11 ја следат оваа компанија


BIOXSINE ДЕРМАГЕН ФОРТЕ шампон 300ml

480 ден.

Шифра:

BXSN-7

Опис

Биоксин линија за ефективна борба против сите проблеми со косата!Линијата Биоксин се состои од три типа билни шампони и кондензиран серум во ампули. Таа е создадена за луѓе кои страдаат од губење на косата. Благодарение на формулата BIOCOMPLEX Б11 содржана во шампонот, се постигнуваат видливи резултати кои се клинички докажани.BIOCOMPLEX – единствена билна мешавина направена во лабораторија со флора и фауна. Спроведените клинички испитувања ја потврдуваат високата ефикасност на препаратите на Биоксин. Со истовремена употреба на шампон и серум од Биоксин се спречило губење на косата кај 90% од испитаниците, а кај 80% од испитаниците се зголемила густината на коса.Но, зошто навистина ја губиме косата?Човечката коса има животен циклус кој вклучува три различни фази. Првата и најдолгата од нив е т.н. “Anagen”, односно фаза на раст на косата. Во просек, тоа трае 3-5 години. Во оваа фаза може да се појави проблем со губење на косата, како резултат на зголеменото производство на хормони во нашето тело. Тестостеронот е виновник овде. Кога овој хормон е комбиниран со ензимот 5 алфа R1, нашата коса може да биде во сериозна неволја. DHT (дихидротестостерон) т.е активната форма на тестостерон е одговорна за процесите на ќелавост. Таа испраќа “информација” дека косата го завршила својот животен циклус, со што фоликулата на косата се намалува, и косата опаѓа.Природата и науката ќе ни помогнат да ја спасиме косата!BIOCOMPLEX B11, благодарение на супстанциите што ги содржи, делува директно на ензимот 5 алфа R1, блокирајќи ја врската со тестостеронот. На овој начин, косата го продолжува својот живот и подолго останува во Анагена фаза.Друга важна фаза од гледна точка на густината на нашата коса е т.н. “Telogen”, или фаза на одмор на фоликулите на косата. Со соодветно стимулирање во оваа фаза, можеме да го скратиме времето на чекање за нова коса од неколку месеци до неколку недели. За тоа е задолжен Biocomlex B11.Добро е да се знае дека не сите влакна на главата се во иста фаза во исто време. По само неколку месеци од користењето на Bioxsine, се постигнува ефективно скратување на Телогената фаза и пролонгирање на Анагената фаза.Biocomplex Б11 содржи додатоци за нашата коса како цинк, магнезиум, калиум, калциум, железо, флавоноиди, линолова киселина, олеинска киселина и бета-ситостерол.Загарантирана ефективност!Ефективноста на препаратите Bioxsine е потврдена од страна на независни тестови спроведени од страна на Dermatest Medical Reaserch компанија во Германија и со истражување спроведено на Катедрата за биохемија и фармакологија при Универзитетот во Павија. Дури 70% од луѓето кои користеле шампон во период од најмалку два месеци забележале значително намалување на опаѓањето на косата и 40% зголемен раст на косата. Понатаму, дури 93% од луѓето кои го користеле биоксин серумот за половина година забележале значителна инхибиција на процесот на губење на косата.

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна достава за нарачки над 3000 денари 
  • За нарачки под 3000 денари се доплаќа 150 денари
  • Време потребно за достава: 2-4 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 072 253 688; 02 2 445 935
  • Види ја продавницата на "Ani Farm" овде
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локацијата на "Anni Farm" во Т.Ц Капитол
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

За нас

Аптеки ДНА АННИ ФАРМ постојат повеќе од 10 години на нашиот пазар, со мисија за хумана и професионална услуга на своите клиенти и пациенти. Лоцирани на 2 локации во Скопје:
- ДНА Анни Фарм Хром - ул. Исаија Маџовски бр. 44
- ДНА Анни Фарм Аеродром - Капитол Мол приземје

Работиме на усовршување на своите знаења и воведување на светските аптекарски стандарди, ДНА АННИ ФАРМ - Бети Аптека е напредна програма за соработка базирана на искуствата на локалните традиции и најсовремените трендови во развојот на аптекарската практика. Општата цел кон која се стремиме е аптека целосно ориентирана кон клиентот и неговите потреби.

Цел

Да помогнеме искрено и со целото наше знаење и професионалност во правиот избор на производ потребен за нашиот клиент.
Подобро да спречиш, а не да лечиш.

Визија

Здрави, ведри и задоволни клиенти од професионалната услуга на тимот на ДНА Анни Фарм.

Мисија

Будење на свеста дека превенцијата на нашето здравје е најдобрата инвестиција во нашиот живот.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.