11 ја следат оваа компанија


NL Ai-LIPOROL - 20 caps

390 ден.

Шифра:

DMTZ-19

Опис

Во студиите на Yamamoto секогаш се бираат најдобрите сирови материјали на пазарот секој пат кога се лансира продукт. Уште еден пример е Ai-LIPOROL®, моќниот термогеник од новата генерација. Револуционерноста која овој продукт ја носи на пазарот произлегува од вметнувањето на нови ефективни и активни елементи кои најдобро ја промовираат термогенезата и мобилизацијата на акумулираните масти без непотребните и штетни стимуланси. Примарната цел е согорување на мастите а не оштетување на надбубрежните жлезди кои може да доведат до нарушувања на метаболизмот. Што го прави толку ефикасен? Ефикасен го прави синергијата на елементите, и некои новости од научниот фронт.Ai-LIPOROL® мултитаск сила од активни состојки кои го фаворизираат одстранувањето на акумулираните масти.Guinea Pepper или “Рајски Зрна”, се семиња од растенија користени во Африка како здрав зачин со лута арома, од кои студиите се во тек со цел да го продлабочиме нашето знаење за неговите ефекти врз метаболизмот. Истражувањата (на луѓе) демонстрираат значително зголемување на термогенезата благодарение на нивната способност да го трансформираат белото масно ткиво во кафено масно ткиво (BAT). Белото масно ткиво е непријател на прекумерната тежина, или на било кој што сака да изгуби вишок на килограми, затоа што наместо да се складираат вишокот на липиди во адипоцитите го стимулираат нивното согорување преку “дисперзија на топлина”. Напросто, кафеното масно ткиво го согорува вишокот на масти за да произведе топлина, а “Рајските Зрна” се одличен активатор на термогениот систем.Capsaicin, типичниот алкалоид познат по “лутината” кој се наоѓа во чилито, кој има добро документирани својства за зголемување на термогенезата, мобилизирање на масните киселини, дури и спречување на нивната акумулација. Слично на “Рајските Зрна”, капсаицинот го овозможува активирањето на кафените масни ткива.Капсаицинот и другите капсациноиди се потентни агонисти на TRV1 рецепторите и со тоа можат дополнително да ги активираат кафените масни ткива, овозможувајќи согорување на вишокот масти како топлина. Згора на тоа, овие молекули предизвикуваат активација на симпатичниот нервен систем кој преку ослободување на норадреналин , има стимулирачки ефект врз активноста на кафеното масно ткиво.Зелено кафе, благодарение на ефектите на хлорогената киселина, интервенира во варењето на храната, ја редуцира количината на јаглехидрати асимилирани преку цревата, и го лимитира внесот на калории од секој оброк , го спречува ослободувањето на шекерот во крвта од црниот дроб, со што ја стабилизира глицемијата, го доведува телото да ги користи мастите како енергија, намалувајќи го феноменот на гликогенолиза на црниот дроб, преку инхибиција на ензимот гликоза-6-фосфатаза.Глукоманнан се диететски влакна растворливи во вода извлечени од растението konjac. Истражувањата покажуваат дека неговата употреба допринесува за зголемување на чувството за ситост, го намалува шекерот во крвта и исто така го намалува холестеролот и телесната тежина. Кога Глукоманнанот ќе се помеша со вода тој станува обемен како гел и е способен да го зголеми својот волумен до 17 пати од својата оригинална големина.Покрај тоа, Глукоманнанот помага во диетата за губење на вишок килограми со тоа што во стомакот и цревата ги апсорбира мастите, овозможувајќи побрзо да поминат низ телото.Зелен чај: кој содржи неколку моќни антиоксиданси, вклучувајќи епигалокатехин галат или EGCG. Овој елемент во комбинација со кофеин кој исто така го содржи зелениот чај, има силна способност за стимулирање на метаболизмот и да го забрза топењето на масти преку термогенезата.Покрај тоа, катехинските полифеноли кои се наоѓаат во зелениот чај, ги стимулираат мускулите и црниот дроб да користат повеќе масни киселини. Зелениот чај е богат со теофилин и теобромин, две состојки кои промовираат диуреза. Благодарение на катехинот, кој го инхибира транспортот на гликозата во масните ткива, зголемувањето на нивоата на шекер во крвта е умерено. Кога инсулинот е стабилен, чувството за глад е уште помало, со што се намалува потребата за јадење на брза и високо калорична храна. Теобромин (Какао), состојка која се наоѓа во црно чоколадо, е ксантин сличен на кофеинот кој го стимулира централниот нервен систем но не толку “агресивно”. Високо ергогена субстанца со пролонгирани ефекти кои помагаат при наглиот пад на енергија од кофеинот, но и не се доаѓа до толернација по извесна употреба како со кофеинот.Горчлив портокал (Citrus aurantum): цитрон со добро познати својства на термогена активност, кој има посебен состав од екстракти (синеприн, Н-метилтирамин, хорденин, октопамин, тирамин), со способност да го стимулира метаболизмот, овозможува користење на мастите од црниот дроб и масните ткива да продуцираат топлина и трошење на енергија.

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна достава за нарачки над 3000 денари 
  • За нарачки под 3000 денари се доплаќа 150 денари
  • Време потребно за достава: 2-4 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 072 253 688; 02 2 445 935
  • Види ја продавницата на "Ani Farm" овде
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локацијата на "Anni Farm" во Т.Ц Капитол
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

За нас

Аптеки ДНА АННИ ФАРМ постојат повеќе од 10 години на нашиот пазар, со мисија за хумана и професионална услуга на своите клиенти и пациенти. Лоцирани на 2 локации во Скопје:
- ДНА Анни Фарм Хром - ул. Исаија Маџовски бр. 44
- ДНА Анни Фарм Аеродром - Капитол Мол приземје

Работиме на усовршување на своите знаења и воведување на светските аптекарски стандарди, ДНА АННИ ФАРМ - Бети Аптека е напредна програма за соработка базирана на искуствата на локалните традиции и најсовремените трендови во развојот на аптекарската практика. Општата цел кон која се стремиме е аптека целосно ориентирана кон клиентот и неговите потреби.

Цел

Да помогнеме искрено и со целото наше знаење и професионалност во правиот избор на производ потребен за нашиот клиент.
Подобро да спречиш, а не да лечиш.

Визија

Здрави, ведри и задоволни клиенти од професионалната услуга на тимот на ДНА Анни Фарм.

Мисија

Будење на свеста дека превенцијата на нашето здравје е најдобрата инвестиција во нашиот живот.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.