45% попуст на Туи-На кинеска медицинска масажа во Body to balance во вредност од 900 ден. по цена од 499 ден.

Вредност

900 ден.

Попуст

45%

Заштеда

401 ден.

Купени: 31

Добивате

Туи-На кинеска медицинска масажа (времетраење: 40 мин.)

Услови

  • Купонот може да се искористи од 26.12.2019 до 20.02.2020
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Доколку не го посетите центарот во зажаниот термин, купонот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат

Опис

Низ вековите традиционалната кинеска медицина до детали го истражувала значењето на непречениот проток на животната енергија во човековото тело, но и начините како да се одстранат пречките и застојот на Чи (енергијата) со кои се спречува настанокот на болестите и болните состојби.

Туи-на е кинеска медицинска масжа и е значаен дел од традиционалната кинеска медицина(ТКМ). Се заоснова на филозовскиот концепт на ТКМ за животот и здравјето, кој темели на теориите:

➢ Јин и Јанг.

➢ Теоријата на петте елементи.

➢ Животната енергија-Qi

➢ Меридијаните, каналите по кои таа циркулира.

Делува на целиот организам, како рехабилитирачки така и превентивно. Делува на:

➢ Имуниот систем.

➢ Ефикасна е при напнатост и болки во мускулите и зглобовите.

Се употребува при хронични болки и состојби како што се:

❖ Главоболка.

❖ Мигрена.

❖ Несоница.

❖ Замор.

❖ Стрес.

❖ Проблеми со системот за варење. 

❖ Ладни нозе.

❖ Задржување на вода во организмот.

❖ Болки во крстот. 

❖ Менструални и уринарни проблеми.

❖ Мускулна напнатост и грчеви.

❖ Хипертензија.

Ефикасна е како површински на кожата, така и длабински на мускулите, тетивите, лигаментите и внатрешните органи. Основната терапевтска ориентација е кон воспоставување на слободен проток на енергијата(Qi) низ енергетските канали-меридијани. Меридијаните се канали по кои тече животната енергија(Qi). Според теоријата на ТКМ постојат 12 парни меридијани и 2 непарни меридијани кои течат по целото тело и во основа можат да се поделат на 6 меридијани на раката и 6 меридијани на ногата, од една страна. Од друга страна можат да се поделат 6 ЈИН меридијани и 6 ЈАНГ меридијани. Двата непарни меридијани течат по средишните линии на телото, еден однапред кој е ЈИН по својата природа и еден одзади кој е ЈАНГ по својата природа. Овие меридијани ги контролираат и надгледуваат останатите 12 парни меридијани. На меридијаните се наоѓаат акупунктурни точки, кои со оваа масажа ги стимулираме и масираме. Преку нивната стимулација влијаеме на протокот на енергија низ меридијаните.Со туи-на масажата мануелно влијаеме да се подобри енергетскиот проток, односно да се одстранат блокадите настанати заради влијанието на најразличните патогени фактори во секојдневниот живот, како што се:

❖ Долготрајна емотивна состојба на жалост, страв, грижа, гнев, лутина 

❖ Несоодветна, прекумерна или пак недоволна исхрана

❖ Несоодветна физичка активност

❖ Замор, стрес и преоптоварување

Туи-на е пред се начин за повторно воспоставување на нарушената рамнотежа во телото, секогаш кога тоа е потребно. Масажата го подобрува протокот на енергија, кој е блокиран заради влијанието на патогените фактори, и на тој начин ги подобрува здравјето и виталноста. Изворната, оригиналната кинеска масажа се изведува на облечен пациент, на западните простори пак, таа е адаптирана како масажа со масла, заради воспоставување на непосреден контакт со кожата на пациентот. Се употребуваат цврсти и одлучни масажни техники и манипулации, кои влијаат релаксирачки. Многупати ја комбинираме со најразлични техники и помагала ( акупресура, артикулаторни техники-манипулации, вентузи, топли камења, гуа-ша, креми), се со цел да се зголемат и нагласат нејзините ефекти.

Туи-на масажа е иделно терапевтско средство, но уште подобро релаксационо и превентивно средство. Нејзините благопријатни ефекти се чувствуваат уште долго по терапијата, што ја прави да е една од најбараните масажи ширум светот.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.