Дестинација Македонија! Вистинско уживање во Дебар (01.06-15.11.2020)! 43% попуст на пакет ноќевања со појадок, ручек и вечера + користење на СПА центарот во Бањишт Хотел & СПА 4*

Цена од

3100 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

5022 ден.

Попуст

38%

Заштеда

1922 ден.

Купени: 208

  • ул. 8 септември бр. 9 Село Бањиште, Дебар

    Одведи ме таму

    + 389 46 831 092

    info@bdcapa.com

Добивате

Опции на понудата:

1 ноќевање со појадок и вечера 3,110 ден. (50 еур)
1,550 ден. (25 еур)
2 ноќевања (петок-сабота) 5,022 ден. (81 еур)
3,100 ден. (50 еур)
4 ноќевања (недела до четврток) 10,044 ден. (162 еур)
5,700 ден. (92 еур)
Доплата за ваучер 200 ден. (3 еур)
200 ден. (3 еур)
Ваучер за туризам 6,000 ден. (97 еур)
6,000 ден. (97 еур)

Понудата е по лице и вклучува:

  • Пакет ноќевања со појадок, ручек и вечера во двокреветна или трокреветна соба по избор
  • Лекарски преглед (задолжителен за сите што ќе користат третмани)
  • Користење на термален СПА центар + терапии (со лекарско одобрение)
  • 2 масажи или 2 маски за лице, со вкупна вредност од 600 ден.- бесплатно (со пакет од 4 ноќевања)
  • Масажа или маска за лице - бесплатно (со пакет од 2 ноќевања)

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.06.2020 до 15.11.2020
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон
  • Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа
  • По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата
  • Задолжително приложување на отпечатен ваучер на рецепција при пристигнувањето во хотелот
  • За закуп на соба потребни се 2 купони, односно за престој на 2 лица
  • Може да престојувате максимум 4 ноќевања со купен купон
  • Купоните за две ноќевања може да се комбинираат
  • Доплати:
  • За деца до 5.99 г. е бесплатно
  • За деца од 6 до 11.99 се доплаќа 730 денари на ден
  • За лица над 12 г. потребно е да се купи купон од соодветната опција
  • За користење на сауна се доплаќа 100 ден.
  • За користење на парна бања се доплаќа 100 ден.
  • Доколку не го искористите купонот до наведениот рок, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат
  • Доколку сакате да искористите ваучер за туризам следете ги следните инструкции https://grouper.mk/domasiedoma
  • Ваучерот за туризам може исклучиво да го користи лицето на чиешто име гласи ваучерот и истиот не може да биде предаден на користење на трето лице.
  • Доколку не се искористи полната сума на ваучерот не се враќа кусур.
  • Хотелот ги следи мерките за заштита од COVID 19
  • Задолжителна доплата од 40 ден. по лице директно во сместувањето

Препораки за гостите:

  • При движење во апартманите задолжително е носење на маска и следење на Мерките за заштита
  • Потребно е ограничување на собири и држење на меѓусебно растојание
  • Доследна грижа за хигиената на рацете, со миење со сапун и вода или дезинфекција по допир на какви било нечисти површини.
  • Доследно следење на упатствата од персоналот во врска со обезбедување соодветно меѓусебно растојание, складирање на багаж и гардероба, начинот на давање услуги, употреба на опрема, користење на тоалети, плаќање на услуги. 

Опис

Бањишт Хотел & СПА се наоѓа на 880м надморска висина во селото под истото име Бањишт во Дебар. На ова локација има неколку извори се термо-минерална вода со оптимална температура за човековото тело од 39 Целсиусови степени, каде воедно се сместени и два стари базени изградени од Дебарчанецот на фамилијата Оручи Заде, Хаџи Мухамед, во 1797 година.

Термо-минералната вода е 100% природна, и базените постојано се снабдуваат со свежа вода (нера филтрација и рициркулација). Водата е класификувана како најбогата со минерали во Европа, со 4 гр сув остаток на минерали во 1 литар вода: Сулфур. Калциум, Калиум, Магнезиум, Железо, Натриум идр. Единствени сме во регионот што нудиме природна фанго терапија а сме победници на многу значајни награди како најдобар Медикал СПА Ресорт во Балканот, меѓу кои мора да ги истакнеме БАХА 2014 и СПА Номинатион 2015.

Хотелот е изграден во 1948-та година, Поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши оваа вон временска убавина и хармонија која како да го достигнала својот максимум на ова свето место, Бањишт однадвор ја има својата традиционална архитектура, но во внатрешниот современиот и луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат сите гости. Последни големи реновирања на хотелот се направени во 2012 и 2016 година.

Бањишт Хотел & СПА располага со вкупно 126 соби (двокреветни и трокреветни соби). Сите третмани се нудат во еден затворен комплекс, затоа надворешните климатски температури воопшто не влијаат врз услугите а самиот хотел нуди 24 часа централно греење во сите простории.

Достапни терапии кои може да се користат:

  • Хидротерапија - во базени со термо-минерална вода (07:00 до 18:00 часот)
  • Фанготерапија (07:00 - 14:00 часот)
  • Кинези терапија (07:00 - 14:00 часот)
  • Електротерапија (07:00 - 14:00 часот)
  • Користење на парна бања и сауна (15:00 - 21:00 часот)

Ценовникот на пијалоците можете да го погледнете ТУКА.

Зошто Grouper тимот ви препорачува да го посетите ДЕБАР

  • Термоминералните води се прочуени и се вбројуваат меѓу најпознатите бањски лековити води во Европа и светот за лекување на разни болести
  • Дебарските Бањи се рангирани на прво место во Европа а трето во светот.
  • Во непосредна близина е гипсената пештера Алчија, заштитено подрачје во категоријата - споменик на природата.
  • Долнореканските моми и жени со вештината која ја наследиле и научиле од нивните мајки и баби, прават вистински чуда од областа на рачната изработка. 
  • Изработуваат шамии со киски (висулци), од монистра, клабодан, свила, волница или волнена преѓа, везени, исплетени и исткаени.  Етно накит Made in Macedonia кој допрва ја очекува својата светска промоција.
  • Дебарската котлина има блага медитеранска клима во лето, и планинската клима во зима.
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.