11 ја следат оваа компанија


РУСКИОТ БАЛЗАМ МАСАЖЕР 200ML

435 ден.

Шифра:

ESSN-64

Опис

Ruski балзам масажер е производ формулиран врз база на капсаицин, изолиран од плодот на лута пиперка, која покажува локално антиинфламаторно дејство. На местото на нанесување, ја подобрува циркулацијата што доведува до зголемување на локалниот проток на крвта предизвикувајќи пријатно чувство на загревање. Ruski балзам масажер се користат за ублажување на мускулно-скелетните болки, напнатоста и вкочанетоста на зглобовите, проследени со отоци. Помага кај остеоартрозата, спортските повреди, грчеви на мускулите, вкочанет врат и болки во грбот (лумбален синдром). Поради долготрајниот топлотен ефект, помага кај сите ревматични заболувања кои се посебно изразени во поладниот дел од годината. Масажата дополнително ја подобрува стимулацијата на рецепторите, а со самото тоа ја подобрува и прокрвавеноста на ткивото и ја забрзува елиминацијата на токсичните производи од мускулите и околното ткиво. Затоа посебно се препорачува примената на Ruski балзам со масажер, бидејќи со загревање на болното место во комбинација со локална масажа, се постигнува потенцијација на дејствата на капсаицинот, но и позитивно влијае на мускулниот тонус на воспалената регија и ја стимулира миорелаксацијата.

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна достава за нарачки над 1000 денари 
  • За нарачки под 1000 денари се доплаќа 150 денари
  • Време потребно за достава: 2-4 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 072 253 688; 02 2 445 935
  • Види ја продавницата на "Ani Farm" овде
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локацијата на "Anni Farm" во Т.Ц Капитол
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

За нас

Аптеки ДНА АННИ ФАРМ постојат повеќе од 10 години на нашиот пазар, со мисија за хумана и професионална услуга на своите клиенти и пациенти. Лоцирани на 2 локации во Скопје:
- ДНА Анни Фарм Хром - ул. Исаија Маџовски бр. 44
- ДНА Анни Фарм Аеродром - Капитол Мол приземје

Работиме на усовршување на своите знаења и воведување на светските аптекарски стандарди, ДНА АННИ ФАРМ - Бети Аптека е напредна програма за соработка базирана на искуствата на локалните традиции и најсовремените трендови во развојот на аптекарската практика. Општата цел кон која се стремиме е аптека целосно ориентирана кон клиентот и неговите потреби.

Цел

Да помогнеме искрено и со целото наше знаење и професионалност во правиот избор на производ потребен за нашиот клиент.
Подобро да спречиш, а не да лечиш.

Визија

Здрави, ведри и задоволни клиенти од професионалната услуга на тимот на ДНА Анни Фарм.

Мисија

Будење на свеста дека превенцијата на нашето здравје е најдобрата инвестиција во нашиот живот.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.