Дестинација Македонија! Одморете на свеж, планински воздух (Октомври)! 15% попуст на ноќевање со појадок во Хотел Конак - Попова Шапка во вредност од 1240 ден. по цена од 1054 ден.

Цена

1054 ден.

Вредност

1240 ден.

Попуст

15%

Заштеда

186 ден.

Купени: 8

Добивате

Ноќевање со појадок по лице во Хотел Конак - Попова Шапка

*Капацитетот на собите е од 2 до 5 лица

*Kупоните може да се комбинираат за повеќе ноќевања

Услови

  • Купонот може да се искористи од 07.09.2023 до 31.10.2023
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација на телефон пред да ги купите купоните
  • По купување на купонот потребно е да ги испратите купоните на емаил за да ја потврдите резервацијата
  • Капацитетот на собите е од 2 до 5 лица
  • Доколку не го искористите купонот до наведениот рок, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат

Опис

Претставува  современ планински објект заснован на традиционален изглед. Се наоѓа на Шар планина на скијачкиот центар Попова Шапка на 1760 м.н.в. Поволна географска положба релативно блиску од Тетово 18 км и Скопје 55 км  главниот град на Република Македонија прави да биде посетен од голем број на туристи како во летната така и во зимската скијачка сезона.Особено задоволство ќе ви даде  внатрешноста на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен  поглед на скијачките терени. На платото пред домот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број на сончеви денови кои се главна карактеристика на скијачкиот центар Попова Шапка.

Ресторан

Ресторанот воодушевува со својот раскошен ентериер изработен од дрво и камен. Врвната услуга, прекрасниот амбиент исклучително добра храна и поволни цени ви овозможуваат да поминете незаборавни мигови во нашиот ресторан. Ресторанот се наоѓа на првиот кат од објектот и располага со внатрешна сала со капацитет од 50 гости и надворешна летна тераса со капацитет од 100 гости. Повелете на појадок, ручек или вечера во топол амбиент каде мирисот и вкусот создаваат магија.

Ски кафе

Ски кафето во склоп на ”Конак”  изминатите десет години работи во текот на целата година и со право го добива епитетот најпопуларно место на Скијачкиот центар Попова Шапка.  Преку ден може да се опуштите во топол амбиент со широк асортиман на топли напитоци и освежителни пијалоци или да престојувате на сончевата тераса која има јужна ориентација со отворен поглед кон скијачките терени и целосен преглед на најпознатиот скијачки терен "Церипашина".

Кога и да ја посетите Попова Шапка ”Конак” е тука за вас 365 дена во годината. Дојдете и уверете се зошто сме најпосетено место на Попова Шапка.

Сместување

Сместувачкиот дел на ”Конак”  се состои од планинарски и хотелски дел. Понудата важи за хотелскиот дел. Во планинарскиот дел на распоилагање се пет планианрски соби со кревети на кат кои користат заедничко купатило и се доста погодни за планианри и палнианрски групи.

Хотелскиот дел го сочинуваат 12 соби со сопствено купатило опремени со удобни кревети кои пружаат удобен и мирен сон и заедно со планинскиот воздух прават многу брзо да се чуствувате одморни и наспиени. Во склоп на хотелскиот дел се наоѓа и сауна која е на располагање на гостите.

Оринетацијата на собите е јужна со отворен поглед кон скијачките терени на Попова Шапка.

Самата местоположба на објектот на самите скијачки терени нуди можност за брз и лесен пристап кон самите терени. 

Било да сте љубител на скијањето, природата или едноставно сакате да уживате на Попова Шапка во ”Конак” секогаш ќе ве пречекаат гостопримливи и добри домаќини.  

Ве покануваме да го поминете Вашиот одмор или викенд во ”Конак”.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.