11 ја следат оваа компанија


NL COLLAGEN LIQUID - 500 ml

990 ден.

Шифра:

DMTZ-57

Опис

Што претставува Pure Nutrition течниот колаген? Основната состојка на Pure Nutrition течниот колаген се биоактивните тип-1 и тип-3 колаген пептиди (како што е патентираниот и клинички тестиран Fortigel®). Колагенот е најзастапен протеин во човековото тело, кој е од голема важност за ‘рскавицата во зглобовите, кожата и мускулите. Всушност, колагенот сочинува 60% од тоталниот протеин во телото. Постојат повеќе типови на колаген во човековото тело, но тип-1 и тип-3 колагенот се од особена важност за интегритетот на ‘рскавицата и кожата како и другите свзни ткива. Со самото стареење по минување на нашите 20-ти години, нашите тела произведуваат значително помалку колаген. Истражувањата покажуваат дека на возраст од 40 години, повеќето луѓе произведуваат 25% помалку колаген од колку што им е потребно; и на возраст од 60 години таа бројка се искачува до 50%. Со самото тоа, како што старееме потребата за суплементација се зголемува. Дури и кај младите спортисти, суплементацијата со колаген останува клучен фактор за поддршка на зглобовите и мусклуната рекуперација. Pure Nutrition течниот колаген е: ● Богат со биоактивни колаген пептиди ● Одличен извор на тип-1 и тип-3 колаген ● Екстремно низок процент на масти, шеќер и јаглехидрати ● Вкусен и спремен за пиење ● Без аспартам и ацесулфам-К Придобивки од Pure Nutrition течниот колаген Постои растечки број на клинички докази кај млади лица, покажувајќи ја ефикасноста на Fortigel® во подобрување на интегритетот на зглобовите и ‘рскавицата, како и намалување на болката во зглобовите и зголемување на нивната еластичност. Всушност клиничките истражувања откриваат дека Fortigel® нуди нов пристап кон лечењето на остеоартритисот. Механизмите при кои тип-1 и тип-3 колагенот овозможува поддршка, се воглавно со намалување на проинфламаторните биомаркери и ублажување на акциите на другите фактори кои предизвикуваат болка во зглобовите. Fortigel® исто така помага во регенерацијата на молекулите кои се наоѓаат во тетивите и лигаментите, со што овозможуваат здрава контракција на мускулите и мобилност. Други придобивки од суплементацијата со колаген се подобрената функција на имуниот систем и неурогенезата. За индивидуалци со компромитирана функција на зглобовите или воспаленост и болка, Течниот Колаген обезбедува со биоактивни колаген пептиди, кои целат кон подобрување на интегритетот на зглобовите и здравјето на кожата преку неколку клучни механизми. Суплементацијата со колаген помага со различни начини, вклучувајќи: ● Ублажување на болки во зглобовите ● Поддршка на интегритетот на ‘рскавицата ● Помага за зголемена флексибилност на зглобовите ● Ги помага анти-воспалителните процеси во сврзните ткива

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна достава за нарачки над 1000 денари 
  • За нарачки под 1000 денари се доплаќа 150 денари
  • Време потребно за достава: 2-4 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 072 253 688; 02 2 445 935
  • Види ја продавницата на "Ani Farm" овде
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локацијата на "Anni Farm" во Т.Ц Капитол
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

За нас

Аптеки ДНА АННИ ФАРМ постојат повеќе од 10 години на нашиот пазар, со мисија за хумана и професионална услуга на своите клиенти и пациенти. Лоцирани на 2 локации во Скопје:
- ДНА Анни Фарм Хром - ул. Исаија Маџовски бр. 44
- ДНА Анни Фарм Аеродром - Капитол Мол приземје

Работиме на усовршување на своите знаења и воведување на светските аптекарски стандарди, ДНА АННИ ФАРМ - Бети Аптека е напредна програма за соработка базирана на искуствата на локалните традиции и најсовремените трендови во развојот на аптекарската практика. Општата цел кон која се стремиме е аптека целосно ориентирана кон клиентот и неговите потреби.

Цел

Да помогнеме искрено и со целото наше знаење и професионалност во правиот избор на производ потребен за нашиот клиент.
Подобро да спречиш, а не да лечиш.

Визија

Здрави, ведри и задоволни клиенти од професионалната услуга на тимот на ДНА Анни Фарм.

Мисија

Будење на свеста дека превенцијата на нашето здравје е најдобрата инвестиција во нашиот живот.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.