До 66% на третман за убавина по избор: дермоабразија, релакс масажа, мадеротерапија, фенирање, парафин на раце, радиофрекфенција, кавитација, бодимастер, кератин за исправување на коса или трајна шминка за очи во AFRODITA S

Цена од

290 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

600 ден.

Попуст

52%

Заштеда

310 ден.

Преостанато време

Купени: 155

  • Бул. Јане Сандански 113 а, Аеродром

    Одведи ме таму

    02 2448 014, 075 222 803

    afroditasuze@ymail.com

  • Тодор Александров, 79-1/11 Skopje, North Macedonia

    Одведи ме таму

    02 3122 888, 075 222 804

    afroditasuze@ymail.com

Добивате

Опции на понудата:

Дијамантска дермоабразија 1,500 ден. 690 ден.
Релакс масажа (времетраење 60 мин.) 1,200 ден. 590 ден.
Мадеротерапија (времетраење 40 мин.) 1,000 ден. 550 ден.
Фенирање + маска за нега 600 ден. 290 ден.
Парафин на раце 600 ден. 290 ден.
Радиофрекфенција на тело 2,000 ден. 690 ден.
Радиофрекфенција на лице и врат 2,500 ден. 1,200 ден.
Кавитација (времетраење 30 мин.) 2,000 ден. 690 ден.
Бодимастер (времетраење 30 мин.) 700 ден. 450 ден.
Бразилски кератин за исправување на коса (времетраење 2-3 часа) 5,000 ден. 2,500 ден.
Трајна шминка на очи (туш линија) 6,000 ден. 3,990 ден.

*Повеќе за третманите прочитајте во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 11.11.2021 до 15.12.2021
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Купонот може да го искористите во еден од 2та центри за убавина на Афродита С.
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Понудата за кератин, фенирање, трајна шминка и мадеротерапија важи за жени, сите други услуги и за мажи и за жени
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени

Опис

Дијамантска микродермоабразија 
Микродермоабразијата е неинвазивен третман при кој контролирано се отстрануваат изумрените клетки од површината на кожата на епидермисот. Целта е да се отстрани старата кожа со сите несовршености како и несакани појави и промени кои настанале во процесот на стареење. Ексфолијацијата се прави со помош на кристали (алуминиум оксиди). Третманот поттикнува микроциркулација бидејќи работи на принцип на вакум со микро кристали. Се стимулира раѓање на нови клетки и обновување на кожата. Се постигнува голем ефект во ремоделирање на кожата. По третманот ќе се зголеми апсорцијата на кожата за нанесувањето на ампулата и маските кои се составен дел од третманот. Со овој апарат можат да се третираат сите делови на кожата: лицето, градите и секаде кај што е потребно. Со третманот се постигнуваат успешни резултати во:

  • ремоделирање на кожата (подмладување)
  • атрофирана и остарена кожа без еластичност
  • бори-површни и подлабоки
  • кожа оштетена од сонце (пигментации)
  • старачки пеги и флеки
  • хиперкератози на тело (задебелување на кожата)
  • сите врсти на лузни на лицето и телото
  • лузни како последица на акни
  • стрии
  • проширени пори
  • масна кожа

Третманот се прави во период од месец октомври до април, кога сонцето е помалку присутно.

Мадеротерапија
Мадеротерапија, масажа со која во потполност ќе го редуцирате
целулитот и ќе го обликувате вашето тело. Енергична масажа – до комплетен детокс и тонизација. Предноста на користење на специјално обликувани дрвени елементи овозможува интензивен притисок на фиброзниот целулит и отстранување на масни наслаги заедно со останатите токсини. Терапијата е посебно ефективна за:

  • Редукција на струк
  • Елиминација на седечкиот дел на колковите
  • Дефиниција на нозе
  • Затегнување на бутови и нозе
  • Намалување на обем на стомакот

Релакс масажа 
Професионалниот тим во прекрасниот амбиент со специјална музика и миризливи свеќи ќе ви овозможи комплетна едночасовна релаксација и опуштање. 
Масажата има двојно дејство: механичко и рефлексно. Механичкото делува на површинскиот слој на кожата, прави чистење на изумрените клетки, загревање и отварање на порите и со тоа се овозможува подобра секреција, транспарентност на кожата како и подобра пенетрација на препаратот со кој се врши масажата. Со механичката дразба се подобрува протокот на венскиот и лимфниот систем. На крај од масажата добиваме козметичко освежување на кожата, поубава боја, еластичност и измазнување на брчките како и намалување на болка. Со масажата циркулацијата се подобрува за осум пати.

