Дестинација Македонија! Златна есен на Пелистер (Септември-Ноември)! До 20% попуст на ноќевање со појадок во сместување по избор во Хотел Молика 3*

Цена од
1272 ден.
Цена
ден.
ден.Вредност
1590 ден.Попуст
20%
Заштеда
318 ден.Преостанато време
Купени: 12
Добивате
Понудата е по лице и вклучува ноќевање со појадок во сместување по избор
Опции на понудата:
BB ноќевање во двокреветна соба за едно лице |
1,139 ден. (18 еур) |
BB ноќевање во еднокреветна соба за едно лице |
1,272 ден. (21 еур) |
*Понудените цени и услови не се однесуваат за групни резервации
*Понудата не важи во период од 15.10 до 15.11 поради исполнет капацитет.
Услови
- Купонот може да се искористи од 01.09.2023 до 30.11.2023
- Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби директно во хотелот.
- По купување на купонот потребно е да го испратите на меил до хотелот за да ја потврдите резервацијата.
- Во цената е вклучена дневна туристичка такса од 40 денари и ДДВ од 5% и осигурување
- За деца до 12 години не се пресметува туристичка такса
- Понудените цени и услови не се однесуваат за групни резервации!
- Хотелот располага со сопствен и бесплатен паркинг.
- Понудата не важи во период од 15.10 до 15.11 поради исполнет капацитет.
- Превозот не е вклучен во понудата
- Доколку не го искористите купонот се следат општите услови за патување
- Откако зделката е завршена, рокот е поминат или резервацијата е направена средствата за истиот не може да бидат рефундирани
Доплати:
- Деца до 5 години кои не користат услуги за сместување и храна престојуваат бесплатно
- Деца од 5 – 12 години кои користат ресторантски услуги и услуги за сместување добиваат попуст од 30% на редовната цена
- Деца од 5 – 12 години кои користат само ресторантски услуги добиваат попуст од 30%
- Деца од 5 – 12 години кои користат само помошни услуги за сместување добиваат попуст од 70%
За компанијата
Outdoor активности за забава и разонода, кратки прошетки по околните патеки во времетрање од 30 до 40 минути. Патеките се добро обележани и дефинирани за олесување на посетителите. Би ги издвоите патеката до планинарскиот дом Копанки и Историската патека од Првата светска војна. Гостите прошетките може да ги реализираат и на повисоките планински дестинации како: Јоргов Камен, Палиснопје, Извидница и сл.
Хотел Молика
Хотел "Молика" претставува бисер на Пелистер. Едно од ретките места каде човек може да ја почувствува недопрената природа, да се одмори од секојдневието и да ужива во беспрекорната услуга на персоналот.
Хотелот работи со "полна пареа" преку цела година и за него не важат "класичните" сезони.
Хотел "Молика" се наоѓа во југозападниот дел од Република Македонија. Лоциран е во просторот на Националниот Парк "Пелистер" на локалитетот "Бегова Чешма" на надморска височина од 1420 метри, сместен во раскошот на прекрасна моликова шума.
Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.
Пелистер
Националниот парк Пелистер се наоѓа помеѓу Преспанската котлина и котлината Пелагонија. Тој е прв прогласен национален парк на територијата на Македонија, во 1947 година. Се простира на 10400 хектари и опфаќа дел од планината Баба, со највисокиот врв Пелистер (2601 метри). Најзаслужен за добивањето на стаутост Национален Парк е петтоигличниот бор МОЛИКА – што го открил австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах во 1839 година. Моликата ја има и на други планина на Балканот, но тука гради најкомпактна шумска заедница. Шетајќи низ Пелистер ќе наидете на стебла постари од 230 години. Во пролет и лето, ливадите се накитени со разнобојните цветови на: пелистерската небесна роса, пазикуќата и пелистерската качунка. Глетката ќе ви ја збогати и летот на дневните пеперутки Scythris crupta и Scyrthris similis кои живеат само на Пелистер. Тука се среќава и ноќната пеперутка Hadena clara macedonica која ја има само во Македонија. Ако ја сакате археологијата, најдете време да ги посетите населбите од железното доба и средновековниот период кои се во непосредна близина на паркот. Следејќи ја долгата магистрала на познатиот пат од Римско време - Виа Игнација, која поминува низ Пелистер ќе имате и вие можност да чекорите по патот по кој поминувале Апостол Павле, македонската фаланга, римските легии и византиските цареви.
Пелистерскиот масив е испресечен со поголем број на живописни планински реки низ кои течат бистри и ладни води. Сите ја сочинуваат нивната исконска дивина во декорот на планинскиот пејсаж. Тие се украс на планината и го облагородуваат пејсажот низ кого протечуваат.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
- RO: Ноќевање
- BB: Ноќевање со појадок
- HB: Ноќевање со појадок и вечера
- FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
- AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.