11 ја следат оваа компанија


img

- 12%

POLIVIT B/30 обложени таблети

110 ден.

97 ден.

Шифра:

HMFR-8

Опис

ПОЛИВИТ Б е граничен производ кој содржи комплекс на витамини од групата Б неопходни за нормално одржување на физиолошките и метаболни процеси во организмот. Витамините од групата Б поволно делуваат на функцијата на кожата и слузокожата, нервниот, кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем.
ПОЛИВИТ Б филм-обложените таблети придонесуваат:
• за ефикасноста на енергетскиот метаболизам, • ублажување на заморот и исцрпеноста, • во ефикасноста на процесот на еритропоеза, • во одржувањето на нормалните психолошки и ментални функции, • го намалуваат ризикот од оштетување на нервите, • го намалуваат ризикот за нутритивен дефицит предизвикан од различни фактори, • кај секојдневното консумирање на алкохол, • во ефикасноста на спортистите и рекреативците, како и виталност кај постарите лица.
АКТИВНИ СУПСТАНЦИИ:
Помошни супстанции: Лактоза, скроб, стабилизатор хидроксипропилметилцелулоза, талк, средства против згрутчување, силициум диоксид и магнезиум стеарат, полиетиленгликол 6000, стабилизатор поливинилпиролидон, бои Е 171, Е 110, Е 122, Е 151.
Граничниот производ POLIVIT B содржи лактоза. Доколку Вашиот лекар Ви има кажано дека имате болест на неподносливост на некои шеќери, пред да започнете со употребата на овој производ советувајте се со Вашиот лекар. Производот не е наменет за употреба кај трудници и доилки. Употреба на други медицински производи Не употребувајте POLIVIT B ако сте на терапија со леводопа. Ако истовремено употребувате трициклични антидепресиви, алфа-1 блокатори или сулфонамиди, треба да консултирате лекар. Производот содржи адитиви E 171, E 122 и E 151 кои можат да предизвикаат алергиска реакција. При употреба на многу високи дози на витамин Б1 (повеќе од 10 g) може да дојде до нарушување на вегетативниот нервен систем. Во случај на предозирање престанете со употребата на производот и обратете се кај Вашиот лекар. Доколку заборавите да го употребите POLIVIT B: Пропуштената доза пробајте да ја земете веднаш штом ќе се сетите. Меѓутоа, не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. На тој начин не би можеле да ја надоместите пропуштената доза туку само би се изложиле на опасност од предозирање. Како изгледа и што содржи пакувањето во граничниот производ POLIVIT B Филм-обложени таблети. 30 филм-обложени таблети во блистер пакување (2 x 15)/кутија.

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна достава за нарачки над 1000 денари 
  • За нарачки под 1000 денари се доплаќа 150 денари
  • Време потребно за достава: 2-4 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 072 253 688; 02 2 445 935
  • Види ја продавницата на "Ani Farm" овде
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локацијата на "Anni Farm" во Т.Ц Капитол
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

За нас

Аптеки ДНА АННИ ФАРМ постојат повеќе од 10 години на нашиот пазар, со мисија за хумана и професионална услуга на своите клиенти и пациенти. Лоцирани на 2 локации во Скопје:
- ДНА Анни Фарм Хром - ул. Исаија Маџовски бр. 44
- ДНА Анни Фарм Аеродром - Капитол Мол приземје

Работиме на усовршување на своите знаења и воведување на светските аптекарски стандарди, ДНА АННИ ФАРМ - Бети Аптека е напредна програма за соработка базирана на искуствата на локалните традиции и најсовремените трендови во развојот на аптекарската практика. Општата цел кон која се стремиме е аптека целосно ориентирана кон клиентот и неговите потреби.

Цел

Да помогнеме искрено и со целото наше знаење и професионалност во правиот избор на производ потребен за нашиот клиент.
Подобро да спречиш, а не да лечиш.

Визија

Здрави, ведри и задоволни клиенти од професионалната услуга на тимот на ДНА Анни Фарм.

Мисија

Будење на свеста дека превенцијата на нашето здравје е најдобрата инвестиција во нашиот живот.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.