Релаксација во Охрид (Јули и Август)! До 33% попуст на ноќевање во двокреветна соба за денови по избор во Апартмани Филип

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

700 ден.

Попуст

29%

Заштеда

200 ден.

Купени: 70

  • ВЕБ СТРАНА

  • FACEBOOK

  • INSTAGRAM

  • C. Коњско, Охрид

    Одведи ме таму

    070 212 285; 078 212 285

    konjsko1999@hotmail.com

Добивате

Опции на понудата:

Недела до четврток 750 ден. (12 еур)
500 ден. (8 еур)
Петок и сабота 750 ден. (12 еур)
590 ден. (10 еур)

Понудата е по лице и вклучува:

  • Ноќевање во двокреветна соба
  • Бесплатен паркинг и wi-fi

*Потребно е да престојувате минимум 2 ноќевања

*За резервации потребно е да ја контактирате компанијата на вибер на телефонските броеви 070 212 285; 078 212 285 

Услови

  • Купонот може да се искористи од 02.07.2019 до 31.08.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација!
  • За закуп на двокреветен апартман потребно е да купите 2 купони по ноќевање, односно да престојуваат две лица.
  • По купување на купонот потребно е истиот да го испратите на е-маил адреса од апартманите со цел да ја комплетирате резервацијата.
  • Потребно е да престојувате минимум 2 ноќевања
  • Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќедневен престој.
  • Превозот не е вклучен во понудата.

Опис

На само 6 километри од Охрид, во близина на плажите Гранит, Метропол, Белви и Конгресен центар, надвор од градскиот метеж ви го нудиме идеалното место за одмор. Во целосно реновирани и најмодерно опремени двокреветни апартмани со сопствена кујна и купатило апартманите Филип ќе ви помогнат да го најдете мирот и со прекрасниот поглед над Охридското езеро целосно ја одморите вашата душа и тело. Ве очекуваме!

Охрид

Градот Охрид е најпознат по своите средновековни тврдини, археолошки наоѓалишта, спомен-куќи, музеи и цркви. Наш предлог е да ги посетите едни од најпознатите: Самуиловата тврдина (X/XI век, Народен музеј - Куќите на Робевци и Христо Узунов, Музеј на словенската писменост (XVIII век), Антички амфитеатар, Спомен-куќата на Григор Прличев, Светиклиментовиот универзитет и археолошките наоѓалишта на Плаошник. Ах да, и да не го заборавиме фактот дека Охрид е домаќин на вкупно 365 цркви, по една за секој ден во годината. Доколку се уште не сте ги виделе овие безвременски градби, не двоумете се да ги посетите црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум, црквата Св. Јован Канео и многу други повеќе или помалку познати цркви во и околината на Охрид.

Не заборавајте да пробате охридско ѓомлезе и да пиете кафе во некој од кафиците покрај охридскиот кеј и да уживате во поглед кон езерото.

Охрид - градот на големиот број на цркви и манастири, градот познат како Балкански и Европски Ерусалим. Градот го краси најголемото природно езеро по кое го добил своето име, Охридско езеро кое воедно е и најдлабокот езеро на Балканот. Градот Охрид, наследник на стариот Лихнидос, постои повеќе од 2500 години. Уште од антички времиња, на просторот на градот Охрид достигнувањата на цивилизацијата се менувале, со подеми и падови. Градот Охрид го преживеал сето тоа и постои под истото име се до денес. Легендата кажува дека основач на античкиот град на овој простор вил Феникиецот Кадмо, кој основал династија заедно со античките Енхелени.

Како град заштитен под UNESCO, Охрид денес е збир на антички, старовековни градби, богата култура и автентична архитектура која е препознатлива за овој град. Неверојатните пејзажи и недопрената природа се уште една причина плус зошто Охрид станува најомилен град меѓу туристите. Планината Галичица и истоимениот национален парк ги нудат најдобрите патеки за планинарење и велосипедизам и незаборавниот поглед кон Охридското езеро. Интересен факт е што охридскиот бисер е вистински "дијамант" на Охрид. Тој не се прави од школки туку од крлушките на рибата плашица. Рецептот и начинот на изработка на охридските бисери доаѓа од руски војник кој занаетот го пренел само на едно семејство во Охрид.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.