депилација

Цена од

590 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

900 ден.

Попуст

34%

Заштеда

310 ден.

Купени: 161

  • Бул. Јане Сандански 113 а, Аеродром

    Одведи ме таму

    02 2448 014, 075 222 803

    [email protected]

  • Тодор Александров, 79-1/11 Skopje, North Macedonia

    Одведи ме таму

    02 3122 888, 075 222 804

    [email protected]

Добивате

Опции на понудата:

Релакс масажа (времетраење: 1 час) 1,200 ден. 790 ден.
Микродермоабразија 1,500 ден. 790 ден.
Микродермоабразија + Greenpeel маска 2,000 ден. 1,200 ден.
Нијансирање + обликување 3,600 ден. 2,400 ден.
Шишање + фенирање 900 ден. 590 ден.
Шишање + фенирање + третман со ампула 1,400 ден. 990 ден.
Фарбање цела коса (со schwarzkopf фарба) + фенирање 3,100 ден. 2,400 ден.
Окси систем третман со кислород 2,200 ден. 1,400 ден.
Радиофрекфенција на лице 2,500 ден. 1,250 ден.
Радиофрекфенција на лице + врат + подбрадок 4,000 ден. 1,990 ден.
Кавитација (времетраење: 30 мин.) 1,500 ден. 750 ден.
Радиофрекфенција на тело 1,500 ден. 750 ден.
Липоласер 1,300 ден. 590 ден.
Криолиполиза 2,500 ден. 1,500 ден.
LPG третман 1,500 ден. 990 ден.
Шок бранови 2,000 ден. 990 ден.
Шеќерна депилација (топла) на нозе + интима 1,400 ден. 990 ден.

*Повеќе за третманите прочитајте во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 11.10.2022 до 07.12.2022
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Купонот може да го искористите во еден од 2та центри за убавина на Афродита С.
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Понудата за фенирање и мадеротерапија важи за жени, сите други услуги и за мажи и за жени
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени

Опис

Релакс масажа 
Професионалниот тим во прекрасниот амбиент со специјална музика и миризливи свеќи ќе ви овозможи комплетна едночасовна релаксација и опуштање. Масажата има двојно дејство: механичко и рефлексно. Механичкото делува на површинскиот слој на кожата, прави чистење на изумрените клетки, загревање и отварање на порите и со тоа се овозможува подобра секреција, транспарентност на кожата како и подобра пенетрација на препаратот со кој се врши масажата. Со механичката дразба се подобрува протокот на венскиот и лимфниот систем. На крај од масажата добиваме козметичко освежување на кожата, поубава боја, еластичност и измазнување на брчките како и намалување на болка. Со масажата циркулацијата се подобрува за осум пати.

Микродермоабразија (со/без Greenpeel маска)
Микродермоабразијата е неинвазивен третман при кој контролирано се отстрануваат изумрените клетки од површината на кожата на епидермисот. Целта е да се отстрани старата кожа со сите несовршености како и несакани појави и промени кои настанале во процесот на стареење. Ексфолијацијата се прави со помош на кристали (алуминиум оксиди). Третманот поттикнува микроциркулација бидејќи работи на принцип на вакум со микро кристали. Се стимулира раѓање на нови клетки и обновување на кожата. Се постигнува голем ефект во ремоделирање на кожата. По третманот ќе се зголеми апсорцијата на кожата за нанесувањето на ампулата и маските кои се составен дел од третманот. Третманот се прави во период од месец октомври до април, кога сонцето е помалку присутно. Со овој апарат можат да се третираат сите делови на кожата: лицето, градите и секаде кај што е потребно. Со третманот се постигнуваат успешни резултати во:

  • ремоделирање на кожата (подмладување)
  • атрофирана и остарена кожа без еластичност
  • бори-површни и подлабоки
  • кожа оштетена од сонце (пигментации)
  • старачки пеги и флеки
  • хиперкератози на тело (задебелување на кожата)
  • сите врсти на лузни на лицето и телото
  • лузни како последица на акни
  • стрии
  • проширени пори
  • масна кожа

Окси третман за лице (со кислород)
Окси систем е технолошки најнапреден систем за дермоинфузија на кожата со 98% кислород. Третман за оксигенизација и регенерација на кожата на лицето и телото. Кислородот е неопходен за здравјето на кожата . Тој е еден вид на гориво за развој на сите клетки во нашиот организам. Колку повеќе го има во клетките, тие се поактивни. Овозможува клеточен метаболизам. Снабдувањето на кожата со кислород е основен услов за настанувње на нови клетки на кожата. Тој ја стимулира синтезата на колаген и еластин , влијае во снабдување на хидратација, го подобрува имунитетот, ја јакне заштитата на кожата, го поттикнува исфрлањето на токсините и го подобрува дишењето на кожата. Во 30-те години од животот оксигенизацијата на кожата се намалува за 25% , додека во 50-те дури до 50%. Како резултат на сето тоа кожата манифестира несакани состојби .

