11 ја следат оваа компанија


img

Цистекс Шедир кесички (граничен производ)

420 ден.

Опис

1.Што претставува и за што се користи производот ЦИСТЕКС ШЕДИР®  

ЦИСТЕКС ШЕДИР®   е  производ во форма на прашок спакуван во кесички кој благодарение на Брусницата, Мечкиното грозје и Ортосифонот, придонесувa за функционалноста на уринарниот тракт.

 VACCINIUM MACROCARPUM AITON (Брусница) е растение што припаѓа на семејството Ericaceae со потекло од Америка и е попозната како американска брусница. Органските киселини содржани во брусницата заедно со проантоцијанидините може да придонесат за регулирање на функцијата на уринарниот тракт, особено да го намалат прилепувањето на бактерии во епителиумот на мочниот меур и да го поттикнат одвојувањето на веќе прилепените бактерии.

ARCTOSTAPHYLOS UVA-URSI (L.) SPRENG (Мечкино грозје) е растение што припаѓа на семејството Ericaceae со потекло од Северна Европа.  Главната состојка  на екстрактот од лисјата на мечкино грозје е Арбутин, фенолен гликозид кој се претвара во слободен хидрокинон и токму на него се должи позитивното дејство на Ува Урси врз уринарниот тракт.

ORTHOSIPHON STAMINEUS BENTH (ОРТОСИФОН) е растение кое припаѓа на семејството Lamiaceae, и потекнува од Азија. Ортосифонот е богат со  флавоноиди, како што е Синенсетинот и благодарение на својот богат состав има диуретичко,прочистувачко и антисептичко дејство врз уринарниот тракт.

LACTOBACILLUS ACIDOPHILUS SGL 11: дејствува позитивно такашто  ја спречува адхезијата на патогените микроорганизми (особено Escherichia coli) на мукозата на уринарниот тракт.

2.Што треба да знаете пред да го употребите производот ЦИСТЕКС ШЕДИР®  

Немојте да го употребувате  производот  ЦИСТЕКС ШЕДИР®  доколку сте алергични или преосетливи на некоја од состојките на производот. Производот не е наменет за деца под 3 години.

Бременост и доење: Бремени жени и доилки да се консултираат со лекар пред употреба на производот.

Важни информации за некои состојки на производот : производот содржи  казеин, и/или лактоза, и деривати на млеко.  Не содржи глутен.

3.Како се употребува  производот  ЦИСТЕКС ШЕДИР

Секогаш употребувајте го  производот според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал вашиот лекар или фармацевт 

Дозирање:

Препорачана дневна доза за возрасни лица е 2 кесички на ден, растворени во вода подалеку од оброците. Доколку не е забрането или поинаку советувано од Вашиот лекар ЦИСТЕКС ШЕДИР®   може да се користи во континуитет од 3 до 6 месеци. Овој циклус може да се повтори ако е потребно,по консултација со Вашиот лекар.

Производот неможе да биде замена за правилна исхрана, при употреба на истиот се препорачува балансирана исхрана и здрав начин на живот.

4.Можни несакани дејства на производот ЦИСТЕКС ШЕДИР®  

Досега нема пријави за несакани дејства на производот. Ако забележите било какви несакани дејства кои не се споменати ,Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт.

5.Начин на чување и рок на употреба на  производот ЦИСТЕКС ШЕДИР®    

Чувајте го производот подалеку од дофат на деца! Производот треба да се чува на суво и студено место, подалеку од извори на топлина, светлина и влага.

Рок на употреба: Рокот на употреба е означен на пакувањето.  Рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.

Не го употребувајте  производот по истекот на рокот на употреба!

6.Дополнителни податоци за  производот   ЦИСТЕКС ШЕДИР®    

 Што содржи производот ЦИСТЕКС ШЕДИР®?

Состојки содржани во 2 кесички(препорачана дневна доза) :

Брусница сув екстракт од плод 1г (вкупни Проантоцијанидини 40 мг),Ува Урси сув екстракт од  лист  200мг(20% Арбутин) , Ортосифон сув екстракт од лист 30мг (0,2 Синенсетин), Лактобацилус ацидофилус СГЛ11 тиндализиран 3 билиони,  фруктоза,малтодекстрини,вкус,сок.

Изглед и големина на пакување

Една кутија  ЦИСТЕКС ШЕДИР®   содржи 10 кесички по 3,5г кои не се наменети за поединечна продажба.

Начин на издавање на  производот:

Производот се издава и/или продава без рецепт.

Носител на одобрението за ставање на производот  во промет

Пантер Факс ДООЕЛ Ул.Живко Чинго бр.4 1000 Скопје

Производител на производот  REMISE EN FORME Srl Italy –Via di Tor Saplenza, 211-00155 Roma произведува за SHEDIR PHARMA Srl Italy-Via Bagnulo, 95 -80063 Plano di Sorrento (NA)

Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи: 11-7864/2 од 26.07.2018   

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна испорака на сите нивни производи, за нарачки над 700 денари.
  • Време потребно за достава во Скопје: 3-5 работни дена по процесирање на нарачката
  • Време потребно за достава низ Македонија: 5 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 078 388 898, 078 325 798
  • Види ја продавницата на "Пантерфарм" овде 
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

За компанијата

Пантерфарм е компанија која од 2007 година работи во областа на фармацијата. Посветени сме на промовирање здравје, нудејќи широк спектар на високо квалитетни хранливи производи и природна козметика, достапни за секого. Искористете го и Вие совршенството на природата и помогнете му на Вашиот организам на здрав начин да ги надмине предизвиците на секојдневието.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.