40% попуст на аква аеробик за мажи и жени за сите возрасти од Royal Aqua во вредност од 1800 ден. по цена од 1080 ден.

Вредност

1800 ден.

Попуст

40%

Заштеда

720 ден.

Преостанато време

ЛИМИТИРАНА КОЛИЧИНА

Купени: 6

  • СЦ Борис Трајковски

    Одведи ме таму

    071 358 368

    royalaqua.mk@gmail.com

Добивате

 Аква аеробик за мажи и жени за сите возрасти

  • 8 тренинзи месечно (Вторник и Четврток 21-22ч)  цена: 1800 ден 1080 ден.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 13.04.2019 до 31.05.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Понудата е наменета за возрасни над 16 години
  • Задолжителна е резервација
  • Купонот важи само за нови членови
  • Купонот важи еден месец
  • Доколку ваучерот не се искористи во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани.

Опис

Пливачкиот клуб „Ројал аква“ одржува тренинзи за техники на пливање и тренинзи за спасувачи во базенот во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Тренинзите ги држата инструктори со меѓународно искуство кои на најлесен и најкреативен начин ќе ви помогнат да ги совладате сите техники на пливање, а исто така и совладување на техниките за спасување. Инструкторите се максимално посветени на секој ученик, и на лесен, креативен и најдобар начин ги пренесуваат своите знаења.

Тренинзите за најмалите се одржуваат по специјална програма која единствено пливачкиот клуб „Ројал аква“ ја применува. Покрај класичното изучување на техниките во пливање, тука се употребуваат најразлични реквизити и играчки со кои се анимираат децата а со тоа и полесно изучување на техниките. Оваа програма за првпат се употребува кај нас, и веќе запишаните деца имаат многу поголем напредок во совладување на техниките во споредба со класичниот тренинг.

„Ројал аква“ исто така се и прв пливачки клуб кој врши тренинзи за спасители со комплет опрема која им се дава на служење на учениците. Учениците се запознаваат со опасностите при пливање и капење и како да се справат со истите. Исто така по завршување на тренинзите за спасители, учениците се стекнуваат со право да полагаат за добивање на сертификат за спасители со која можат да работат во земјава и странство. Сите оние кои ќе се стекнат со овој сертификат, пливачкиот клуб „Ројал аква“ им помага во наоѓање на работа како спасители на некои од нашите базени во земјава.

Овој клуб држи и индивидуални часови за оние кои не сакаат да работат во групи, а исто така имаат и часови за лица со посебни потреби, проблеми со екстремитетите или некои болести на кои им треба максимално внимание и посветеност од страна на инструкторот. Запишете се во пливачкиот клуб „Ројал аква“ и лесно совладајте ги техниките во пливање или завршете го курсот за спасители а со тоа ќе добиете уште една гранка како можност за работа.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.