Доколку имате: дехидрирана, уморна кожа , подочници, неизедначен тен, пигментации, намален праг на чуствителност, слаб тонус, се подлабоки и изразени црти и брчки Вие сте вистинскиот кандидат за овој третман со кислород.

Радиофрекфенција на лице и врат (и подбрадок)
Радиофренквенцијата е метод на длабинско загревање на кожата со помош на радиобранови. Затоплувањето предизвикува веднаш ефект на зацврстување каде колагенските влакна на кожата во третираната област се намалуваат. За тоа, фибробластите се стимулираат да произведуваат нов колаген.

Области на примена:

  • Зацврстување на кожа
  • Измазнување на мали линии/ брчки на лице, врат, деколте, горна и долна усна
  • Третман на лакримални вреќи
  • Зацврстување на долниот очен капак
  • Двојната брада
  • Контури на лице (на пример, виснати образи)
  • Тело: абдоминален ѕид, надлактица, локални депоа на масти (на пример. колковите, долниот дел на абдомен, бутовите, целулитот).

Кавитација 
Или ултразвучна кавитација - липосукција без операција. Брзиот развој во медицината и козметологијата придонесоа да се создаде овој производ чии резултати се незамисливи. Нехируршка липосукција е моќна алатка која гарантира резултати на безбеден, ефективен и траен начин.Ефектите се трајни и видливи уште при првиот третман. Овој фантастичен апарат трајно ги разградува мастите. Делува на: намалување на локализирани масни наслаги, целулитот и преголемата телесна тежина. Потребни се 4-6 третмани, а просечното губење во обем е од 6-10 см.

Радиофрекфенција на тело
Радиофренквенцијата е метод на длабинско загревање на кожата со помош на радиобранови. На периферијата на кожата се создава температура од 40 степени, додека во поткожното ниво температурата е до 60 степени. Нејзиното дејство е такво што ги користи ниските бранови од радиофренквенцијата од 3 КHz (килохерци) – 300 MHz (мегахерци), кои со ниска фреквенција овозможуваат одлични резултати.

Локалното загревање предизвикува моментална реакција на колагенските влакна и истовремено го забрзува метаболизамот на фибропластите со што се забрзува произведувањето на нови колагенски и еластински влакна. Притоа се создава мазна и здрава кожа, која изгледа помладо. Овој метод е неинванзивен, безбеден и едноставен за работа. Потребни се од 5 до 8 третмани за максимални резултати.

Липоласер

Липо ласерот е најнов метод на слабеење со систем на ласерска терапија. Составен од специјално дизајнирани мулти-диоди со 76 ласерски ладни црвени зраци, истиот е неинвазивен и безболен третман за слабеење и затегнување на кожа. Како резултат на ласерската енергија која ја емитува, ткивото се затоплува и ја подобрува микро-циркулацијата, а со тоа се намалува појавата на целулит. Ласерската терапија со ниско ниво на кохерентна ласерска светлина продира во кожата и придонесува за разложување на мастите кои потоа организмот ги исфрла по пат на липолиза. Со овој третман ефикасно се отстранува вишокот на масти без негативни и несакани ефекти. Со помош на истиот се ослободува мобилната содржина на масти од клетките.

Криолиполиза
Криолиполизата е најсовремена и високо ефективна метода за трајно отстранување на депонирани масни наслаги. Криолиполизата е неинвазивен и безбеден метод без несакани ефекти. Постапката е безболна и сосем безбедена. Третманот е еден од најефикасните методи за елиминирање на масти дури до 25% за само еден третман. Резултатите се мазна и затегната кожа. Криолиполизата не ги отстранува телесните течности кои му се потребни на организмот, туку единствено вишокот на масти во пределот на стомакот, половината, грбот и бутините.

