61% попуст на кинезиолошки преглед - функционален статус + телесни корективни вежби за деформитети на 'рбетен столб кај деца и адолесценти во Центар за физикална и кинезитерапија Laser Med во вредност од 1000 ден. по цена од 390 ден.

Вредност

1000 ден.

Попуст

61%

Заштеда

610 ден.

Преостанато време

Купени: 1

  • ул. Методија Шаторов - Шарло бр.15/1-10, Аеродром, Скопје (зад Тобако 2, спроти Ресторанот Equilibrium)

    Одведи ме таму

    (02)24 66 021, 070 338 754

    laser_med@yahoo.com

Добивате

Кинезиолошки преглед - функционален статус + телесни корективни вежби за деформитети на 'рбетен столб кај деца и адолесценти

Услови

  • Купонот може да се искористи од 06.04.2019 до 10.05.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација

Опис

Најчести деформитети кај деца од претшколска и школска возраст

Резултатите од систематските прегледи на децата во основните и средните училишта зборуваат дека деформитетите на рбетниот столб се во пораст од година во година. Коскено-мускулниот систем на децата во развој под влијание на внатрешните и надворешните фактори подложен е на деформации. Наследноста и лошите навики во држењето, претешките школски торби, кратковидоста, неадекватни школски клупи и столчиња, недоволна физичка активност доведуваат до пореметена статика на рбетниот столб што како резултат има појава на кифоза, сколиоза и лордоза. Брзиот раст на децата во пубертетот неповолно влијаат на развојот на веќе присутните деформации.

Кифоза или подгрбавеност е зголемена кривина на рбетниот столб во градниот дел, но може да се јави и на други делови на рбетот. Посебно е видлива во седечка положба и ја прати свитканост на рамениците на напред. Често последица е брзиот раст како и неправилното седење кај децата кои имаат слаби стомачни и грбни мускули.

Сколиоза е искривување на рбетот во страна, може да биде единечна во облик на буква “C”, двојна кога рбетот се криви на двете страни како буквата “S”, и многу ретко тројна. Нема од надвор видливи очигледни знакови, дури многу често овие деца имаат добро држање што го отежнува благовременото дијагностицирање. Затоа е неопходно децата редовно и внимателно да се прегледуваат и особено внимание да се даде на појава на асиметрија на телото (едното рамо пониско, грудниот кош повеќе истурен на една страна, вдлабнат ребрен лак, нееднакви триаголници на ставата...). За разлика од останатите деформитети кај кои причината е воглавно очигледна, сколиозите се во најголем процент со непозната етиологија па тешко е да се предвиди како ќе напредува што го отежнува лекувањето и давањето на прогноза. За жал некогаш и покрај сите превземени мерки на превенција и адекватно лекување, остануваат трајни последици на коскено мускулниот систем. Затоа е особено важно што порано да се открие деформитетот бидејќи тоа дава поголеми шанси за успех во лекувањето.

Лордоза е пренагласена кривина во лумбалниот дел на рбетот (во крстот). Воглавно е  последица на слабоста на стомачните мускули, но и на деформитет на стапалата и колената кои ги доведуваат нозете и карлицата во неправилна положба што се компензира со нагласена кривина во лумбалниот дел на рбетот. Кога го набљудуваме детето  од страна (од профил) ќе забележиме голем стомак дури и кај изразено слаби деца што се заправо многу ослабени и истегнати стомачни кускули. Иако не се смета за озбилен деформитет кај децата и често не се лекува, а кај подебелите деца поминува дури и незабележано, поради пореметена статика на целото тело во возрасното доба е “слаба” точка на која се појавуваат болки и дегенеративни заболувања.  

Гради

Неправилности во развојот на градниот кош се манифестираат како испакнати и вдлабнати гради. Овој деформитет  поради неправилната положба на ребрата ја намалува вентилацијата на белите дробови и често е здржен со деформитети на рбетниот столб.  

Стапала

На стапалата најчесто се појавуваат спуштени сводови и рамни стапала. На појава на овие деформитети влијае пред се наследниот фактор, но и физичката неактивност, дебелината, неадекватните обувки. Последици се отежнато одење, трчање и стоење, болки во нозете, а понекогаш и во крстот.  

Откријте го деформитетот на време

За да бидат успешно лечени, овие деформитети на стапалата, грудниот кош и рбетниот столб, најважно е нивно рано откривање како при редовните систематски прегледи така и при контрола од страна на родителите и професорите во училиштата. Дали има знаци кои можат да укажат на присуство на деформитет може да се утврди со внимателно набљудување на детето во исправена положба. Најнапред треба да се прегледаат стапалата, дали тежината равномерно е распределена, дали има рамни табани, каква е положбата на прстите и скочните зглобови. Потоа треба да се провери дали колената се допираат или преклопуваат или можеби се отидени премногу назад. Неправилната положба на стапалата и колената доведува до лоша положба на карлицата, која може да биде накривена на една страна или долниот дел е повлечен на назад. Триаголниците на ставата (празен простор кој го ограничуваат трупот и рацете) треба да бидат симетрични. Присутни асиметрии на зглобовите на нозете можат да доведат до нееднаква висина на лопатките и рамената. Рбетниот столб наљудуван од зад грб треба да биде во права линија со јасно изразени коскени продолжетоци.  

Корекција на деформитети

Кога ќе се воочат вакви неправилности, детето се упатува на корективна гимнастика. Тоа се терапевтски вежби кои имаат за цел повторно воспоставување на пореметената рамнотежа помеѓу  коскено зглобниот систем и мускулите. Доколку тоа не е во потполност возможно, треба да се попречи понатамошен прогрес на деформитетот. Корекцијата на деформитетот на рбетниот столб е долготраен процес кој бара големо ангажирање како на медицинските работници така и на детето и неговите родители. Само добро одбрана и во потполност применета кинезитераписка програма на вежби дава моѓност деформитетот да се запре и корегира делумно или во потполност.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.