SPA уживање во Куманово! 58% попуст на еднодневно користење на SPA центар и базен со минерална вода во Kumanovo Spa во вредност од 600 ден. по цена од 250 ден.

Цена

250 ден.

Вредност

600 ден.

Попуст

58%

Заштеда

350 ден.

Преостанато време

Купени: 145

  • Kumanovo Spa, Kumanovo, North Macedonia

    Одведи ме таму

    070377272

    ask@kumanovospa.mk

Добивате

Еднодневно користење на SPA центар и базен со минерална вода во Kumanovo Spa

Услови

  • Купонот може да се искористи од 26.11.2021 до 30.01.2022
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Поради Covid-19 мерките бројот на луѓе во базенот е ограничен
  • Од страна на медицински лица во бањата е препорачан престој од еден час 
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени

За компанијата

Куманово Спа е нов и модерен мултифункционален објект кој располага со:

Rooftop Bar & Spa - доживејте комплетно задоволство во луксузен infinity базен со минерална вода и импресивен поглед од 360° од кој ќе ви застане здивот. За уживањето да биде целосно, тука е и кафе-барот со панорамски поглед, кој, без разлика дали го пиете вашето утринско или попладневно кафе, вашиот омилен коктел, вино или виски, ќе биде совршено место за неповторлива и незаборавна дружба со пријателите.

Затворен базен со познатата кумановска минерална вода чии лековити својства се надалеку познати. Според разни хемиски испитувања и анализи, оваа термална вода по квалитетот е на второ место во Европа, веднаш по познатите Карлови Вари. Водата е погодна за лекување на заболувања на нервниот (неврози, несоници, психички и нервни исцрпености) и дигестивниот (гастрит, проблеми со бубрези, чир на дванаестпалачно црево, хронично воспаление на дебелото црево) систем, како и за лекување на гинеколошки проблеми, егземи и разни дерматити. Познато е дека оваа вода го обновува и ткивото, односно подмладува телото. Базенот се простира на површина од 80м2, располага со најсовремен систем за филтрација и соодветни придружни елементи.

Ресторан сместен на тивка, пространа локација и опколен со зеленило. Во ресторанот, кој има капацитет од 150 гости, се запазени сите Ковид-19 стандарди и протоколи, како и препораките за социјални дистанцирање. Огромен избор на свежа и квалитетна храна со мени кое ќе ги задоволи и најпребирливите вкусови, како и специјалитети во вистинска смисла на зборот. Тука е и навремената и секогаш љубезна услуга.

Соби - во склоп на објектот има и хотел со 21 пространа и комфорна соба. Секоја е опремена со елегантен мебел, ЛЦД ТВ, клима, wi-fi, телефон, тераси со одличен поглед и беспрекорна собна услуга. Хигиената во собите е според сите Ковид-19 стандарди и протоколи.

Спа центар изграден по најнови стандарди, со луксузна и интимна атмосфера, кој вклучува врвни третмани за лице и тело по пристапни цени, како и масажа, сауна и џакузи. Одличен избор доколку сакате да го смирите умот и да го опуштите телото.

Медицински услуги - искусен и сертифициран медициски персонал кој нуди разни услуги поврзани со бањата и минералната вода. Објектот е лоциран на само 3км од центарот на Куманово, 5км од магистралниот автопат А1, кој ги поврзува Србија и Грција, како и 1км од регионалниот пат Е-871, кој ја поврзува Македонија со Бугарија.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.