Трајната шминка очи - туш линија 
Помага да се вратат или корегираат контурите на очите и устата и да се добие идеален облик на веѓите според обликот на лицето и очите. Се работи со природни пигменти кои се привремени и постепено почнуваат да избледуваат после една година, а до
потполно избледување 3- 5 години. Со трајната шминка се добива ефект на подмладување и најбитно од се секогаш сте спремни
и уредни во секоја прилика, многу природно и неприметно. Со нагласување на контурите на очите, усните и веѓите добивате поизразен изглед, секогаш
изгледате уредно. Добивате покрупни очи и повесел и поизразен поглед и визуелно се подигнува паднатиот крај на окото.
 
Body master 
Претставува медицински апарат со повеќе програми кои ги комбинираат струите наизменично да делуваат на различна длабочина на ткивата и на различните несовршеноти на телото. Дава одлична ефикасност и пријатно чувство во било која одбрана програма, овозможува пасивно трошење на енергијата по пат на активирање на мускулите, обликување, затегнување на стомакот, задникот, бутините, рацете, градите. Моментално видливи резултати, мастер меѓу третманите за тело, а во комбинација со мадеротерапијата дава одлични резултати. За да се постигнат посакуваните резултати, препорачуваме да се прави 3 пати неделно.

Програми:
  • Разградување на целулит
  • Тонирање и обликување на мускулите
  • Подигнување на градите
  • Лимфна дренажа
  • Зајакнување на мускулите на рацете
  • Спондилоза/лумбаго
  • Атрофија на мускулите после долга имобилизација
 
Бразилски кератин за исправување на косата
Со напредокот на нанотехнологијата научниците во Бразил открија потполно нови и траен третман за коса. Бразилски третман со кератин кој може да “го врати времето назад”. Што е кератин? Структурата на косата е комбинација на комплексни протеини т.н. кератин и влажност. Кератинот, генерално е одговорен за цврстината и отпорноста на косата, додека нејзината природна влажност е одговорна за еластичноста, флексибилноста, мекоста, природниот и здрав изглед.Што е кератин? Структурата на косата е комбинација на комплексни протеини т.н. кератин и влажност. Кератинот, генерално е одговорен за цврстината и отпорноста на косата, додека нејзината природна влажност е одговорна за еластичноста, флексибилноста, мекоста, природниот и здрав изглед. За жал, исправувачи на коса, бојата, минивалот, фенирањето, сонцето, загаденоста, хемикалиите во базените, дури и секојдневното третирање на косата како што се чешлање и шампонирање може да го уништат нивото на кератинот и влажноста на косата. Како влијае кератинот? Ова е револуционерен третман кој користи комбинација на кератин кој би ја излечил оштетената коса заменувајќи го нејзиниот природен кератин кој е изгубен со фенирањето, фарбањето и други хемиски процеси. Овој унапреден третман произведува кератински наномолекули кои влегуваат длабоко во структурата на влакното. Третманот трае 70 дена. После тоа пожелно е повторно да се повтори.Овој третман овозможува да се врати природната цврстина, сјајот и волуменот на косата. Косата е потешка и поздрава и полесно се обликува и фенира.
 
Парафин на раце
Дозволете си барем еднаш месечно парафински третман, кој ќе направи многу за Вашата кожа на рацете. Се пилингува кожата, се додава богата кислородна anti age крема и се става топлиот или ладниот парафин кој стои 15 минути и на крај третманот се завршува со масажа. Ова е единствен третман кој ќе го спречи сушењето на кожата и делува превентивно против стареење. Се препорачува задолжително после наливни нокти како превентива од лампата да не дојде до дехидратација на кожата. Идеално се комбинира и со третманите на лице додека сте под маска, да добиете комплетно релаксирачки третман и на Вашите раце. Парафинот е ароматичен производ богат со растителни маслени екстракти со многу пријатен мирис на егзотично овошје, чоколада, мед и млеко со што Вашиот третман ќе направи да се подобри и Вашето расположение. Седум дена после третманот кожата е многу мазна, сјајна и хидрирана.
 
