11 ја следат оваа компанија


BOROLA INSADENT SOLU/30 капсули

428 ден.

Шифра:

BRLA-17

Опис

Што претставува Insadent ? Стоматолошко средство со благопријатен ефект врз пародонтот. Што содржи Insadent Solucaps ? Висококвалитетен стандардизиран екстракт од десапонифицирана фракција на Zea Mays (пченкарна коса ) 30mg и фолна киселина 200 mcg. Активните состојки на Zea mays претставуваат природна смеса од фитостероли 60-70%,антиоксианси од кои 10-20% се токофероли, хидрокарбонати 5-8% иматерии со естрогено и гонадотропно дејство. Процесот на стандардизација гарантира чистота и ефективност на секоја капсула. Зошто Insadent е толку посебен ? Insadent solucaps се разликува од другите препарати по количеството на состојките, фармацевтската форма и технологијата на производство. Активните состојки се наоѓаат во поефективна масно-растворлива форма. Solucaps (течни капсули) е трговска марка на фирмата БОРОЛА. Таа форма дозволува брзо и целосно усвојување на активните состојки и осигурува по моќно дејство. Како дејствува Insadent solucaps врз гингивите ? Активните состојки на производот покажуваат дополнителен и комплексен фармакодинамичен ефект со против воспалително и регенеративно дејство врз сврзното ткиво и епителот во усната шуплина, помага при ресорпција на алвеоларната коска, помага при продукцијата на плунка и намалување на нејзината вискозност. Кога да користиме Insadent solucaps ? При воспаление на гингивите и пародонтот (гингивит и пародонтоза ); за отстранување на лош здив од устата и при секундарна ксеростомија (сувост во устата) од медикаментозно потекло. Како да го користиме Insadent solucaps ? При гингивит и пародонтоза Insadent solucaps се зема по 1 течна капсула 2 пати дневно во период од 3 месеци.Ако има потреба земањето може да продолжи уште 3 месеци, а за другите состојби производот се зема од 1 до 2 капсули дневно. Insadent solucaps треба да се зема непосредно пред јадење. Следете ги упатствата на вашиот стоматолог. Има ли ограничување за прием на Insadent ? Insadent не се препорачува кај мали деца. Дали има взаемно дејство со лекови и друго ? Не се забележани взаемни дејства со лекови и други форми. Има ли несакани ефекти ? Insadent е природен производ, кој практично не е штетен. Не се забележани несакани ефекти дури и при подолготрајна употреба. Какви се научните докази во поткрепа на Insadent ? Состојките на Insadent се проучени по однос на ефективноста и безопасноста при гингивит и пародонтоза. Клиничките и лабораториските докази ни покажуваат дека Insadent е ефикасен при гингивит и пародонтоза. Тој помага со против воспалително и регенеративно дејство врз сврзното ткиво и епителот во усната празнина; помага за намалување на наслагите; го помага запирањето на ресорпцијата на алвеоларната коска преку стимулирање на остеоцитите; помага против разнишувањето на забите и покажува благопријатен ефект врз кардиоваскуларниот систем.

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна достава за нарачки над 3000 денари 
  • За нарачки под 3000 денари се доплаќа 150 денари
  • Време потребно за достава: 2-4 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 072 253 688; 02 2 445 935
  • Види ја продавницата на "Ani Farm" овде
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локацијата на "Anni Farm" во Т.Ц Капитол
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

За нас

Аптеки ДНА АННИ ФАРМ постојат повеќе од 10 години на нашиот пазар, со мисија за хумана и професионална услуга на своите клиенти и пациенти. Лоцирани на 2 локации во Скопје:
- ДНА Анни Фарм Хром - ул. Исаија Маџовски бр. 44
- ДНА Анни Фарм Аеродром - Капитол Мол приземје

Работиме на усовршување на своите знаења и воведување на светските аптекарски стандарди, ДНА АННИ ФАРМ - Бети Аптека е напредна програма за соработка базирана на искуствата на локалните традиции и најсовремените трендови во развојот на аптекарската практика. Општата цел кон која се стремиме е аптека целосно ориентирана кон клиентот и неговите потреби.

Цел

Да помогнеме искрено и со целото наше знаење и професионалност во правиот избор на производ потребен за нашиот клиент.
Подобро да спречиш, а не да лечиш.

Визија

Здрави, ведри и задоволни клиенти од професионалната услуга на тимот на ДНА Анни Фарм.

Мисија

Будење на свеста дека превенцијата на нашето здравје е најдобрата инвестиција во нашиот живот.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.