Дестинација Македонија! Одморете на свеж, планински воздух (Ноември)! 30% попуст на ноќевање со појадок во Хотел Конак - Попова Шапка во вредност од 1250 ден. по цена од 875 ден.

Цена од

875 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

1250 ден.

Попуст

30%

Заштеда

375 ден.

Преостанато време

Купени: 12

  • Ски центар Попова Шапка

    Одведи ме таму

    070 329 898

    info@konak.com.mk

Добивате

Ноќевање со појадок по лице во Хотел Конак - Попова Шапка

Опции на понудата:

1 Ноќевање со појадок за едно лице 1,250 ден. (20 еур)
875 ден. (14 еур)
3 ноќевања со појадок за две лица 7,500 ден. (121 еур)
5,000 ден. (81 еур)

*Капацитетот на собите е од 2 до 5 лица

*Kупоните може да се комбинираат за повеќе ноќевања

Услови

  • Купонот може да се искористи од 12.10.2020 до 30.11.2020
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Доплата: туристичка такса од 40 ден. по лице од ден
  • Задолжителна е претходна резервација на телефон пред да ги купите купоните
  • По купување на купонот потребно е да ги испратите купоните на емаил за да ја потврдите резервацијата
  • Капацитетот на собите е од 2 до 5 лица
  • Доколку сакате да искористите ваучер за туризам следете ги следните инструкции https://grouper.mk/domasiedoma
  • Ваучерот за туризам може исклучиво да го користи лицето на чиешто име гласи ваучерот и истиот не може да биде предаден на користење на трето лице.
  • Доколку не се искористи полната сума на ваучерот не се враќа кусур.
  • Хотелот ги следи мерките за заштита од COVID 19

Препораки за гостите:

  • При движење во хотелот задолжително е носење на маска и следење на Мерките за заштита
  • Потребно е ограничување на собири и држење на меѓусебно растојание
  • Доследна грижа за хигиената на рацете, со миење со сапун и вода или дезинфекција по допир на какви било нечисти површини.
  • Доследно следење на упатствата од персоналот во врска со обезбедување соодветно меѓусебно растојание, складирање на багаж и гардероба, начинот на давање услуги, употреба на опрема, користење на тоалети, плаќање на услуги.

Опис

Претставува  современ планински објект заснован на традиционален изглед. Се наоѓа на Шар планина на скијачкиот центар Попова Шапка на 1760 м.н.в. Поволна географска положба релативно блиску од Тетово 18 км и Скопје 55 км  главниот град на Република Македонија прави да биде посетен од голем број на туристи како во летната така и во зимската скијачка сезона.Особено задоволство ќе ви даде  внатрешноста на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен  поглед на скијачките терени. На платото пред домот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број на сончеви денови кои се главна карактеристика на скијачкиот центар Попова Шапка.

Ресторан

Ресторанот воодушевува со својот раскошен ентериер изработен од дрво и камен. Врвната услуга, прекрасниот амбиент исклучително добра храна и поволни цени ви овозможуваат да поминете незаборавни мигови во нашиот ресторан. Ресторанот се наоѓа на првиот кат од објектот и располага со внатрешна сала со капацитет од 50 гости и надворешна летна тераса со капацитет од 100 гости. Повелете на појадок, ручек или вечера во топол амбиент каде мирисот и вкусот создаваат магија.

Ски кафе

Ски кафето во склоп на ”Конак”  изминатите десет години работи во текот на целата година и со право го добива епитетот најпопуларно место на Скијачкиот центар Попова Шапка.  Преку ден може да се опуштите во топол амбиент со широк асортиман на топли напитоци и освежителни пијалоци или да престојувате на сончевата тераса која има јужна ориентација со отворен поглед кон скијачките терени и целосен преглед на најпознатиот скијачки терен "Церипашина".

Кога и да ја посетите Попова Шапка ”Конак” е тука за вас 365 дена во годината. Дојдете и уверете се зошто сме најпосетено место на Попова Шапка.

Сместување

Сместувачкиот дел на ”Конак”  се состои од планинарски и хотелски дел. Понудата важи за хотелскиот дел. Во планинарскиот дел на распоилагање се пет планианрски соби со кревети на кат кои користат заедничко купатило и се доста погодни за планианри и палнианрски групи.

Хотелскиот дел го сочинуваат 12 соби со сопствено купатило опремени со удобни кревети кои пружаат удобен и мирен сон и заедно со планинскиот воздух прават многу брзо да се чуствувате одморни и наспиени. Во склоп на хотелскиот дел се наоѓа и сауна која е на располагање на гостите.

Оринетацијата на собите е јужна со отворен поглед кон скијачките терени на Попова Шапка.

Самата местоположба на објектот на самите скијачки терени нуди можност за брз и лесен пристап кон самите терени. 

Било да сте љубител на скијањето, природата или едноставно сакате да уживате на Попова Шапка во ”Конак” секогаш ќе ве пречекаат гостопримливи и добри домаќини.  

Ве покануваме да го поминете Вашиот одмор или викенд во ”Конак”.

Зошто Grouper тимот ви препорачува да го посетите ТЕТОВО

  • Според една народна легенда, некогаш, во непосредна близина на градот, меѓу два рида, живеела голема змија од која се плашеле сите. Никој не се осмелувал на страшната ѕверка да ѝ излезе на мегдан. Само некојси Тето излегол маж. Оттогаш, според легендата, местото каде што била убиена змијата со меч и штит (калкан), било наречено Калкандели, а градот (на турски) – Калканделен. Во сеќавање на јунакот Тето, пак, месното население населбата ја нарекло со името Тетово.
  • Крајот е населен уште од неолитот и до ден-денес овде се мешаат култури, религии и го прават местово толку единствено.
  • А има ли нешто порепрезентативно за некое место од локалната храна? Нема! Кој е најпрочуениот тетовски бренд? - Грав. Зашто за тетовскиот грав приказни се раскажуваат.
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

irena.arsova

toplo preporacuvam. ljubezni domakini.

Член на Grouper од: 16-07-2012

sandra

Здраво Ирена, Ви благодариме за позотивниот фидбек и убавите зборови. ?

Член на Grouper од: 01-04-2019
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.