8 ја следат оваа компанија


DrLEO BABY D3+K1

260 ден.

Опис

Dr.Leo® BABY D3+K1 е храна за посебна медицинска намена за дневно надополнување на витаминот Д3 и витаминот К1 кај новороденчиња и доенчиња на исхрана со мајчино млеко, од втората недела до крајот на третиот месец од раѓање.
Наменет е за диететско регулирање на рахитис и доцна хеморагиска болест на новородено.
Препорачана дневна доза на витамин Д3 и К1 во една twist-off капсула - 10мкг (400и.е.) витамин Д3 и 25мкг витамин К1.
Dr.Leo® BABY D3+K1
содржи “twist-off” капсули кои се отвораат со вртење, за најкомфорна примена со лесно и прецизно дозирање.

Витаминот Д3 и витаминот К1 имаат особено важна улога за нормален и здрав развој на новороденчињата и бебињата:

  • Витаминот Д3 придонесува за нормален раст и развој на коските и забите
  • Витаминот Д3 придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем
  • Витаминот Д3 придонесува за нормална апсорпција и употреба на калциумот
  • Витаминот К1 придонесува за одржување на здрави коски и нормална коагулација на крвта.

Dr.Leo® BABY D3+K1 е произведен според највисоките стандарди за квалитет.

Препорачана дневна доза: 1 “twist-off” капсула која се отвора со вртење на ден, од втората недела до крајот на третиот месец од раѓање. Dr.Leo® BABY D3+K1 особено се препорачува кај предвремено родени и доносените родени деца и доенчиња на исхрана со мајчино млеко.

Состав:
Една капсула содржи: 10мкг (400и.е.) витамин Д3 и 25мкг витамин К1.

Важна напомена:
Производот содржи растително масло без алергени.
Производот мора да се користи под лекарски надзор.
Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Производот не треба да го користат лица кои се преосетливи или алергични на некоја од состојките на производот.
Производот не е наменет за лекување и/или дијагностицирање и не е наменет како замена за разновидна исхрана.
Храната за посебна медицинска намена не е погодна за употреба како единствен извор на исхрана.

Пакување: 30 “twist-off” капсули кои се отвораат со вртење.

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна испорака на сите нивни производи во Македонија, за нарачки над 2000 денари
  • Бесплатна испорака во Скопје на сите нивни производи 
  • Време потребно за достава во Скопје: 1-3 работни дена по процесирање на нарачката
  • Време потребно за достава низ Македонија: 3-5 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 022774101
  • Види ја продавницата на "Геопром" овде
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

За компанијата

Геопром е прва приватна компанија во Македонија, сертифицирана (ISO 9001:2015 / HACCP) со капацитети од високо стандардизирана опрема за производство на додатоци во исхраната како што се нашите брендови Geopharm, DrLEO, DrLEO BABY и Bionature. Со цел континуирано да ги следиме потребите на нашите клиенти, спроведуваме договорно производство со компании заинтересирани за производство и пакување на додатоци во исхраната.

Геопром исто така е ексклузивен застапник и дистрибутер за германскиот бренд Krüger и норвешкиот бренд Möller’s со историја и традиција од 1854 година.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.