Дестинација Македонија! Уживајте во чист и планински воздух во Национален парк Пелистер (Септември-Октомври)! До 44% попуст на 2 ноќевање со појадок во Хотелот Шумски Фенери + фамилијарна ROCKY TRAIL тура + посета на пчеларска фарма на Пелистер

Цена од

3500 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

5000 ден.

Попуст

30%

Заштеда

1500 ден.

Преостанато време

  • Соборен храм „Свети Климент Охридски“, Boulevard Partizanski Odredi, Skopje, North Macedonia

    Одведи ме таму

    071 206 220 ; 072 221 732

    info@enjoybalkans.net

Добивате

Понудата е по лице за 2 ноќевање со појадок во сместување по избор

Опции на понудата:

2 BB ноќевања во двокреветна Економи соба 5,000 ден. (81 еур)
3,500 ден. (56 еур)
2 BB ноќевања во двокреветна Стандард соба 5,500 ден. (89 еур)
4,000 ден. (65 еур)
2 BB ноќевања во трокреветна соба 5,000 ден. (81 еур)
3,400 ден. (55 еур)
2 BB ноќевања во Суит 5,500 ден. (89 еур)
3,100 ден. (50 еур)
2 BB ноќевања во сингл соба 6,000 ден. (97 еур)
5,000 ден. (81 еур)

Во понудата е вклучено:

 Две ноќевања во Х. Шумски Фенери со појадок, надалеку познат по разновидните специјалитети, прекрасниот домашен амбиент и љубезни домаќини
  • фамилијарна ROCKY TRAIL тура
  • посета на пчеларска фарма на Пелистер

Економи соба: опремена со брачен кревет и може да се сместат до 2 возрасни особи и дете до 3 години.

Стандардна соба: опремена со Брачен кревет или два единечни кревети и може да се сместат до 2 возрасни особи со дете до 3 години.
Трокреветна соба: опремена со Брачен кревет и единечен кревет и може да се сместат до 3 особи (2 возрасни + 1 дете над 3 години)
Суит: составен од 4 кревети и може да се сместат до 4 возрасни особи (или 2 возрасни + 2 деца)   

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.09.2020 до 30.10.2020
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација и потребно е да се информирате за слободни капацитети директно кај нашиот агент партнер
  • По купување на купонот потребно е да ја потврдите резервацијата
  • Потребно е да престојувате минимум две лица, односно да купите два купони 
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Хотелот ги следи мерките за заштита од COVID 19

Препораки за гостите:

  • При движење во апартманите задолжително е носење на маска и следење на Мерките за заштита
  • Потребно е ограничување на собири и држење на меѓусебно растојание
  • Доследна грижа за хигиената на рацете, со миење со сапун и вода или дезинфекција по допир на какви било нечисти површини.
  • Доследно следење на упатствата од персоналот во врска со обезбедување соодветно меѓусебно растојание, складирање на багаж и гардероба, начинот на давање услуги, употреба на опрема, користење на тоалети, плаќање на услуги. 

Опис

Хотелот Шумски Фенери се наоѓа во пазувите на Баба планина, сместен е на само 4 км од Градот Битола, на 900 метри надморска височина.

Во објектот на хотелот се наоѓа и ресторанот кој што нуди перфектна храна со висок квалитет. Без разлика дали сакат да го посетите прекрасниот Пелистер во зима и да уживате во благодетите на снежната природа, или во лето, да избегнете од градските гужви, нашиот хотел ви стои на располагање.

Хотелот е добро познат по својот ресторан, со капацитет од 120 седишта и елегантен декор. Тој нуди традиционална народна кујна, како и интернационални јадења со највисок квалитет, кои се приготвува по желба.

Хотелот е сместен во пазувите на Националниот Парк - Пелистер, кои се наоѓа на 900м надморска височина, во најживописниот дел од парчето природа кој може да се замисли во овој ден на државата. Уживајте во прекрасната природа што го опкружува нашиот хотел која ви овозможува моменти на свеж планински воздух.

Хотелот располага со 17 ексклузивни соби, од кои: 4 апартмани 9 двокреветни соби 4 еднокреветни соби. Секоја соба вклучува: приватна бања телефон телевизор мини-бар Хот национaлен ресторан елски содржини Хотелот ги нуди следниве содржини: сала за конференции коктел бар.

⦁    Прекрасна пешачка тура во придружба на локален искусен лиценциран водич низ најстариот Национален парк во Македонија. Пелистер е прогласен за заштитено природно подрачје во 1948 година.

