8ми Март во Прага, Виена, Дрезден и Будимпешта (06.03-11.03.2019)! 50% попуст на три ноќевања со појадок во хотел со 3* во Прага + вклучен автобуски превоз со Т.А. АС Транс во вредност од 13 998 ден. по цена од 6999 ден.

Вредност

13998 ден.

Попуст

50%

Заштеда

6999 ден.

Купени: 4

  • Дрво Декор, Скопје

    Одведи ме таму

    071 380 777; 075 444 460

    info@astrans.mk

  • Градски Трговски Центар, 1 кат (веднаш над Casino Senator)

    Одведи ме таму

    071 380 777; 075 444 460

    info@astrans.mk

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3 * во Прага
  • Превоз со високотуристички автобус
  • Организиран разглед на Прага
  • Организиран разглед на Виена
  • Професионален туристички придружник

*Сигурна реализација!

Услови

  • Купонот може да се искористи од 06.03.2019 до 11.03.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна резервација по купување на купонот
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во ТА Ас Транс за да се информирате за слободни места и да направите резервација
  • По купување на купонот потребно е да ја посетите ТА Ас Транс за да потпишете договор за патување
  • За сместување во single room потребна е доплата во агенцијата
  • Едно лице може да купи повеќе купони
  • Превозот е вклучен во понудата
  • Вклучен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес и Куманово
  • Важат општите услови на СКТМ и ТА Ас Транс
  • Поаѓање на 07.03.2018 во 14:30 часот пред Дрво декор
  • Во цената не е вклучено:
  • Факултативен излет за Карлови Вари - 20 еур.
  • Факултативен излет за Дрезден – 20 еур.
  • Крстарење по реката Влтава + Пивница = 15 еур.
  • Задолжително патничко осигурување(доплата во агенција) - 5 еур.
  • Факултативните излети не се задолжителни
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 45 патници ,во случај да нема доволен број патници агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето најдоцна 3 дена пред патувањето. Програмата е составен дел на договорот.
  • Доколку ваучерот не се искористи во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани

Опис

1. ДЕН. 06.03.2019 – СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата во 14.30 часот на „Дрводекор“, паркингот спроти хотелот Холидеј ин. Поаѓање за Прага во 15:00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија и Унгарија со попатни паузи и царински формалности.

2. ДЕН. 07.03.2019 – ПРАГА

Пристигнување во Прага во претпладневните часови. Разглед на Стариот град : Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито... Сместување во хотел. Во вечерните часови можност за крстарење по реката Влтава. Враќање во хотел. Ноќевање.

3. ДЕН. 08.03.2019 – ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. По појадокот полудневен факултативен излет за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Враќање во центарот на Прага,слободно време за индивидуални прошетки и шопинг низ преубавиот центар на Прага. Во договореното време враќање во хотел. Во вечерните часови посета на пивница и дискотека. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

4. ДЕН. 09.03.2019 – ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок. Предлагаме целодневен факултативен излет за Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Враќање во Прага во вечерните часови. Ноќевање.

5. ДЕН. 10.03.2019 – ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и поаѓање за Виена, попатна посета на Виена, разглед на градот, Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, гратската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, зимскиот дворец Хофбург... потоа слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Скопје во предвечерните часови, ноќно возење преку Унгарија и Србија .

6. ДЕН 11.03.2019 – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.