Релаксирање во Куманово (25.11-30.01.2022)! 22% попуст на ноќевање за двајца со појадок во двокреветна или twin соба по избор + користење на 3 базени со минерална вода, сауна и парна бања во Kumanovo Spa

Цена од

3100 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

3990 ден.

Попуст

22%

Заштеда

890 ден.

Преостанато време

Купени: 43

  • Kumanovo Spa, Kumanovo, North Macedonia

    Одведи ме таму

    070377272

    ask@kumanovospa.mk

Добивате

Ноќевање за двајца со појадок во двокреветна или twin соба по избор

Опции на понудата:

BB ноќевање за 2 лица во двокреветна соба 4,600 ден. (74 еур)
3,590 ден. (58 еур)
BB ноќевање за 2 лица во twin соба 3,990 ден. (64 еур)
3,100 ден. (50 еур)

Во понудата е вклучено користење на 3 базени со термална вода и минерална вода, сауна и парна бања и дополнителни 10% попуст на a la carte менито во ресторанот

*Понудата не важи за 31.12.2021

Услови

  • Купонот може да се искористи од 25.11.2021 до 30.01.2022
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон
  • Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа
  • По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата
  • Сите доплати се прават директно во хотелот
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Купоните може да се комбинираат за повеќедневен престој
  • Понудата не важи за 31.12.2021
  • Доколку не го искористите купонот се следат општите услови за патување
  • Откако зделката е завршена, рокот е поминат или резервацијата е направена средствата за истиот не може да бидат рефундирани

За компанијата

Куманово Спа е нов и модерен мултифункционален објект кој располага со:

Rooftop Bar & Spa - доживејте комплетно задоволство во луксузен infinity базен со минерална вода и импресивен поглед од 360° од кој ќе ви застане здивот. За уживањето да биде целосно, тука е и кафе-барот со панорамски поглед, кој, без разлика дали го пиете вашето утринско или попладневно кафе, вашиот омилен коктел, вино или виски, ќе биде совршено место за неповторлива и незаборавна дружба со пријателите.

Затворен базен со познатата кумановска минерална вода чии лековити својства се надалеку познати. Според разни хемиски испитувања и анализи, оваа термална вода по квалитетот е на второ место во Европа, веднаш по познатите Карлови Вари. Водата е погодна за лекување на заболувања на нервниот (неврози, несоници, психички и нервни исцрпености) и дигестивниот (гастрит, проблеми со бубрези, чир на дванаестпалачно црево, хронично воспаление на дебелото црево) систем, како и за лекување на гинеколошки проблеми, егземи и разни дерматити. Познато е дека оваа вода го обновува и ткивото, односно подмладува телото. Базенот се простира на површина од 80м2, располага со најсовремен систем за филтрација и соодветни придружни елементи.

Ресторан сместен на тивка, пространа локација и опколен со зеленило. Во ресторанот, кој има капацитет од 150 гости, се запазени сите Ковид-19 стандарди и протоколи, како и препораките за социјални дистанцирање. Огромен избор на свежа и квалитетна храна со мени кое ќе ги задоволи и најпребирливите вкусови, како и специјалитети во вистинска смисла на зборот. Тука е и навремената и секогаш љубезна услуга.

Соби - во склоп на објектот има и хотел со 21 пространа и комфорна соба. Секоја е опремена со елегантен мебел, ЛЦД ТВ, клима, wi-fi, телефон, тераси со одличен поглед и беспрекорна собна услуга. Хигиената во собите е според сите Ковид-19 стандарди и протоколи.

Спа центар изграден по најнови стандарди, со луксузна и интимна атмосфера, кој вклучува врвни третмани за лице и тело по пристапни цени, како и масажа, сауна и џакузи. Одличен избор доколку сакате да го смирите умот и да го опуштите телото.

Медицински услуги - искусен и сертифициран медициски персонал кој нуди разни услуги поврзани со бањата и минералната вода. Објектот е лоциран на само 3км од центарот на Куманово, 5км од магистралниот автопат А1, кој ги поврзува Србија и Грција, како и 1км од регионалниот пат Е-871, кој ја поврзува Македонија со Бугарија.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.