Cyber Monday! 92% попуст на прва месечна членарина за онлајн едукативна програма за деца: часови за глума, режија и креативно пишување во училиштето за театар Од игра до претстава во вредност од 1200 ден. по цена од 99 ден.

Цена

99 ден.

Вредност

1200 ден.

Попуст

92%

Заштеда

1101 ден.

  • Младински центар Матично, Булевар Илинден, Skopje, North Macedonia

    Одведи ме таму

    070 991 961 , 076 457 086

    ucilistezateatar@gmail.com

Добивате

Месечна членарина за онлајн едукативна програма за деца

  • Со купонот добивате попуст на првиот месец од наставата (8 часа)
  • Времетраење: Целата програма трае една учебна година (од 15 Ноември до 15 Јуни)
  • Динамика: 2 пати неделно по 60 мин.
  • Едукативната програма е во тек меѓутоа поради тоа што наставата е онлајн вклучување е можно во секое време

Термини: 

  • Мала група:  Вторник  и Четврток од 18:30-19:30ч.
  • Голема група:  Вторник  и Четврток од 19:30-20:30ч.

*По завршувањето се добива диплома за завршена учебна година

Услови

  • Купонот може да се искористи од 26.11.2021 до 15.12.2021
  • Пред купувањето на ваучерот задолжително јавете се на телефонот на компанијата за да се информирате за место во соодветната група, и распоредот на часови за истата.
  • Групите се поделени по годишна возраст: мала група со деца од основно образование и гоолема група за деца во средно образование и студенти
  • Минимална возраст за упис на ученици е 5 год.
  • Купонот не може да го користат лица кои веќе имаат користено купон
  • Купонот не може да го користат лица кои веќе посетуваат часови во училиштето за театар „Од игра до претстава“
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.

Опис

Училиште за театар „Од игра до претстава“, своите активности од областа на театарска едукација на деца и младинци, во учебната 2021/2022 ќе ги реализира онлајн, почнувајќи од 15 Ноември 2021.

  • Каде? - На платформата ZOOM
  • Кога? - Два пати во неделата, во попладневните часови.
  • Кој? – Секој што сака да биде актер, режисер, писател, пантомимчар, акробат, водител...

Театарот е најстарата форма на уметничко изразување. Преку неа човекот спознава, рационализира, комуницира, порачува, прифаќа, се социјализира и го јакне психолошкиот хабитус. Како синкретична уметност, која во себе ги вклучува и музиката, танцот, гестот, мимиката, говорот, звукот и визуелното обликување, театарот е повеќе од само обично место за забава и релаксација.

Театарот претставува определен начин на живеење, размислување и општење. Поаѓајќи од ваквите општи и повеќе од реалните констатации за театарската уметност, долго време во образовниот систем во Македонија се наметнува прашањето зошто учениците не се запознаваат со театарската уметност од најраната возраст. Изучувањето на театарот и драмата од најрана возраст, подразбира подобар процес на социјализација, развивање на психолошките карактеристики на детето. Театарот може да биде и е помошно средство за секој млад човек, во процесот на негово професионално определување во животот.

Имајќи го предвид фактот дека денес кога ние заедно со сите деца на овој свет живееме во ера на претерана технолошка софистицираност, во која се помалку е присутна реалната меѓучовечка комуникација, наспроти онаа виртуелната, театарското образование ќе му понуди на младиот човек, можност да се наврати и да го спознае совршенството на реалната комуникација.

За таа цел, во театарското училиште „Од игра до претстава“ се предвидени низа методолошки дисциплини кои имаат за цел токму тоа: да се врати општењето, вистинската, реалната комуникација меѓу младите, да се поттикнат денешните млади луѓе да мечтаат, сонуваат, фантазираат и да патуваат. Да се изгради здрава, аванградна, револуционерна, интелекутална маса млади луѓе кои ќе бидат достојни херои на нашата иднина.
Вистинското место за тоа е дефинитивно театарот!

Ова е можност за сите ученици од основното и средно образование кои сакаат да научат повеќе за актерството, режијата, театарот или филмот. Преку игра и забава, во училиштето тие ќе се стекнат знаења за:

  • Актер
  • Режисер
  • Драмски писател
  • Пантомимичар
  • Акробат
  • Правилно читање, дикција, интонација
  • Поттикнување на имагинацијата
  • Вештини за работа во група
  • Ослободување од напнатост
  • Јакнење на самодоверба
  • Креативно пишување, раскажување, креирање приказни
  • Импровизација, имитација

Предавањата се одржуваат 2 пати во неделата под менторство на м-р Игор Ивковиќ, театарски режисер, Миодраг Костиќ, дипломиран продуцент, Ирена Илиевска, дипломиран актер и Афродита Киријаковска, дипломиран актер.

За компанијата

Во Училиштето за театар „Од игра до претстава“ ја поттикнуваме самодовербата, вештините за работа во група, ја јакнеме имагинацијата, учиме како правилно се говори, создаваме креативни приказни, имитации, импровизации и секако правиме претстави, мултимедијални проекти и настани од различен вид.

Воедно, Училиштето за театар „Од игра до претстава“ ви нуди:

  • Едукација за актерска игра, режија, креативно пишување
  • Работа на претстава пред публика (крај од учебната година)
  • Учество на домашни и меѓународни фестивали (по изработен проект и константност на групата)
  • Соработка со професионални кастинг агенции и студија за надсинхронизација
  • Издаваштво и помоција на литературни творби
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.