Романтична претстава во Театар Комедија! 33% попуст на билет за претставата Дони Дарк (14.10.2019) во вредност од 300 ден. по цена од 200 ден.

Вредност

300 ден.

Попуст

33%

Заштеда

100 ден.

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

Купени: 20 | Остануваат: 0

Добивате

Еден билет за претставата Дони Дарк (14.10.2019) во Театар Комедија со почеток во 20:00 часот

Купи зделка од Дестинација Македонија со Mastercard и добиј бонус! Бонусот ќе ти биде автоматски префрлен во твојата Grouper торбичка. Дознај повеќе тука!

Услови

  • Купонот може да се искористи од 14.10.2019 до 15.10.2019
  • Купонот важи САМО за претставата Дони Дарк на ден 14.10.2019 со почеток во 20:00ч.
  • Задолжително е да носите испечатен купон
  • Купоните се заменуваат со карти на билетарата на Театар комедија на самиот ден на претставата најдоцна до 19:30ч.
  • Доколку не го искористите купонот истиот пропаѓа и средствата не може да бидат рефундирани.
  • Купонот не може да се замени за карта од друга претстава!

Опис

РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА - ДОНИ ДАРК

Леонард Герш е американски автор со богат опус на театарски пиеси и филмски сценарија. Текстот, со оригинален наслов „Пеперутките се слободни“, го има напишано во 1969 г., а за прв пат е поставен во Booth Theatre во Њујорк.

Во 1972 г. пиесата е адаптирана во филмско сценарио, по коешто е снимен филм со истоимениот наслов, во режија на Милтон Кацелас. Поради својата тематика, која ги опфаќа правата и социјализацијата на луѓето со посебни потреби, но и поради сите други квалитети кои ги има како театарска пиеса, текстот е актуелен и ден-денес.

Ова е магистерска претстава во режија на Роберт Ристов - дипломиран драмски актер со богат актерски опус. Вработен е во Театар Комедија, а постдипломец е на Факултетот за аудио-визуелни уметности ЕТФА.

Изборот на овој текст, со ваква содржина, како практичен дел од магистерскиот труд не е ни малку случаен. Неговото долгогодишно искуство во работата со ранливи групи на деца и возрасни го прави целосен во однос на себепронаоѓањето во овие сфери на дејствување и претставува важен дел од неговата животна мисија.

Оваа театарска претстава го опфаќа процесот на осамостојување на едно младо слепо лице, како и неговата социјална интеграција во општеството, притоа прикажувајќи ги различните емотивни фази и состојби низ кои поминуваат овие лица и нивните семејства. Дејствието е сетилно, проследено со многу интензивни емоции, и се движи некаде помеѓу болката и радоста, љубовта и омразата, моќта и немоќта, горкото и слаткото...

  • Играат: Даријан Петров, Мирјана Поповска Ристов, Магдалена Ризова Черних и Сашо Ристовски.
  • Костими: Елена Лука
  • Сценографија: Инес Петрова Бошкоска
  • Музика: Гаро Тавитјан
  • Челист изведувач: Дејан Цветковски
  • Режија: Роберт Ристов
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.