Вистински одмор во Дебарски Бањи (01.11-25.12.2019)! 41% попуст на ноќевање со појадок, ручек и вечера + користење на СПА центарот во Бањишт Хотел & СПА 4* во вредност од 2511 ден. по цена од 1490 ден.

img

Вредност

2511 ден.

Попуст

41%

Заштеда

1021 ден.

Преостанато време

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

Купени: 212

  • ул. 8 септември бр. 9 Село Бањиште, Дебар

    Одведи ме таму

    + 389 46 831 092

    info@bdcapa.com

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • 1 ноќевање со појадок, ручек и вечера во двокреветна или трокреветна соба
  • Лекарски преглед (задолжителен за сите што ќе користат третмани)
  • Користење на термален СПА центар + терапии (со лекарско одобрение)

Достапни терапии:

  • Хидротерапија (во базени со термо-минерална вода)
  • Фанготерапија
  • Кинези терапија
  • Електротерапија
  • Користење на парна бања и сауна

*Потребно е да престојувате минимум 2 ноќевања 

*Понудата важи само за петок сабота и недела

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.11.2019 до 25.12.2019
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон.
  • Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа.
  • По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата.
  • За закуп на соба потребни се 2 купони, односно престој на 2 лица.
  • Понудата важи само за петок сабота и недела
  • Потребно е да престојувате минимум 2 ноќевања, односно да купите 2 купони.
  • Доплати:
  • За еднокреветна соба се доплаќа 1255 ден. од ноќевање
  • За деца од 0 - 6 години е бесплатно
  • За деца од 6 - 12 години се доплаќа 1255 ден. од ноќевање 
  • Напомена: во цената не се вклучени туристичката такса, пијалоци, масажа и третманите за убавина.
  • Задолжително приложување на отпечатен ваучер на рецепција при пристигнувањето во хотелот.
  • Доколку не го искористите купонот до наведениот рок, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат.

Опис

Бањишт Хотел & СПА

Бањишт Хотел & СПА се наоѓа на 880м надморска висина во селото под истото име Бањишт во Дебар. На ова локација има неколку извори се термо-минерална вода со оптимална температура за човековото тело од 39 Целсиусови степени, каде воедно се сместени и два стари базени изградени од Дебарчанецот на фамилијата Оручи Заде, Хаџи Мухамед, во 1797 година.

Термо-минералната вода е 100% природна, и базените постојано се снабдуваат со свежа вода (нера филтрација и рициркулација). Водата е класификувана како најбогата со минерали во Европа, со 4 гр сув остаток на минерали во 1 литар вода: Сулфур. Калциум, Калиум, Магнезиум, Железо, Натриум идр. Единствени сме во регионот што нудиме природна фанго терапија а сме победници на многу значајни награди како најдобар Медикал СПА Ресорт во Балканот, меѓу кои мора да ги истакнеме БАХА 2014 и СПА Номинатион 2015.

Хотелот е изграден во 1948-та година, Поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши оваа вон временска убавина и хармонија која како да го достигнала својот максимум на ова свето место, Бањишт однадвор ја има својата традиционална архитектура, но во внатрешниот современиот и луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат сите гости. Последни големи реновирања на хотелот се направени во 2012 и 2016 година.

Бањишт Хотел & СПА располага со вкупно 126 соби ( двокреветни и трокреветни соби ). Сите третмани се нудат во еден затворен комплекс, затоа надворешните климатски температури воопшто не влијаат врз услугите а самиот хотел нуди 24 часа централно греење во сите простории.

Достапни терапии кои може да се користат:

  • Хидротерапија - во базени со термо-минерална вода (07:00 до 18:00 часот)
  • Фанготерапија (07:00 - 14:00 часот)
  • Кинези терапија (07:00 - 14:00 часот)
  • Електротерапија (07:00 - 14:00 часот)
  • Користење на парна бања и сауна (15:00 - 21:00 часот)

Ценовникот на пијалоците можете да го погледнете ТУКА.

Grouper интересни факти за Дебар

  • Термоминералните води се прочуени и се вбројуваат меѓу најпознатите бањски лековити води во Европа и светот за лекување на разни болести
  • Дебарските Бањи се рангирани на прво место во Европа а трето во светот.
  • Во непосредна близина е гипсената пештера Алчија, заштитено подрачје во категоријата - споменик на природата.
  • Долнореканските моми и жени со вештината која ја наследиле и научиле од нивните мајки и баби, прават вистински чуда од областа на рачната изработка. 
  • Изработуваат шамии со киски (висулци), од монистра, клабодан, свила, волница или волнена преѓа, везени, исплетени и исткаени.  Етно накит Made in Macedonia кој допрва ја очекува својата светска промоција.
  • Дебарската котлина има блага медитеранска клима во лето, и планинската клима во зима.
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.