Зимска релаксација во Банско (21.12.2017 - 20.03.2018)! 50% попуст на едно ноќевање со појадок и вечера + бесплатно користење на СПА центар во All Seasons Club Resort and Spa 4* во вредност од 2914 ден. (47 Eur) по цена од 1457 ден. (23.5 Eur)

Зимска релаксација во Банско (21.12.2017 - 20.03.2018)! 50% попуст на едно ноќевање со појадок и вечера + бесплатно користење на СПА центар во All Seasons Club Resort and Spa 4* во вредност од 2914 ден. (47 Eur) по цена од 1457 ден. (23.5 Eur)

Вредност

2,914 ден.

Попуст

50%

Заштеда

1,457 ден.

Преостанато време

ЛИМИТИРАНА КОЛИЧИНА

Купени : 220

  • Chetiri Sezona, St Ivan Bansko, Bulgaria (България), 2770

  • +359 899 351 610

  • info@allseasonsclub.com

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 19:00 Саб-Нед: 09:00 - 19:00

Добивате

Понудата е по лице и истата вклучува:

  • 1 ноќевање во двокреветна соба
  • Појадок и вечера
  • Бесплатно користење на СПА центарот (внатрешен базен со минерална вода (32C), сауна, парна бања)
  • Бесплатен Wi-Fi интернет
  • Бесплатен надворешен паркинг со обезбедување
  • Бесплатно користење на подземна гаража
  • 20% попуст на сите масажи, терапии и СПА и козметички третмани (класични, релаксациони и антистрес масажи, акупресура, пилинг на лице и тело, чоколадна, медена и антицелулитна терапија и др.)

  * Понудата не важи за термин 23.12.2017 - 06.01.2018


Услови

  • Купонот може да се искористи од 21.12.2017 до 20.03.2018 и од 09.01.2018 до 20.03.2018
  • Пред купување на ваучерот задолжително проверете дали има слободни места во хотелот за посакуваните дати на телефон или e-mail.
  • По купувањето на купонот потребно е истиот да го препратите на e-mail адресата од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата. 
  • Хотелот можете да го контактирате телефонски од 09 до 19 часот или преку е-маил 24/7
  • Потребно е да престојувате минимум 4 ноќевања, односно да купите минимум 4 купони
  • За деца до 3,99 години е бесплатно на база ноќевање со појадок и вечера.
  • За дете од 4 - 8 години на дополнително легло се доплаќа 8 EUR за ноќевање со појадок и вечера.
  • За дете од 9 -12 години на дополнително легло се доплаќа 11 EUR за ноќевање со појадок и вечера.
  • За дете од 13 -17 години на дополнително легло се доплаќа 13 EUR за ноќевање со појадок и вечера.
  • За трето и четврто возрасно лице над 17 години на дополнително легло се доплаќа 17 EUR за ноќевање со појадок и вечера
  • За четиричлено семејство кое престојува заедно, сместувањето е во двокреветна соба или во апартман без дополнителна доплата (потребно е само купување на купон и доплата за децата)
  • Апартманот е опремен со една спална соба, просторна дневна соба со чајна кујна, спална со двојна софа со можност за дополнителен кревет. Собите се со одделни врати.
  • За самостојно сместување во двокреветна соба потребна е доплата од 15 EUR
  • За дополнително ноќевање потребно е да направите доплата од 23 EUR по лице
  • Доплата за сместување во апартман со една спална (за двајца возрасни) - 8 EUR по лице на ден
  • За надградба од двокреветна соба во студио, потребна е да направите доплата од 5 EUR по лице
  • За надградба од двокреветна соба во апартман, потребно е да направите доплата од 10 EUR по лице
  • Сите доплати се прават на рецепцијата на хотелот.
  • Превозот не е вклучен во понудата. 
  • Потребно е да го приложите отпечатен ваучерот при пристигнувањето во хотелот. 
  • Доколку не го искористите ваучерот најдоцна до 20.03.2018 истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат.

Опис

Ако сакате да побегнете од секојдневните обврски и да се одморите на чист воздух и тоа во одличен амбиент, хотелот All Seasons Club**** е вистинското место за вас, за незаборавен одмор.

All Seasons Club е елегантен модерен хотел кој ви нуди прекрасен панорамски поглед од сите соби. Хотелот располага со просторни студија, еднособни и двособни апартмани кои се опремени со мини кујна и купатило. Гостите можат да ја користат опуштената атмосфера на хотелскиот ресторан кој нуди добро избрани интернационални јадења, приготвени само со свежи состојки. Во лоби барот може да се опуштите со кафе или алкохолен пијалок додека слушате пријатна музика или гледате спортски натпревари со вашите пријатели.

Уживајте во внатрешниот базен со минерална вода (30℃) или релаксирајте се во Де лукс СПА центарот каде нашиот професионален персонал нуди голем број на различни видови масажи, вклучувајќи класична масажа, ориентална терапија и анти-целулитни третмани специјално дизајнирани за вашите лични потреби.

Хотелот исто така располага со конференциска сала како и соба со игри каде што гостите можат да уживаат во партија билијард, пикадо, шах или карти. Сите гости можат да користат надворешен и внатрешен паркинг, Wi-Fi интернет, сауна и парна бања и превоз до гондолата. Дополнително, достапно е собна послуга, мини бар и опрема за изнајмување ски и сноуборд опрема.

Двокреветна соба (25 m2) располага со 2 единечни кревети или брачен кревет, како и софа на пуштање, купатило со туш или када и тоалет, централно греење. Дополнително во собата -  LED телевизор со сателитска ТВ, бесплатен интернет, телефон, фрижидер, електричен бокал, собна услуга. Максимален капацитет 2+2 лица.

Студиото (35 m2) располага со 2 единечни кревети или брачен кревет, како и софа на пуштање, чајна кујна, луксузно купатило со туш кабина или када и тоалет, централно греење. Дополнително во студиото - LED телевизор со сателитска ТВ, бесплатен интернет, телефон, фрижидер, електричен бокал, тостер, трпезариска маса за 4 лица, собна услуга. Максимален капацитет 2+2 лица.

Апартман (55 m2) со една спална располага со две простории, спална соба со брачен кревет, пространа дневна со софа која се отвора по потреба, чајна кујна, бања со туш кабина или када, централно греење. Дополнително во апартманот добивате - LED телевизор со сателитска ТВ, бесплатен интернет, телефон, трпезариска маса за 4 лица, кафе-масичка, фрижидер, електричен бокал, тостер, собна услуга. Максимален капацитет 2+3 лица.

 

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