Дестинација Македонија - BEST SELLER ХОТЕЛ! Ексклузивен одмор во Дебарски Бањи во Ноември! 40% попуст на ноќевање со појадок, ручек и вечера + користење на СПА центарот во Бањишт Хотел & СПА 4* во вредност од 2511 ден. по цена од 1499 ден.

Добивате
Понудата е по лице и вклучува:
- 1 ноќевање со појадок, ручек и вечера во двокреветна или трокреветна соба
- Лекарски преглед (задолжителен за сите што ќе користат третмани)
- Користење на термален СПА центар + терапии (со лекарско одобрение)
Достапни терапии:
- Хидротерапија (во базени со термо-минерална вода)
- Фанготерапија
- Кинези терапија
- Електротерапија
- Користење на парна бања и сауна
*Потребно е да престојувате минимум 2 ноќевања
Услови
- Купонот може да се искористи од 01.11.2018 до 30.11.2018
- Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон.
- Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа.
- По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата.
- За закуп на соба потребни се 2 купони, односно престој на 2 лица.
- Потребно е да престојувате минимум 2 ноќевања, односно да купите 2 купони.
- За еднокреветна соба се доплаќа 1255 ден. од ноќевање
- За деца од 0 - 6 години е бесплатно
- За деца од 6 - 12 години се доплаќа 1255 ден. од ноќевање
- Напомена: во цената не се вклучени туристичката такса, пијалоци, масажа и третманите за убавина.
- Задолжително приложување на отпечатен ваучер на рецепција при пристигнувањето во хотелот.
- Доколку не го искористите купонот до наведениот рок, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат.
Опис
Бањишт Хотел & СПА се наоѓа на 880м надморска висина во селото под истото име Бањишт во Дебар. На ова локација има неколку извори се термо-минерална вода со оптимална температура за човековото тело од 39 Целсиусови степени, каде воедно се сместени и два стари базени изградени од Дебарчанецот на фамилијата Оручи Заде, Хаџи Мухамед, во 1797 година.
Термо-минералната вода е 100% природна, и базените постојано се снабдуваат со свежа вода (нера филтрација и рициркулација). Водата е класификувана како најбогата со минерали во Европа, со 4 гр сув остаток на минерали во 1 литар вода: Сулфур. Калциум, Калиум, Магнезиум, Железо, Натриум идр. Единствени сме во регионот што нудиме природна фанго терапија а сме победници на многу значајни награди како најдобар Медикал СПА Ресорт во Балканот, меѓу кои мора да ги истакнеме БАХА 2014 и СПА Номинатион 2015.
Хотелот е изграден во 1948-та година, Поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши оваа вон временска убавина и хармонија која како да го достигнала својот максимум на ова свето место, Бањишт однадвор ја има својата традиционална архитектура, но во внатрешниот современиот и луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат сите гости. Последни големи реновирања на хотелот се направени во 2012 и 2016 година.
Бањишт Хотел & СПА располага со вкупно 126 соби ( двокреветни и трокреветни соби ). Сите третмани се нудат во еден затворен комплекс, затоа надворешните климатски температури воопшто не влијаат врз услугите а самиот хотел нуди 24 часа централно греење во сите простории.
Достапни терапии кои може да се користат:
- Хидротерапија - во базени со термо-минерална вода (07:00 до 18:00 часот)
- Фанготерапија (07:00 - 14:00 часот)
- Кинези терапија (07:00 - 14:00 часот)
- Електротерапија (07:00 - 14:00 часот)
- Користење на парна бања и сауна (15:00 - 21:00 часот)
Ценовникот на пијалоците можете да го погледнете ТУКА.
Grouper водич
Дебар е град кој што изобилува со прекрасни пејсажи, опколен со планини во комбинација со езерото се добива волшебствен спој од кој што може да ви застане здивот, во минатото бил познат како важен центар во западниот дел на Македонија, благодарејќи на тоа што во негеова близина бил познатиот пат Виа Егнација, карактеристични за овој крај се ѕидарите и занаетчиите кои биле прочуени дури и во Истанбул и барани насекаде низ регионот, истите се одговорни за многу убави градби низ државата па и манастирот Свети Ѓорѓи Победоносец; Дебарските Бањи и старите занаетчиски дуќани. Св. Ѓорѓи Победоносец е сместен во село Рајчица на само 2 километри од градот. Таму се чуваат дел од моштите на Свети Ѓорѓија, има прекрасна архитектура и поглед на Дебарското езеро, а секогаш пријатните монахињи ќе ве понудат со кафе и чај.
Пред влезот во Дебар (од двете страни) има заобиколен пат околу Дебар.Тој пат ќе ве одведе директно до плажите на Дебарското Езеро. Иако има километри плажи, урбанизиран е само мал дел од крајбрежјето а водата е пријатна и релативно чиста.
Покрај езерото препорачливо е да се искористат и Дебарските Бањи кои се ефикасни за лекување на различни болести: заболувања на локомоторен апарат; заболувања на нервниот систем; заболувања на гастро-интестиналниот систем; заболувања на респираторниот систем; заболувања на уро-гентиналниот систем; ендокрини заболувања; ортопедски заболувања и состојби после трауми; кожни заболувања. Лекувањето се врши со различни терапии: хидритерапија, фанготерапија, кинезотерапија, електротерапија, фототерапија, кинезитерапија, масажа, сауна, воздушна терапија.
Во близина на Дебар е и подземниот коп кој се наоѓа под регионалниот пат Маврово – Дебар, кај село Рајчица каде гипсот е во форма на кристали кој што има потенцијал да прерасне во една туристичка атракција за овој крај.
Не изоставувајте ни една од предложените дестинации во околината на Дебар веруваме дека ке имате моменти кои што ке ги прераскажувате на блиските и пријателите.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
- RO: Ноќевање
- BB: Ноќевање со појадок
- HB: Ноќевање со појадок и вечера
- FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
- AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.