Одмор во Банско (Јули-Септември)! 48% попуст на ноќевање на база All Inclusive во сместување по избор + користење на СПА центарот во Casa Karina 4*

РАСПРОДАДЕНО

Одмор во Банско (Јули-Септември)! 48% попуст на ноќевање на база All Inclusive во сместување по избор + користење на СПА центарот во Casa Karina 4*

Цена

1,550 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

2,991 ден.

Попуст

48%

Заштеда

1,441 ден.

Купени : 60

  • 5 Kralev dvor Bansko, Bulgaria (България), 2770

  • +359 885 846 816; +359 884 519 400

  • info@bansko-casakarina.com

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00

Добивате

Едно ноќевање за едно лице на база All Inclusive во сместување по избор:

  • Двокреветна соба/студио, цена: 2991 ден. 1550 ден.
  • Апартман со една спална (до две лица)/ Апартман со две спални (три до четири лица), цена: 3209 ден. 1674 ден.

Понудата вклучува:

  • Користење на спа центарот (внатрешен базен, лежалки, фитнес, сауна, парна бања)
  • Хотелско осигурување и туристичка такса
  • Детско катче
  • Бесплатен Интернет
  • Отворен паркинг

Услови

  • Купонот може да се искористи од 14.07.2017 до 15.09.2017
  • Пред купување на ваучерот задолжително проверете дали има слободни места во хотелот за посакуваните дати на телефон или e-mail. 
  • По купувањето на купонот потребно е истиот да го препратите на e-mail адресата од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата.
  • Сместувањето е во двокреветна соба. Потребно е да прeстојуваaт минимум 2 лица, односно да купите минимум 2 купони. 
  • За дете до 5.99 години сместувањето на база на All Inc е бесплатно
  • За дете од 6 до 11.99 години е потребна доплата од 15 Eur на дополнителен кревет за All Inc ноќевање
  • За дете од 6 до 11.99 години е потребна доплата од 16 Eur на редовен кревет за All Inc ноќевање
  • За трето возрасно лице е потребна доплата од 20 Eur на дополнителен кревет за All Inc ноќевање
  • За single сместување потребна е доплата од 12 Eur за All Inc ноќевање
  • За користење на бебешко креветче е потребна доплата од 3 Еur
  • За користење на затворен паркинг со видео надзор се доплаќа 4 еур од ден. 
  • За користење на бањарка се доплаќа 3 Eur од ден и 15 еур депозит
  • За домашни миленици до 5кг се доплаќа 5 Eur на ден
  • Сите доплати се вршат во хотелот на рецепција
  • За увозни пијалоци и еспресо кафе се доплаќа според менито
  • Најавување во хотелот е во 14:00 часот, а одјавување е во 12:00 часот
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Доколку не го искористите ваучерот најдоцна до 30.06.2017 истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат. 
  • Доколку има помалку од 20 гости во хотелот, оброците се според мени. 
  • Во двокреветна соба можат да се сместат 2 возрасни или 2 возрасни + 2 деца на дополнителни кревети 
  • Во студио можат да се сместат 2 возрасни или 2 возрасни + 2 деца на дополнителни кревети 
  • Во апартман со 1 спална соба можат да се сместат 2 возрасни или 2 возрасни + 1 возрасен на дополнителен кревет или 2 возрасни +1 дете до 12 години на дополнителен кревет.
  • Во апартман со 2 спални соби можат да се сместат 4 возрасни на редовни кревети или 3 возрасни на редовни кревети или 4 возрасни + 1 возрасен или дете од 4 до 12 год. на дополнителен кревет.

Опис

All Inclusive програма:

Појадок: 08:00 до 10:00 часот - Корнфлекс, мусли, сирење, кашкавал, шунка, колбаси, салама, маслинки, домати, краставици, јогурт, млеко, кајгана, варени јајца, француски тост, мини кроасани, намаз, торти, џем, мед, путер, сезонски овошја, леб.

Ручек: 12:30 до 14:00 часот - 3 типа салати, супа, голем избор од месни и вегетеријански предјадења, десерти, овошје, леб, бугарски алкохол, пиво, вино, кафе, чај, сок.

Попладневна ужина: 16:00 до 17:00 часот - Слатки и крекери, бугарски алкохол, вино, пиво, кафе, чај, сок.

Вечера: 19:00 до 21:30 часот - Секоја вечер различна порција од различна интернационална кујна, 3 типа салати, скара – при погодно време во градината, разни видови месо и вегетеријанска храна, десерти, овошје, леб, бугарски алкохол, вино, пиво, кафе, чај, сок.

08:00 до 22:00 часот (Кафе, чај, сок, минерална вода - важи само за главниот ресторан)

12:30 – 22.00 ч. – бугарски алкохол (2 вида ракија, водка, џин, рум, мастика), наливно пиво, наливно вино – важи само на територијата на главниот ресторан 

Хотелот Casa Karina (3*) се наоѓа во подножјето на планината Пирин во еден од најубавите ски ресорти- Банско. Casa Karina е на завидна локација, на само 100 метри од гондолата и на 20 минути пешачење од центарот на Банско. Хотелот е отворен преку целата година и овозможува да уживате во незаборавен одмор во секој период од годината.

Соби и апартмани

Хотелот се состои од две згради со вкупно 267 кревети - во една од зградите се наоѓаат удобни апартмани, а во другата има луксузни двокреветни соби.  Двете згради од хотелот се споени заедно со рецепција која ги услужува гостите од двете згради на хотелот.

Зградата со апартманите има 14 студија, 28 апартмани со една спална и 22 апартмани со две спални кои се целосно опремени со се што е потребно за еден фамилијарен одмор. Речиси сите апартмани имаат бањи и кујни. Некои од нив имаат прекрасен поглед на планината Пирин и Рила, додека пак  другите имаат поглед на градот. Другиот дел од хотелот се состои од 54 луксузно опремени двокреветни соби кои се наоѓаат на 4-ти кат. Во секоја соба има француски кревети, гардеробер, огледало и масичка, радијатори, мини бар, телевизор и тепих. Голем дел од собите се со поглед на планина или поглед на градот.

За деца

За најмалите гости, хотелот има забавно детско катче каде што децата заедно со родителите може да си играат и уживаат во одморот.

За бизнис настани

Хотелот Casa Karina има модерна конференциска сала со 100-120 места погодна за семинари, конференции, тренинзи или други настани.

Ресторан и бар

Хотелот има луксузен ресторан со 230 места со летна градина и скара како и лоби бар со 20 места.

Спа центар и базен

Во хотелот има внатрешен базен со температура на водата од 28-29 С’, сауна, парна бања, турска бања, зона за релаксирање, фитнес и солариум.

Интернет, паркинг и место за багаж и скии

Во секоја хотелска соба, апартман, конференциска сала, лоби бар и ресторан има бесплатно wi-fi и подземен паркинг простор со лифт до хотелот. Хотелот располага со простор за чување на ски опрема или багаж.

Дополнителни активности

Хотел Casa Karina има билијард, електронски игри и маса за тенис. Нашиот тим секогаш е подготвен да им помогне и ги советува нашите гости како можат најдобро да уживаат во нивниот одмор. Организираме екскурзии, пикник, прошетки до историските и културните знаменитости на градот Банско, најмување на учител по скијање и ски опрема, јавање коњи, рафтинг, возење ATV и се друго што може да ве забавува и релаксира.

Услуга

Тимот на хотел Casa Karina со својот професионализам и насмевки ќе овозможи се што е потребно за гостите да имаат прекрасен одмор.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