50% попуст на скенероскопски преглед на стопала од Др ВАИС Естетик центар и ординација во вредност од 1260 ден. по цена од 630 ден.

50% попуст на скенероскопски преглед на стопала од Др ВАИС Естетик центар и ординација во вредност од 1260 ден. по цена од 630 ден.

Вредност

1,260 ден.

Попуст

50%

Заштеда

630 ден.

Преостанато време

Купени : 5

  • Ул. Водњанска 60, лок.9 (Мајка Тереза)

  • 078 334 450; 02 3179 011

  • drvais.mk@gmail.com

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 19:00 Саб: 09:00 - 15:00

Добивате

Детален анамнестички и дијагностички преглед на нокти (стопала) со скенероскоп


Услови

  • Купонот може да се искористи од 16.05.2018 до 10.07.2018
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација

Опис

СКЕНЕРОСКОПСКИ ПРЕГЛЕД НА СТОПАЛА

Најкраткиот пат до успешен третман е поставувањето на точна дијагноза, па затоа пред било која терапевтска постапка е потребно да се направи темелен анамнестички - дијагностички преглед со помош на скенероскоп, најнов апарат на современата дијагностика, за површинска и длабинска анализа на кожата на стопалата и ноктите. Со прегледот веднаш се утврдува дијагноза за присуство на габична инфекција, враснати нокти, курје око, жуљеви, брадавици, вирусни заболувања ...
Tinea unguium е габична инфекција на дерматофитите на нокатната плоча.
Onychomycosis е габична инфекција на ноктите предизвикана од дерматофити, квасци и мувли. Топлата и влажна средина е идеално место за развој на габични инфекции. Најчесто се развива во текот на летото поради зголемено потење и носење на лошо затворени или туѓи чевли, посети на базени, фитнес и спа центри. Други фактори на ризик се повреда на ноктите, лоша периферна циркулација, особено кај дијабетичарите, старост и опаѓање на имунитетот. Габичната инфекција на ноктите се карактеризира со жолтеникава или бела обоеност на ноктите, задебелување и слоевито листање. Многу често, оваа болест доведува до одвојување на ноктите од нивното лежиште. Во зависност од насоката на ширењето на габичната инфекција постојат различни клинички форми.

  • Дистална субунгуална онхомикоза
  • Проксимална субунгуална онхомикоза
  • Површна бела онхомикоза
  • Тотална дистрофична онхомикоза

Терапијата вклучува атрауматско (безболно) отстранување на заболениот дел од ноктите. Се изведува со специјални подолошки инструменти и апарати, апсолутно безболно и безкрвно. Хируршкото отстранување како варварски методи на кубење, е одамна застарена. Домашната терапија вклучува употреба на локални антимикотици, а ако состојбата бара и терапија може да се додаде и орално примање на антимикотик. Лекувањето на габичната инфекција на ноктите може да трае неколку месеци, бара дисциплина во третманот на ноктите и имплементација на домашна терапија. За жал, пациентите најчесто доаѓаат кога габичките од почетната фаза ќе се прошиат и зафатат поголема површина. Враснатите ноктите може да се препознаат со појава на црвенило, оток, болка, а покрај ноктот многу често се забележува гранулација, што кај народот е позната како "диво месo" што на минимален допир на крвари. Враснатите нокти настануваат како резултат на навлегување рабовите на ноктите во околното ткиво. До ова доведува лошото сечење на ноктите, носење тесни чевли, а други фактори на ризик се генетиката, прекумерна телесна тежина, често се јавува кај спортисти, професионални војници. Враснатие нокти обично ги зафатуваат палците на нозете и во такви случаи, неопходен е медицински третман при кој се сече враснатиот дел, како и гранулацијата создадена околу него. Третманот не е болен и нема крварење. Ако палците се потечени и воспалени најчесто прво се препишуваат антибиотици до смирување на процесот, а дури по тоа се обработува нокотот. По омекнувањето на враснатиот дел на нокотот со помош на лосион кој исто така делува како благ анестетик на околното ткиво и со помош на екскаватор се врши препарирање на ноктите, односно се ослободуваат враснатите рабови на ноктите. Со специјални ножици се отстрануваат хиперкератолитичните наслаги околу ноктите, а ако има и гранулации, тие се третираат со кератолитички лосион, бидејќи во случај на ниво отсекување може да дојде до големи крварења. Со оглед на тоа дека се работи за медицинска обработка, а не корнење на ноктите, интервенцијата се врши само со отсекување на враснатиот дел од ноктите под одреден агол. Исечениот раб е остар и како таков уште повеќе ќе ги иритира околните ткива, па затоа се обработува со специјална конусна леќа и ротирачки абрадер. Така обработениот нокт овозможува околното ткиво да се регенерира, така што при повторно растење на ноктите, ноктната плоча го наоѓа својот вистинси пат. Курије око настанува по долготраен притисок на кожата, особено на места каде таа се наоѓа на тврда површина, односно коска. Најчеста причина за неговото појавување е долгогодишното носење на тесни чевли, неправилно одење, деформации на стопалата... Курје окото е многу слично на брадавица, но е многу поболно на допир. Тоа претставува мртво-хиперкератолитичко ткиво што со неговиот врв навлегува длабоко во дермисот, додека брадавицата претставува вегетативна творба на кожата, односно содржи крвни садови и од тие причини кај киретрајните брадавици се јавува точчкесто крварење, додека кај курије окото тоа го нема. Овие израстоци се јавуваат во мал број, обично 1-2, брадавиците во поголем, бидејќи тие се предизвикани од вирус и брзо се размножуваат.
Што се однесува до промени на кожата на стопалата кои се предизвикани од сосема различни причини и нивниот третман е разлицен. Курије окото се лечи со една до две медицински обработки што подразбираат слоевито киретирање и можна употреба на кератолитици. Брадавици обично бараат поголем број на обработки. Покрај киретирањето се спроведува и третман со радио бранови (електрофлугурација) или со смрзнување со течен азот (криотерапија), со цел уништување на клетките погодени од хуман папилома вирусот (ХПВ).
НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ДА ПОСВЕТИТЕ ВНИМАНИЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА СТОПАЛАТА, ТИЕ СЕ ВАШ СТОЛБ.

Др ВАИС е ординација која веќе 27 години е присутна на Балканските простори. Др Ваис со воведување на најсовремени дијагностички процедури, како што
е дермоскопијата и скенирање на кожата, како и оригиналналниот тераписки протокол во подмладување на кожата, лекување на проблемот на опаѓање на косата и деформација на нокатната плоча, стана брендирана и заштитена трговска марка, препознатлива на широкиот пазар, која гарантира квалитет на услугите, а секогаш водени со постулатот на Хипократовата заклетва: Да му се помогне на човекот!

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