Секој викенд во Ноември посета на Острог! Tридневен аранжман од 1 ноќевање во Острошки манастир во Црна Гора + вклучен автобуски превоз од ТА Арбо Травел по цена од 1700 ден.

Преостанато време

  • Буњаковец, Партизански Одреди 21 A2/1 лок. 6

    Одведи ме таму

    (02) 3109-518, (02) 3127-728

    arbo@t-home.mk

Добивате

Tридневен аранжман од 1 ноќевање во Острошки манастир во Црна Гора

  • Патничко осигурување
  • Превоз со високотуристички автобус
  • Ноќевање во Горниот конак
  • Придружник за време на патувањето

Услови

  • Купонот може да се искористи од 02.11.2018 до 30.11.2018
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите ваучерот информирајте се во агенцијата за слободни места.
  • По купувањето на купонот задолжително испратете ги купоните на меил заедно со вашите информации 
  • Доколку не го искористите купонот на наведениот датум, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат
  • Во цената не е вклучено:
  • Ноќевање во Долниот конак 5 еур (се плаќа во конакот)
  • Превоз (по избор) со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1 еур за лице во правец
  • Туристичка такса во Црна Гора-1 еур

Опис

Манастир Острог

Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василиј Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василиј во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица. Сместување во Горниот Манастир во повеќекреветни простории со кревети на спрат, на чардак или во манастирскиот двор. Во манастирот се добива душек и ќебиња. Или можност за сместување во Долeн Манастир, кој поседува 29 повеќе креветни соби (8, 10 кревети во соба).

1 Ден (Петок)

Состанок со групата во 22:00 часот. Заминување кон Црна Гора во 22:30 часот (ноќно возење). Се патува преку Косово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 Ден (Сабота)

Пристигнувањето во манастирот Свети Василиј Острошки и сместување по желба на патниците во Горниот или Долниот конак. Факултативен разглед на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во 1712 година. По желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.

3 Ден (Недела)

Факултативно – во недела наутро присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06:00 до 07:30. По завршувањето на Литургијата спуштање до Долниот конак. Тргнување кон Скопје. Попатна пауза во трговскиот центар Делта во Подгорица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.