Поколоничко патување во Атина, Егина, Малеви и Вастас (20.10–23.10.2017)! Четиридневен аранжман од 2 ноќевања со појадок + вклучен автобуски превоз по цена од 7200 ден. (116 еур)

Цена: 7200 ден .

Поколоничко патување во Атина, Егина, Малеви и Вастас (20.10–23.10.2017)! Четиридневен аранжман од 2 ноќевања со појадок + вклучен автобуски превоз по цена од 7200 ден. (116 еур)

Преостанато време

  • ул. Лермонтова 3/6, Скопје (позади Италијанска амбасада) 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • support@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Петдневен аранжман за Атина од 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* за термин 20.10–23.10.2017

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Превоз со траект на релација: Пиреа - Егина - Пиреа
  • Сместување во хотели во Аг. Марина на Егина и во Триполи
  • Организирани посети според програмата, во придружба на духовно лице (теолог или вероучител)
  • Групно патничко и туристичко осигурување
  • Туристички придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

Услови

  • Купонот може да се искористи од 20.10.2017 до 23.10.2017
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување.
  • Во цената не е вклучено:
  • Индивидуално патничко осигурување (информации при уплата во агенцијата)
  • Евентуални влезници за музеи и културно историски споменици (каде што е потребно)
  • Неспоменати индивидуални трошоци за време на посетите, произлезени од лични потреби.
  • Доколку не го искористите купонот во рамките на периодот истиот пропаѓа и средствата не можат да се рефундираат.

Опис

ПРОГРАМА:

20 октомври (петок) СКОПЈЕ - БИТОЛА - АТИНА        
Состанок на групата во 17.00 часот на паркингот пред хотелот “Holiday inn” во Скопје и заминување за Битола. Средба со останатите патници во 19.30 ч. на автобуската станица во Битола. Продолжување на патувањето кон Грција во 20.00 часот преку граничниот премин Меџитлија-Ники. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори.

21 октомври (сабота) АТИНА - ПИРЕА - ЕГИНА
Утрото посета на манастирот Свето Преображение, кој што почнал да го гради свети Порфириј Кавсокаливит, во Милесија, во близина на Атина. Во заминување кон Пиреа, посета на црквата посветена на Пресвета Троица. Околу пладне (12:30), испловување со траект кон островото Егина во Сароничкиот залив. По пристигнувањето, сместување во хотел во местото Агиа Марина. Во попладневните часови, посета на манастирот посветен на Свети Нектарие Егински и присуство на вечерната богослужба. Враќање во хотел. Ноќевање.

                               
22 октомври (недела) ЕГИНА - КОРИНТ - МАЛЕВИ
Појадок. Во утринските часови, присуство на Светата Божествена Литургија и поклонение на моштите на Свети Нектарие Егински. Разглед на целиот манастирски комплекс: гробот, неговиот дневен престој, неговите ракотворби, како и иконата на Пресвета Богородица пред која ја испеал и најубавата химна на Пресветата - “Света Дево владичице, нескверна Богородице, радујсја невесто неневесна...’' Попладне (14:15), заминување со траект кон Пиреа и продолжување на патувањето кон Триполи на Пелопонез. Сместување во хотел во Триполи. Ноќевање.

                               
23 октомври (понеделник) МАЛЕВИ - ВАСТАС – БИТОЛА - СКОПЈЕ
Утрото, посета на манастирот Малеви и присуство на Светата Божествена Литургија во манастирската црква. Поклонение и целивање на чудотворната икона Успение на Мајката Божја. Заминување од Малеви кон селото Вастас. Посета на тамошната “мистична” црква, посветена на Света Теодора Аркаидска. Поклонение на светото место, кое ја претставува нејзината молитва кон Господа - “Христе мој, прости им на непријателите мои, моето тело претвори го во црква, мојата коса во дрвја, а од мојата крв, да потечи река...” Патувањето продолжува кон Македонија преку големиот мост кај Рио-Антирио, јонската магистрала и автопатот Игнатиа. Попатни застанувања и одмори, до пристигнување во Битола и во Скопје во доцните вечерни часови.

Напомена: при посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.