3 ја следат оваа компанија


Benton Snail Bee High Content Steam Cream Mini Deluxe (12 g)

375 ден.

Шифра:

Креми/Лосиони
  • Градски трговски центар, 1-ви кат, Кеј 13 Ноември, 1000 Скопје

    Одведи ме таму

    02 317 6743

    info@olpeo.mk

Опис

Benton Snail Bee High Content Steam Cream Mini Deluxe (12 g)

  • Snail Bee High Content Steam Cream е висококонцентриран крем произведен со пареа. Технологијата на производство со помош на пареа ја зачувува ефикасноста на најмоќните состојки за нега кои ги содржи овој крем. Погоден е за сите типови на кожа, а особено за чувствителна кожа и кожа склона на акни. Ако имате многу чувствителна кожа, овој крем ќе биде Вашиот сојузник бр. 1.
  • Тој е е богат со коктел од здрави и ефикасни состојки. Филтратот од слуз од полжав кој има регенеративни својства, пчелиниот отров кој е природен антисептик, пептидот sh-олигопептид-1, хиалуронската киселина, и различни растителни екстракти кои се дел од неговата формула прават чуда за кожа и помагаат за подобрување на тенот. Благодарение на оваа природна и здрава формула, ја навлажнува, негува и обновува оштетената кожа за само неколку дена, ја смирува надразнетата кожа и иритацијата предизвикана од акни.
  • Мини делукс пакувањето е дизајнирано да ги задоволи потребите во текот на патувањата. Содржи доволна количина да ги покрие вашите потреби вo текот на две седмици, а нема да гo оптерети вашиот багаж со непотребна тежина.
  • Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Кремот не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.

Употреба

  • Нанесете соодветна количина од кремот на чисто лице и нежно тапкајте додека целосно се апсорбира. Се препорачува како последен чекор од рутината за нега на лице, по нанесувањето на тонер, есенција/серум и лосион.
  • За најдобри резултати Benton препорачува овој тонер да се употребува заедно со останатите производи од Snail Bee High Content линијата. Производите се употребуваат по следниот редослед: чистење → Snail Bee High Content Skin → Snail Bee High Content Essence → Snail Bee High Content Lotion → Snail Bee High Content Steam Cream.


    Состав: вода, бутилен гликол, филтрат од слуз од полжав, глицерин, цетил етилхексаноат, ниацинамид, бехенил алкохол, 1,2-хександиол, цетерил оливат, палмитинска киселина, сорбитан оливат, масло до семе од Simmondsia chinensis (јојоба), масло од семе од Helianthus annuus (сончоглед), масло од семе од Carthamus tinctorius (шафран), масло од јатка од Argania spinosa, натриум хијалуронат, екстракт од Plantago asiatica, екстракт од лист од Diospyros kaki, екстракт од кора од Salix alba (врба), екстракт од кора од Ulmus campestris (брест), екстракт од Laminaria digitata, токоферил ацетат, sh-олигопептид-1, глицерил стеарат, стеаринска киселина, лауринска киселина, миристинска киселина, карбомер, уреа, аргинин, аденозин, пчелин отров, пентилен гликол, екстракт од Zanthoxylum piperitum, eкстракт од Pulsatilla koreana, eкстракт од Usnea barbata (лишај), полисорбат 20, лецитин.

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна испорака на сите нивни производи, за нарачки над 900 денари.
  • Време потребно за достава низ Скопје: 24 часа по процесирање на нарачката
  • Време потребно за достава низ Македонија: 3-7 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата на info@olpeo.mk или 02 317 6743
  • Види ја продавницата на "Olpeo" овде

За компанијата

Olpeo е прва специјализирана продавница за корејска козметика која го промовира растечкиот K-beauty тренд, чија популарност во светот сѐ повеќе се зголемува благодарение на квалитетот и иновацијата кои ги нудат корејските козметички производи. Olpeo става акцент на брендовите за природна и органска козметика, па така ексклузивно ви нуди широка палета на производи од брендовите Benton, Aromatica, Blossom Jeju, Langsre и др. Во Olpeo можете да ги најдете и природните рачно изработени сапуни на домашниот бренд Данини.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.