Уникатна масажа која релаксира, опушта и подмладува! До 54% попуст на аква масажа во времетраење од 15 или 20 минути во Aqua Massage

Цена од

160 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

350 ден.

Попуст

54%

Заштеда

190 ден.

Преостанато време

Купени: 171

  • Ул. Македонија Бр. 1, подружница 1 (до аптеката ЕУРОФАРМ) Скопје, Македонија

    Одведи ме таму

    02 551 4546

    aquamassage@eurofarm.com.mk

Добивате

Опции на понудата:

15-минутна аква масажа 350 ден. 160 ден.
20-минутна аква масажа 450 ден. 230 ден.

Купи зделка од Дестинација Македонија со Mastercard и доби бонус! Бонусот ќе ти биде автоматски префрлен во твојата Grouper торбичка. Дознај повеќе тука!

Услови

  • Купонот може да се искористи од 23.09.2019 до 30.10.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна претходна резервација на термин

Опис

Уникатна масажа со водни млазови, без капка вода на Вас!

Од 1988 година Aqua Massage International, водечкиот светски иноватор во хидротерапијата, револуционерната терапевтска моќ на водата ја преточува во делотворна аква масажа.

Аква масажата е плод на спојот на напредните компјутерски и инженерски технологии преточени во Aqua Massage XL-250, во чиишто благодети секојдневно уживаат по 20 000 луѓе во 90 земји во светот, а од неодамна и во Република Македонија.

Аква масажата претставува револуционерен автоматизиран систем за масажа со водни млазови на целото тело која помага за релаксација, намалување на стресот и нервната напнатост, ублажување на болката и воспаленијата, подобрување на циркулацијата, отстранување на отровите  од телото, зголемување на имунитетот, подобрување на концентрацијата и спиењето и за враќање на еланот и животната енергија.

Патот до среќата трае 15 минути, а почнува со соблекување на обувките но не и на облеката, преку легнување на удобниот кревет и затворање на капакот на Aqua Massage XL-250, за со допир на едно копче се разбуди моќта на делотворноста на водата. Следејќи ја линијата на телото масажерот ја формира и обликува издржливата и водоотпорна прекривка што заштитува од протекување на водата, но не и од нејзините терапевтски ефекти.

36 млаза на топла вода (30 степени Целзиусови) наизменично дејствуваат од средишниот кон надворешниот дел од телото од различни страни и под бројни агли, со контролиран притисок и прецизна пулсација, опфаќајќи го секој сантиметар од прстите на нозете, па се до вратот. Во текот на масажата рачниот контролер овозможува насочување и задржување на млазовите вода на определени чувствителни делови на телото за кои се потребни посебни третман и олабавување.

15 минути во Aqua Massage XL-250 заменуваат 45-минутна класична масажа, но времетраењето на аква масажата може да се зголеми на 20 или 30 минути со ефект на 60 или 90-минутна интензивна класична масажа. За одржување на идеална природна рамнотежа во телото се препорачуваат од една до две масажи неделно.

Aqua Massage XL-250 e  дизајниран за реализирање на сонот за совршена масажа, остварувајќи ги индивидуалните потреби на секој човек поединечно.

The Body Profile System го сегментира човечкото тело на 12 еднакви зони, од стапалата до вратот, на кои дејствуваат 36 млаза на топла вода.

Секоја зона има независни и прецизни определени програми, со контролиран притисок и динамика на пулсација на водата, во зависност од чувствителноста и потребата на третираните делови.

Системот овозможува креирање на 100 различни програми.

Аква масажата претставува брза, модерна, динамична маса за активни луѓе кои би издвоиле само неколку минути за релаксација и задоволство.

Барањата за интензивна и ефикасна масажа се отсликани и во модерниот и приспособлив дизајн на Aqua Massage XL-250 што овозможува висок комфор и гарантирано задоволство.

Одлики на аква масажата:

  • Нема масла
  • Нема соблекување
  • Нема директен контакт со непознати
  • Нема старосно ограничување
  • Нема закажување и долго чекање
  • Три-четири пати пократко времетраење од класична масажа
  • Делотворни и брзи ефекти
  • Прифатлива цена

 

 

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.