LPG третман
ЛПЏ технологија е современа и неризична метода во обликување на телото. Делува на структурата на кожата во комбинација со тродимензионална кружна масажа со ролери под вакуум, се изградува ново врзувачко ткиво на кожата, а лимфната циркулација се зголемува до 200%, при што се исфрлаат токсините. Заменува 6 масажи наеднаш и се прилагодува за секого посебно. Третманот се работи на цело тело.Секој третман индивидуално се прилагодува на клиентот. Се намалува обемот, а овој третман резултира со мазна и затегната кожа, а што е најбитно – долго време ги одржува постигнатите резултати. Апаратот содржи специјална пост – породилна програма која помага кожата веднаш да се повлече и да се израмни стомакот, антицелулитна програма, програма за после липосукција , програма за затегнување на кожата, програма за лимфна дренажа, за локализирани маснотии и најново – програма за бразилски задник, подигање и обликување на задникот. Потребно е да се направат најмалку 10 третмани, а третманите се прават најмногу два пати неделно.

ЛПЏ делува брзо и квалитетно на сите форми на целулит:

  • збиен и влакнест целулит
  • стар и болен цеулит
  • мек целулит со големо задржување на вода
  • целулит што се создал за време на бременост

Шок бранови против целутит, стрии и опуштена кожа
Третман кој ги надмина сите досегашни антицелулитни третмани. Најдобар метод за елиминирање на сите типови на целулит. Третманот се изведува на сите регии: нозе, раце, стомак, а истиот се користи и за затегнување на кожа и намалување на стрии. Звучните бранови со висок интезитет можат прецизно да се фокусираат на проблематиката на избраната регија. Апаратот има вграден ултра звук кој прави електрична стимулација на кожата. Го намалува растот на болната сензација. Екстремниот метод на користење на комплет звучни бранови со висок интензитет е избран поради механичките акустични бранови на сила кои можат да се фокусираат на утврдената точка со параболичен рефлектор, без да се премине на останатото ткиво. Продорната длабочина може да достигне од 0 до 60мм. Третманот е многу удобен и пријатен за клиентот. Овој третман идеално се комбинира со третманите криолиполиза и кавитација. Комбинацијата на третмани двојно го зголемува конечниот резултат.

Шеќерна депилација
Природен, безбеден и ефективен третман за отсранување на несаканите влакна. 100% природно, 100% хигиенски, без поткожни влакна , без иритации и црвенила. Професионална Шеќерна депилација е безбедена, нежна и ефективна солуција за одстранување на влакна кај жени, мажи и деца. Напредната техника на Шеќерна депилација нуди многубројни неспоредливи и различни предности. Најбитната предност е многу фундаментална: со напредната техника и Шеќерната паста влакната се вадат во нивна природна насока на растење и тоа додека влакната сеуште се во раната фаза на растење со што се елиминира кинење, непотребна неудобност, иритација и појава на подраснати влакна, а во исто време одстранувајки ги мртвите клетки на кожата. Резултат: мазна прекрасна кожа, без неугодности кои ги предизвикуваат другите техники за одстранување на влакна

За компанијата

Центароот за убавина Афродита -С, успешно работи веке 25 години, а убавината е наша движечка сила и мотивација. Се наога на две локации во Скопје и брои 25 вработени. Оваа бројка постојано се менува и расте како и бројот на Нашите клиенти и услуги.

Тимот на „Aфродита-С“, секогаш ги почитува принципите на деловност и етика, врши континуирана едукација, ги следи најновите научни достигнувања. Се потрудивме овој центар за убавина, да ги задоволи стандардите на најдобрите салони во светските метрополи. Идејата ни беше да создадеме рај за Вашите сетила. Во центар за убавина, во малку поинтимна и луксузна атмосфера од досегашната, може да се ужива во сите услуги кои досега ги нудеше „Афродита-С“ надополнувајќи ги со уште неколку нови.

Во салоните на Афродита-С, може да се уживаат сите услуги:

  • Козметика на лице од класични до најсовремени третмани.
  • Козметика на тело: нега, масажи, депилации, слабеење, затегнување, и обликување на најсовремени професионални апарати
  • Лифтинг на лице, врат, раце и тело
  • Трајно остранување на влакна
  • Трајна шминка на очи, уста и веѓи со најнова метода на сенчање.
  • Јапонско исцртување на веѓи - микроблеидинг
  • Дневна и свечена шминка
  • Трајна депилација
  • Солариум - МегаСан
  • Нега на нокти и стапала
  • Сецијални велнес масажи
  • Најнова метода на наливни и продолжени нокти со дипинг метода.
  • Хијалурон пен/ Дерма пен/ Плазма пен / Микронидлинг / Фибробласт / ФиЈон / Јонска Плазма

* Центар за убавина „Афродита-С“ - Аеродром Бул. Јане Сандански 113-а Тел. 02/2448-014 и 2448-015

* Центар за убавина „Афродита-С“ - Водно ул. „Салвадоре Аљенде“ 79-1/11 Тел.02/3122-888 и 3122-889

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.