Одмор каков што посакувате на Охридско Езеро (01.10 - 01.04.2019)! До 36% попуст на ноќевање со појадок во двокреветна соба за денови по избор + користење на СПА центарот во City Palace Hotel 4*

Одмор каков што посакувате на Охридско Езеро (01.10 - 01.04.2019)! До 36% попуст на ноќевање со појадок во двокреветна соба за денови по избор + користење на СПА центарот во City Palace Hotel 4*

Вредност

2,325 ден.

Попуст

36%

Заштеда

835 ден.

Преостанато време

Купени : 58

  • Кеј Македонија бр.31, Охрид

  • 046 200 520

  • info@citypalacehotel.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува ноќевање со појадок во двокреветна соба за денови по избор

  • Работни денови: (Пон. до петок), цена: 2325 ден. 1490 ден. 
  • Викенд денови (Сабота и недела), цена: 2325 ден. 1650 ден.  

Во понудата е вклучено:

  • Користење на СПА центарот
  • Бесплатен паркинг​

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.10.2018 до 01.04.2019
  • За закуп на двокреветна соба потребно е да купите 2 купони
  • Пред купувањето на купонот потребно е да се информирате во хотелот на емаил или телефон за слободни места 
  • По купувањето на купонот потребно е истиот да го препратите на e-mail со цел да ја комплетирате резервацијата Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа
  • Превозот не е вклучен во понудата 
  • За деца од  0 до 6.99 години е бесплатно.
  • Доколку не го искористите ваучерот до наведениот рок истиот пропаѓа и средствата не може да ви бидат рефундирани 

Опис

Хотел ‘City Palace е совршено место кое што вашиот одмор ќе го претвори во вистинско уживање. Одличната услуга и комфорот кој го нудиме, надополнети со прекрасниот поглед кон стариот дел на градот и прекрасното Охридско Езеро дополнително придонесуваат за тоа. Неговата местоположба е на самиот брег на Охридското Езеро на оддалеченост од само 200 метри од центарот на градот. Овој новоотворен Хотел со 4 ѕвездички со своите карактеристики ви гарантира високо ниво на квалитетно сместување. 

Хотелот располага со 16 соби (еднокреветни, двокреветни или трокреветни) луксузно опремени, 2 Delux соби кои во склоп на самата соба како и 2 јуниор соби.  Истите имаат можност за користење и како апартмани. Собите се пространи и целосно опремени со: луксузен мебел, сопствена бања, балкон, мини-бар, телевизор, телефон, wi-fi конекција, сеф, фен, централно греење и ладење. Сите соби имаат поглед кон прекрасното езеро.
Хотелот ‘’City Palace’’ исто така нуди одличен национален ресторан во кој можете да уживате во специјалитетите и автентичната храна на македонското поднебје. Екстра услуги: сауна, турска бања и масажа. Располагаме со бесплатен паркинг.

Grouper водич

Градот Охрид е најпознат по своите средновековни тврдини, археолошки наоѓалишта, спомен-куќи, музеи и цркви. Наш предлог е да ги посетите едни од најпознатите: Самуиловата тврдина (X/XI век, Народен музеј - Куќите на Робевци и Христо Узунов, Музеј на словенската писменост (XVIII век), Антички амфитеатар, Спомен-куќата на Григор Прличев, Светиклиментовиот универзитет и археолошките наоѓалишта на Плаошник. Ах да, и да не го заборавиме фактот дека Охрид е домаќин на вкупно 365 цркви, по една за секој ден во годината. Доколку се уште не сте ги виделе овие безвременски градби, не двоумете се да ги посетите црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум, црквата Св. Јован Канео и многу други повеќе или помалку познати цркви во и околината на Охрид.

Не заборавајте да пробате охридско ѓомлезе и да пиете кафе во некој од кафиците покрај охридскиот кеј и да уживате во поглед кон езерото.

Охрид - градот на големиот број на цркви и манастири, градот познат како Балкански и Европски Ерусалим. Градот го краси најголемото природно езеро по кое го добил своето име, Охридско езеро кое воедно е и најдлабокот езеро на Балканот. Градот Охрид, наследник на стариот Лихнидос, постои повеќе од 2500 години. Уште од антички времиња, на просторот на градот Охрид достигнувањата на цивилизацијата се менувале, со подеми и падови. Градот Охрид го преживеал сето тоа и постои под истото име се до денес. Легендата кажува дека основач на античкиот град на овој простор вил Феникиецот Кадмо, кој основал династија заедно со античките Енхелени.

Како град заштитен под UNESCO, Охрид денес е збир на антички, старовековни градби, богата култура и автентична архитектура која е препознатлива за овој град. Неверојатните пејзажи и недопрената природа се уште една причина плус зошто Охрид станува најомилен град меѓу туристите. Планината Галичица и истоимениот национален парк ги нудат најдобрите патеки за планинарење и велосипедизам и незаборавниот поглед кон Охридското езеро. Интересен факт е што охридскиот бисер е вистински "дијамант" на Охрид. Тој не се прави од школки туку од крлушките на рибата плашица. Рецептот и начинот на изработка на охридските бисери доаѓа од руски војник кој занаетот го пренел само на едно семејство во Охрид.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