68% попуст на професионално хемиско чистење на автомобил со висококвалитетни средства од Sonax козметика во Avtoperalna GTC Carwash во вредност од 9000 ден. по цена од 2890 ден.

68% попуст на професионално хемиско чистење на автомобил со висококвалитетни средства од Sonax козметика во Avtoperalna GTC Carwash во вредност од 9000 ден. по цена од 2890 ден.

Вредност

9,000 ден.

Попуст

68%

Заштеда

6,110 ден.

Преостанато време

Купени : 28

  • Гаража ГТЦ Скопје, Macedonia (Македонија), 1000

  • 26121093‬

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 08:00 - 20:00 Саб-Нед: 00:00 - 00:00

Добивате

Комплетно и луксузно хемиско чистење на Вашиот автомобил

  • хемиско перење
  • комплет чистење седишта
  • длабинско усисување
  • користење на вакуум машина
  • торнадо машина
  • Sonax козметика

*Понудата важи и за џипови


Услови

  • Купонот може да се искористи од 25.04.2018 до 30.09.2018
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Понудата важи и за џипови!
  • Задолжителна е претходна резрвација на термин на телефон 02 6152 110

Опис

Препуштете се на професионалците и добијте чист и блескав автомобил!

Со овој купон имате уникатна можност за темелно хемиско чистење на вашиот автомобил. Имено, станува збор за хемиско чистење според стандарди на добро познатиот светски бренд за чистење на автомобили Sonax.

Поради употреба на специјализирани средства и машини, овој тип на хемиско овозможува длабинско чистење и дезинфекција на автомобилот, како одвнатре, така и однадвор. Пристапот кај овој тип на хемиско чистење се разликува од другите вообичаени начини, бидејќи следи однапред воспоставен начин и редослед кој гарантира темелна дезинфекција и комплетно отстранување на нечистотијата во автомобилот. Редоследот на чистење е од суштинска важност бидејќи не се разнесува нечистотијата од валканите на веќе исчистените делови. Најпрво се чисти целата површина на плафонот, при што се користи специјална машина - торнадо како и специјален Sonax шампон. Понатаму, се чистат сите страници и кошиња. Потоа се пристапува со перење на шал таблата, а секако не се испуштаат и страниците од вратите. Редоследот на чистењето започнува од најгоре, па постапно се продолжува надолу, што значи дека по длабинското чистење на седиштата, се чисти теписонот, и кедерот односно гумите од вратите. На крајот се пристапува кон багажникот, каде се чисти хаубата, па теписонот, за да се заокружи чистењето со темелно надворешно перење на колата, кое се прави два пати. Се разбира при надворешното миење не се испуштаат и бандажите, За крај се нанесува соодветен восок за сјај и заштита на каросеријата.

Karcher машини за надворешно и внатрешно чистење

Со Karcher моќните машините се поминува кровот и пластиките за грубите нечистотии

Глинирање (полимер)

Чистење на автомобил со глина е единствениот начин пред полирање да ги извадите сите нечистотии кои со години се таложат на самиот автомобил. (смола, катран, мрснотии итн.) Исто така е битно да се напомене дека со само полирање нема смисла доколку најпрвин не се глинира, затоа што цела нечистотија со полирањето не излегува туку уште повеќе се натиснува внатре и со самото тоа не се добива површина која може да сјае. Овој метод нуди и заштита за каросеријата до 6 месеци.

SONAX Авто шампон концентрат

Тренди шампон со екстра моќ и извонреден мирис за мануелно миење на возилото. Брзо и темелно ги разградува нечистотиите. Особено благите сурфактанти делуваат нежно на бојата и не влијаат на восочните заштитни слоеви нанесени на површината. Брзо и темелно ги отстранува нечистотиитеод патот и инсектите на бојата, гумите, пластиките, винилот и стаклата, без кородирање на надворешните метални делови. Без фосфати и Ph неутрален.

SONAX Чистач на бандажи PLUS без киселина

Високо ефикасен безкиселински специјален чистач за сите челични и алуминиумски бандажи. Ги отстранува закоравените нечистотии како агресивните наслаги од сопирачки, маслото и другите нечистотии од патот, без остатоци.

SONAX Сјаен шампон концентрат

Шампон со конвентрирана моќ на миење за мануелно перење на возилото. Делува брзо и темелно ги отстранува нечистотиите од патот. Соодветен за миење на сите обоени надворешни површини, метал, стакло, пластика, гума како и церади, порцелан и енамел. Без фосфати

SONAX Чистач на внатрешност

Темелно и нежно ги отстранува дури најзакоравените нечистотии од внатрешноста на возилото – тапацираните седишта, текстилните површини, пластичните делови и сончевиот покрив. Остава свеж мирис во возилото.

SONAX Заштитувач на гуми

Се користи за чистење и одржување на гумите, гумените патосници, кедерите итн. Ја одржува гумата еластична, ги освежува боите и го обновува изгледот на гумата. Без силикон

SONAX Брилијантен восок со мирис 

Погоден за употреба како жежок восок, ладен восок, восочна пена или заштитувач на подвозје. За оптимална конзервација на бојата да се употребува во автоматските авто перални со систем за жежок восок. Високо сјајниот заштитен слој брзо се распоредува на површината на возилото и дава повеќекратна заштита со конзервирање и ефект на одбивност на водата. Брзо ја одбива водата и нуди оптимално сушење.

SONAX SX сјаен сушач

Иновативен сушач за конзервирање од нова генерација. Високо-квалитетнните адитиви за сушење и компоненти за одржување продуцираат брзо бегање на водата, без мали остатоци од вода и претходно невиден сјај на возилото. Неговиот состав е комплетно био-разградлив, правејќи го идеален за поставување на биолошки системи за рециклирање на водата.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.