Радиофрекфенција на тело
Радиофренквенцијата е метод на длабинско загревање на кожата со помош на радиобранови. На периферијата на кожата се создава температура од 40 степени, додека во поткожното ниво температурата е до 60 степени. Нејзиното дејство е такво што ги користи ниските бранови од радиофренквенцијата од 3 КHz (килохерци) – 300 MHz (мегахерци), кои со ниска фреквенција овозможуваат одлични резултати.
Локалното загревање предизвикува моментална реакција на колагенските влакна и истовремено го забрзува метаболизамот на фибропластите со што се забрзува произведувањето на нови колагенски и еластински влакна. Притоа се создава мазна и здрава кожа, која изгледа помладо. Овој метод е неинванзивен, безбеден и едноставен за работа. Потребни се од 5 до 8 третмани за максимални резултати.
 

Радиофрекфенција на лице и врат
Радиофренквенцијата е метод на длабинско загревање на кожата со помош на радиобранови. Затоплувањето предизвикува веднаш ефект на зацврстување каде колагенските влакна на кожата во третираната област се намалуваат. За тоа, фибробластите се стимулираат да произведуваат нов колаген.

Области на примена:

  • Зацврстување на кожа
  • Измазнување на мали линии/ брчки на лице, врат, деколте, горна и долна усна
  • Третман на лакримални вреќи
  • Зацврстување на долниот очен капак
  • Двојната брада
  • Контури на лице (на пример, виснати образи)
  • Тело: абдоминален ѕид, надлактица, локални депоа на масти (на пример. колковите, долниот дел на абдомен, бутовите, целулитот).
Кавитација 
Или ултразвучна кавитација - липосукција без операција. Брзиот развој во медицината и козметологијата придонесоа да се создаде овој производ чии резултати се незамисливи. Нехируршка липосукција е моќна алатка која гарантира резултати на безбеден, ефективен и траен начин.Ефектите се трајни и видливи уште при првиот третман. 
Овој фантастичен апарат трајно ги разградува мастите. Делува на: намалување на локализирани масни наслаги, целулитот и преголемата телесна тежина. Потребни се 4-6 третмани, а просечното губење во обем е од 6-10 см.

За компанијата

Центароот за убавина Афродита -С, успешно работи веке 25 години, а убавината е наша движечка сила и мотивација. Се наога на две локации во Скопје и брои 25 вработени. Оваа бројка постојано се менува и расте како и бројот на Нашите клиенти и услуги.

Тимот на „Aфродита-С“, секогаш ги почитува принципите на деловност и етика, врши континуирана едукација, ги следи најновите научни достигнувања. Се потрудивме овој центар за убавина, да ги задоволи стандардите на најдобрите салони во светските метрополи. Идејата ни беше да создадеме рај за Вашите сетила. Во центар за убавина, во малку поинтимна и луксузна атмосфера од досегашната, може да се ужива во сите услуги кои досега ги нудеше „Афродита-С“ надополнувајќи ги со уште неколку нови.

Во салоните на Афродита-С, може да се уживаат сите услуги:

  • Козметика на лице од класични до најсовремени третмани.
  • Козметика на тело: нега, масажи, депилации, слабеење, затегнување, и обликување на најсовремени професионални апарати
  • Лифтинг на лице, врат, раце и тело
  • Трајно остранување на влакна
  • Трајна шминка на очи, уста и веѓи со најнова метода на сенчање.
  • Јапонско исцртување на веѓи - микроблеидинг
  • Дневна и свечена шминка
  • Трајна депилација
  • Солариум - МегаСан
  • Нега на нокти и стапала
  • Сецијални велнес масажи
  • Најнова метода на наливни и продолжени нокти со дипинг метода.
  • Хијалурон пен/ Дерма пен/ Плазма пен / Микронидлинг / Фибробласт / ФиЈон / Јонска Плазма

* Центар за убавина „Афродита-С“ - Аеродром Бул. Јане Сандански 113-а Тел. 02/2448-014 и 2448-015

* Центар за убавина „Афродита-С“ - Водно ул. „Салвадоре Аљенде“ 79-1/11 Тел.02/3122-888 и 3122-889

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.