Rocky Trail на Пелистер е рангирана како една од 50те најживописни патеки во Европа. Патеката е доста блага и поголемиот дел поминува низ бујна вегетација во која доминира  ендемичното дрво Молика. За време на прошетката ќе имате можност да се запознаете со разновидни планински цвеќиња, да берете шумски јаготки и малини и да уживате во несекојдневен див поглед на камењарите или камените реки. Роки треил е идеален избор за фамилијарен излет. Исто така,  гостите ќе имаат можност да видат остатоци од ровови и утврдувања од првата светска војна. Патеката завршува на Јоргов Камен од каде се протега прекрасен панорамски поглед на Битола и Пелагонија. На Јоргов Камен ќе биде послужен пикник ручек на гостите.
За све да биде супер интересно и пред се безбедно ќе се погрижи нашиот професионален локален планински водич.  

Вториот ден, после доручек, предвидена е посета на пчеларска фарма каде ќе се запознаете со многу фасцинантни факти за пчелите – инсект без кој нема живот на земјата!

Дознајте како се произведува и какви видови на мед постојат, што е тоа матичен млеч, прополис, како се прави восок, како се собира полен и за што може да се користат пчелните производи. За време на ова доживување ќе може и да ја погледнете и поздравите големата мајка матица, секако комплетно заштитени со пчеларска униформа, капа и инструкции од искусен пчелар. Едно е сигурно дека ќе се вратите побогати со информации за овие чудесни и исклучиво вредни инсекти.
Дополнително, доколку сакате можете со доплата да инхалирате здравје дирекно од кошницата на пчелите. Ова е нов здравствен метод кој станува се по пуларен на запад и посебно се препорачува за луге кои имаат проблеми со респираторниот систем. А дали знаете дека има успешна метода за лечење на заболени од Ковид 19 со помош на пчели?

Секако, нашите гости ќе можат да купат мед, матична млеч, прополис и други производи, по специјални цени.

Факултативи:

За оние со нескротлив авантуристички дух кој сакаат да го освојат врвот и да стасаат каде неможе секој имаме дополнителна понуда:
Џип Сафари до самиот врв на Баба планина со посета на познатите глацијални езера - Пелистерски Очи и врвот Пелистер од каде ќе можете да ја видите половина Македонија, нормално ако временските услови го дозволуваат тоа.
Турата до Големото Езеро (2218 м) и Малото езеро (2180 м) трае вкупно 8-9 часа (искачување, релаксација кај езерата и симнување).
Програмот ќе се реализира со искусен водич/возач, возила со погон на 4 тркала (Land Rover Defender) Пауза со ланч пакет (вклучен во цената) во планинарскиот дом покрај Големо Езеро.

*Напомена реализацијата на турата е зависна од временските услови. Доколку има неповолна временска прогноза може да се одложи турата или да се врати уплатениот износ во целост

Цена на излетот:
Број на особи            2           3         4           5
Цена по особа       3950    2900     2400    2000

Цената е изразена во денари и вклучува:  
⦁    превоз со 4 х 4 возило и сите трошоци
⦁    искусен возач/водич

Резервацијата и плаќањето на џип тура се прави директно на рецепција.

Пелистер е најстариот Национален парк во Македонија уште од 1948 година. Паркот изобилува со природни убавини и реткости вклучително и ендемското дрво Молика која е специфичен бор со 5 иглички и може да се најде само на Баба планина. Покрај бројните патеки може да уживате во безброј видови на цвеќиња, шумски малини, јаготки...
Пелистер ја крие и страшната приказната од првата светска војна. Целата планина сеуште ги има лузните од пред сто години...  
За ова викенд доживување го одбравме хотелот Шумски Фенери надалеку познат по разновидните специјалитети, прекрасниот домашен амбиент и љубезни домаќини

Зошто Grouper тимот ви препорачува да го посетите ПЕЛИСТЕР 

  • Легендата вели, Пелистер бил некое убаво момче во кое се вљубиле две сестри. Мајка им, гневна на нивната љубов, ги избркала в планина и ги проколнала да бидат блиску една до друга, а сепак да не можат да се видат.
  • Сестрите талкале низ планината и совладани од замор и очај, што поради несудената љубов, што поради суровата мајчина клетва, се фрлиле на земјата и почнале да плачат. Од нивните солзи се создале две преубави сини езера – Пелистерски очи.
  • Вилата „Дихово“, во подножјето на Пелистер, која е стара камена куќа на два ката со мал дрвен чардак на горниот кат е комплетно реновирана и уредена со рачно правен дрвен мебел.
  • Интересен факт е оној со Големото Езеро на кое се наоѓа планинарскиот дом „Димитар Илиевски‐Мурато“, наречен во чест на нашиот херој што го развеа македонското знаме на врвот на светот – Монт Еверест во 1989 год.
  • Географски, Пелистер е највисокиот од 24-те врвови повисоки од 2.000 метри на планината Баба.
  • Така е на Пелистер, луѓето се грижат за шумата, а таа се грижи за нив. Климата е мека медитеранска, целата област се капе во сочно зеленило, а Егејот молчешкум го шири својот морски здив преку планината.
  • Пелистер е познат македонски ски-центар и се наоѓа на 1.420 метри надморска височина. На само сто метри од почетната станица на двоседешницата се наоѓа хотелот „Молика“.
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.