70% попуст на оптометриски преглед со единствениот апарат во Македонија - Eye Genius во DIOPTRA COUTURE во вредност од 1500 ден. по цена од 450 ден.

-
ВЕБ СТРАНА
-
НАВИГАЦИЈА
-
FACEBOOK
Добивате
Оптометриски преглед со единствениот апарат во Македонија - Eye Genius во DIOPTRA COUTURE
Услови
- Купонот може да се искористи од 26.10.2017 до 15.12.2017
- Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Купонот може да се искористи на следната локација: DIOPTRA COUTURE (ул. Максим Горки - Hotel Marriott)
- Задолжителна е предходна резервација на следниот телефонски број 02 311 1164
- Доколку не го искористите купонот до наведениот рок, средствата не може да се рефундираат
Опис
Eye Genius во Dioptra: Најсовремениот преглед на очи
Dioptra веќе две децении постои на пазарот во Македонија водејќи се од клучни принципи кои редовно водат кон светски норми. Шест поглавја го красат успехот на Dioptra. Dioptra Couture, Dioptra Optics и Dioptra Outlet редовно се надградуваат овозможувајќи бројни опции за лицата кои сакаат да го истакнат својот карактер и стил преку големиот избор на диоптриски очила и очила за сонце. Како секој човек така и секој салон на Dioptra има свој карактер и на најразлични начини ги задоволува потребите и на најуникатните индивидуи.
Темелот на секоја надградба која ја воведува Dioptra во својата понуда потекнува од мотивацијата која е резултат на желбата да им помогне на луѓето да имаат трендовски, комфорен и совршен вид. Новиот чекор на Dioptra кон исполнување на оваа желба доаѓа од најновиот софтвер за преглед на очи, Eye Genius од Hoya. Dioptra се први во регионот кои го инсталираа Eye Genius и со тоа цели да им понуди беспрекорен вид на клиентите.
Офтамолошката оптика е насочена да овозможи подобар вид за секого. Секојдневно има нови филтри или дизајн на офтамолошки леќи, но ова што јапонскиот бренд Hoya го постигнува е најдобро и на глобално ниво. Прегледот на Eye Genius е базиран на интерактивна процедура која вклучува 80 тестови во која пациентите се директно инволвирани. За помалку од 10 минути од мултидисциплиниран тест пациентот добива резултат и доколку е потребно одредено поместување на сликата со помош на призми. Со тоа се добиваат совршени корекции. Сите потребни мерења се прават со најсовремената опрема за резултатот да е професионален и прецизен.
Очите се посебен орган и секое око формира своја слика, а фузирањето на тие две слики во една ни го дава стереоскопскиот вид. Многу често формирањето на тие слики е на различни места на ретината и иако пациентите имаат совршена корекција и сто проценти визус, сепак при поголем замор, независно дали од близина или далечина, им предизвикува главоболки, зашеметеност и вид на латентен страбизам.
Eye Genius софтверот ги открива тие несразмерни (диспартни) точки и најмалите проблеми со стереоскопскиот вид, што овозможува 3Д–гледање или чувство на длабочина. По тестот, кој вклучува неколку апликации, резултатот од потребното поместување на сликата со помош на призматска корекција, се аплицира на посебни леќи од страна на софтверот. Леќите може да се монофокални, мултифокални (за далечина, средина и близина) и високо индексни (тенки) леќи надополнети со антирефлексни филтри и BlueControl заштита од сината светлина што ја емитуваат сите електронски уреди. На тој начин, секој добива персонализирани леќи и одличен бинокуларен вид. Тие помагаат во отстранување на напрегањето на очите, главоболките, болки во вратот и рамењата, заморот и
заматениот поглед.
Карактеристики на Hoya EyeGenius:
- Клинички верификувана процедура за преглед
- Тестови за целосен преглед на видот (рефракција, проверка на бинокуларен вид и проверка на фиксирачки диспаритет)
- Уникатна полуавтоматска постапка за брзо детектирање на фиксирачки диспаритет
- Многу висока стапка на детекција на хоризонтални и вертикални вредности на фиксирачки диспаритет
- Призматичните вредности се пресметуваат до 0.01 pdpt точност
- Интерактивен систем со директна инволвираност на клиентот
За подетално запознавање со чекорите кои Dioptra ги презема за овозможување на совршеното решение од оптометриски прегледи може да се посети официјалната Фејсбук страна и самите салони. За повеќе информации може да се контактира и Dioptra Couture на телефонските броеви 02 311 1164 или 078 33 45 45.
Термините ги закажуваат за 14 дена!!!
Член на Grouper од: 21-11-2017