Проверете го вашето здравје! До 35% попуст на алерготестови и тестови за интолеранција по избор од Пзу Рамус

Цена од

1999 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

3050 ден.

Попуст

34%

Заштеда

1051 ден.

Преостанато време

Купени: 17

  • Методија Шаторов Шарло бр.25 Аеродром, Скопје

    Одведи ме таму

    02 2446 004, 070 236 296

    [email protected]

  • ул. Народен фронт бр.14 Капиштец

    Одведи ме таму

    02 5512 500, 078 208 053

    [email protected]

  • ул. Димо Гавровски Кара бр.3, Тетово

    Одведи ме таму

    044 360 640, 070 257 729

    [email protected]

  • Цано Поп Ристов бр. 1 Кавадарци, Македонија

    Одведи ме таму

    070224199

    [email protected]

Добивате

Опции на понудата:

Респираторен алергиски панел (20 алергени) + IgE + 5-Диференцијална крвна слика 3,050 ден. 1,999 ден.
Нутритивен алергиски панел (20 алергени) + IgE + 5-Диференцијална крвна слика 3,050 ден. 1,999 ден.
Молекуларен тест за докажување на генетска предиспозиција кон целијакија 4,000 ден. 2,799 ден.
Интолеранција за лактоза 2,000 ден. 1,299 ден.

*Повеќе за анализите прочитајте во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 20.03.2023 до 30.12.2023
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.

Опис

Лабораторија Рамус Ви нуди можност да направите респираторен или нутритивен алергиски панел со по 20 алергени и тоа по промотивна цена.

Алерго тестовите кои се прават со едноставно земање на крв, одредуваат присуство на IgE антитела на одреден алерген во организмот и денес се повеќе се применуваат и ги заменуваат традиционалните кожни тестови.
Предност на ваквиот начин на тестирање е:

  • едноставност
  • точност
  • не зависат од терапијата и состојба на кожата 
  • безбедни се за деца.

Молекуларен тест за докажување на генетска предиспозиција кон целијакија.

Целијакија е една од најчестите гастроинтестинални болести и се карактеризира со доживотна преосетливост или хиперсензитивност кон глутенските протеини кои ги има во пченица, 'рж, овес и јачмен. Целијакија не припаѓа во алергиски болести но се карактеризира со интолеранција на глиадинот од глутенот. Во раното детство имунолошката интолеранција на глиадин, доведува до хроничен инфламаторен одговор во слузокожата на тенкото црево и последователна малабсорпција карактеризирана со хронична дијареа и стеатореа. Многу од возрасните пациенти може исто така да покажат други нетипични знаци како што се абдоминална дистензија, губење на тежина, замор, проблеми со кожата и зглобовите или главоболка слична на мигрена. Всушност, некои особи во голема мера може да останат и асимптоматски. Нетретираната целијачна болест го зголемува ризикот за NHL (non-Hodgkin’s lymphoma) и веројатно рак на тенкото црево. Во лабораторија Рамус со оваа анализа се испитуваат различни алели од три гени на HLA-комплексот и тоа HLA-DQ2 (DQA1*05/DQB1*02), HLA-DQ8 (DQA1*0301/DQB1*0302) и HLA-DR4 (DRB1*04). HLA-DQ2 е експресиран кај поголем дел од пациентите со целијакија (>90%), доколку HLA-DQ8 кај околу 8%. Исклучувањето на присуството на овие алели е корисно за да се исклучи целијакија но сепак гени кои не припаѓаат на HLA-комплексот и одредени надворешни фактори се исто така инволвирани во оваа болест. HLA-DQ2 и DQ8 се гени кои се неопходни, но не и доволни за развој на целијакија.

*За испитувањето потребно е примерок од крв

Интолеранција за лактоза

Лактозна интолеранција е најчеста интолеранција на храна во светот и се јавува како резултат на недостаток или намалена активност на ензимот лактаза, која се наоѓа на површината на цревните микровили. Симптомите на лактозна интолеранција се дијареа, болки во стомакот, гасови и надуеност кои се појавуваат откако ќе се конзумира млеко или продукти кои содржат млеко. Во клиничките лаборатории, пациентите со лактозна интолеранција рутински се тестираат за присуство на два полиморфизми C-13910T и G-22018A кои се наоѓаат во MCM6 генот, кои што се асоцирани со генетски детерминирана лактозна интолеранција што доведува до намалена продукција на ензимот лактаза. Генотипизацијата на овие полиморфизми овозможува да се направи разлика помеѓу лактозна интолеранција предизвикана од генетски предиспозиции и таа предизвикана од секундарни ефекти. Во лабораторија Рамус имате можност да го испитувате полиморфизмот C-13910T асоциран со лактозна интолеранција.       

*За испитувањето потребно е примерок од крв        

 

За компанијата

ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА РАМУС започна со работа во Јануари 2019 година по превземање на Дијагностичка лабораторија ПЗУ Амедела основана на 01.06.2016 година од старна на Самостојна медицинско-дијагностички лабораторија-Рамус Софија, која во Република Бугарија работи од 2001 година, со над 750 вработени, повеќе од 20 лаборатории во поголемите градови, и над 150 пунктови за земање на материјали.

Нашата мисија е лабораторијата Рамус во Македонија да го претстави и донесе квалитетот од својата матична лабораторија од Република Бугарија, каде пациентите ќе можат да направат анализа на голем број на биомаркери со примена на најсовремени клинички лабораториски тестови за остварување на сеопфатна дијагностика во насока на унапредување на човековото здравје.

Во лабораторијата се вршат лабораториски испитувања на хематолошки статус, хемостаза, липиден статус, глуциден статус, ензимски статус, протеински статус, деградациони продукти, срцеви биомаркери, електорлитен статус, имунолошки статус и специфични анализи, уринарен статус, хормони, туморски маркери, коскени маркери, серолошки тестови за инфективни заболувања, алергии, мониторирање на лекови, скрининг за злоупотерба на дроги и алкохол , како и многу други високо специјализирани анализи кои се испраќаат во централната лабораторија во Софија.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.