Дочекајте го Валентајн во Истанбул (13.02-16.02.2020)! Две ноќевања со појадок во хотел со 3* со вклучен автобуски превоз oд ТА Идеал Травел по цена од 3999 ден.

Купени: 2

  • ул. Даме Груев бр.7 , лок 10 (кај полициска станица Беко)

    Одведи ме таму

    078 684 392

    idealprevoz@yahoo.com

Добивате

Понудата е по лице за термин 13.02-16.02.2020 и вклучува:

  • Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
  • Автобуски превоз на релација Скопје-Истанбул-Скопје
  • Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
  • Посета на фабриката за традиционални слатки „Коска“
  • Tуристички водич за време на престојот
  • Oрганизација за време на патувањето

Услови

  • Купонот може да се искористи од 11.01.2020 до 13.02.2020
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во ТА Идеал Травел за да се информирате за слободни места и да направите резервација
  • Задолжителна резервација по купување на купонот
  • По купување на купонот потребно е да ја посетите ТА Идеал Травел за да потпишете договор за патување
  • Едно лице може да купи повеќе купони
  • Превозот е вклучен во понудата
  • Важат општите услови на СКТМ и ТА Идеал Травел
  • Поаѓање на датумот во 15:30 часот пред Дрво декор
  • Доколку ваучерот не се искористи во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани
  • За деца од 0-3 години сместувањето е бесплатно
  • За деца од 3-12 за first minute се доплаќа 50€
  • За сингл соба се доплатуваат 40€ дополнително од аранжманот
  • Доплати:
  • Задолжително патничко осигурување 240 денари по лице
  • Аја Софија со лиценциран водич и аудио слушалки - 20€
  • Топкапи палатата со лиценциран водич - 20€
  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул -15€
  • Kрстарење по Босфорот - 20€
  • Долмабахче палата со лиценциран водич - 25€
  • Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси - 25€
  • Туркуазу Аквариум -15€
  • Свечена вечера со шоу програм и крстарење по Босфор - 40€
  • ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:
  • SILVER - 75€ (редовна цена 85€)
  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
  • Крстарење по Босфорот
  • Долмабахче палатата
  • Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси
  • PREMIUM - 120€ (редовна цена 140€)
  • Аја Софија
  • Топкапи
  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
  • Крстарење по Босфорот
  • Долмабахче палатата
  • Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси
  • Туркуазу аквариум

Опис

Програма:

1 ден 13.02.2020 (четврток)
Средба на групата на Дрводекор во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.

2 ден 14.02.2020 (петок)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).
НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите.
Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата.

Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим.
Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османските освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.
Топкапи палатата - oва е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови - бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. По зaвршувањето на разгледите, групата има слободно време за индивидуални активности.

По завршувањето на овие факултативи, групата се враќа во хотел, каде има слободно време се до вечерните часови, кога ќе се оди на ноќен Истанбул. Оваа посета значи панорамски разглед на Истанбул со автобус, во вечерните часови кога градот се трансформира во градот на светлоста и убавината. Се
поминува крај бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над
Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Враќање во хотел, ноќевање.

3 ден 15.02.2020 (сабота)
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Следува денски панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел наречен Чамлиџа, од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.
По оваа факултатива, следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Веднаш потоа се упатуваме кон Долмабахче палатата.
Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.Вечерта можност за специјална осмомартовска свечена вечера на Босфорот со одлична програма. Танци, традиционална програма, танчерки, одлична забава, вечера и неограничен алкохол, сето тоа на брод кој ќе крстари по водите на Босфорот кој навечер има уште поубава магија.

4 ден 16.02.2020 (недела)
По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата оди кон фабриката за производство на најпознатите турски слатки „Коска“, каде по фабрички цени можете да си купите оргинални турски баклави, локуми и секакви останати деликатеси. Потоа групата, се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.

Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.