33% попуст на билет за претставата Човек, ѕвер и доблест (27.01.2020) во вредност од 300 ден. по цена од 200 ден.

Вредност

300 ден.

Попуст

33%

Заштеда

100 ден.

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

Купени: 50 | Остануваат: 20

Добивате

Еден билет за претставата Човек, ѕвер и доблест (27.01.2020) во Театар Комедија

Услови

  • Купонот може да се искористи од 27.01.2020 до 27.01.2020
  • Купонот важи САМО за претставата Човек, ѕвер и доблест (27.01.2020)
  • Задолжително е да носите испечатен купон
  • Купоните се заменуваат со карти на билетарата на Театар Комедија на самиот ден на претставата најдоцна до 19:30ч.
  • Доколку не го искористите купонот истиот пропаѓа и средствата не може да бидат рефундирани.
  • Купонот не може да се замени за карта од друга претстава!
  • Претставата е наменета за лица над 12+ години

Опис

Семејна драма - Човек, ѕвер и доблест

  • Автор - Луиџи Пирандело
  • Режија - Егон Савин
  • Сценорафија - Весна Поповиќ
  • Костимографија - Елена Дончева               
  • Асистент на косимограф - Ивана Каранфиловска Угровска
  • Избор на музика и адаптација на текст - Егон Савин
  • Превод - Љупчо Петрушевски
  • Лектор - Зорица Манасковс
  • Стручен Консултант - Петар Арсовски
  • Дизајн на Плакат - Сергеј Светозарев

Улоги:

  • Професор Паолино - Атанас Атанасовски
  • Морнар Перела  - Сашо Ристовски/ Тони Денковски
  • Госпоѓа Перела - Сашка Димитровска
  • Доктор Нино Пулејо - Жарко Димоски
  • Аптекар Тото - Жарко Димоски
  • Слугинка Розарија - Кристина Ласовска
  • Ученик Џиљо - Тони Денковски
  • Слугинка Грација - Жаклина Стевковска Дрнасин
  • Ноно, 11-годишен син на Перела - Ева Скендеровска

Пирандело пишувал долго време, поминувајќи ги сите фази од натурализам преку експресионизам и футуризам до авангарда. Но во сите свои дела тој секогаш се занимава со „кризата на моралот“. Лагата и лицемерството во меѓучовечките односи е невозможно да се измерат. Не постои човек што барем еднаш не посегнал по лагата за да ги прикрие своите пороци и слабости. Пиранделовата лична и литерарна слобода се состои во тоа да ги именува нештата со нивното вистинско име. Во современиот театар има изобилство претстави кои зборуваат за човекот конфронтиран со тиранијата на власта, на полицијата, на војската, бирократијата...

Но што кога човекот е загрозен од страна на своите сакани... од оние што му се најблиски?

Семејната драма е најболна драма. Секогаш неочекувана, никогаш отворена, секогаш мимикрирана, маскирана со ритуалите на семејниот живот. Понекогаш оваа игра носи маска на пријателство, нежност, еротска љубов, грижа и пожртвуваност... Овие „маски“, овие ритуали на секојдневниот живот им овозможуваат на луѓето колку-толку поднослив живот, без крв. Таквиот живот по одредено време резултира со презир и омраза кон себеси, резултира со меланхолија, со лудило...

За Егон Савин - режисер

ЕГОН САВИН е редовен професор на Катедрата за режија на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Савин има режирано околу стотина претстави во сите значајни театарски куќи низ цела бивша Југославија, како и во Унгарија и во Италија. Неговите претстави се играат насекаде низ светот, а добитник е и на голем број домашни и меѓународни награди за режија.

Претставата „Човек, ѕвер и доблест“ (Л. Пирандело) му е трета режија во Македонија. Во средината на деведесеттите години Савин работеше на претставите „Злосторство и казна“ (Достоевски) и „Лаж и Паралаж“ (Стерија), поставени во МНТ - Скопје.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.