Hike&Ride возбудлива тура! До 24% попуст на дводневна тура Планинарење и јавање: едно ноќевање со појадок, ручек и вечера во Вила Дихово, планинарење на Националниот парк Пелистер и јавање коњи во с.Маловишта од Touring Macedonia

РАСПРОДАДЕНО

Hike&Ride возбудлива тура! До 24% попуст на дводневна тура Планинарење и јавање: едно ноќевање со појадок, ручек и вечера во Вила Дихово, планинарење на Националниот парк Пелистер и јавање коњи во с.Маловишта од Touring Macedonia

img

Цена

5,206 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

6,590 ден.

Попуст

21%

Заштеда

1,384 ден.

  • Дихово, Битола, Македонија 7205 Дихово, Битола

  • +389 75 633 200

Добивате

Планинарење и јавање (Hike&Ride) тура за едно лице за 1 лице при група од 6 лица:

  • 1 лице, цена: 9990 ден. 7892 ден.
  • 2 лица, цена: 7990 ден. 6312 ден.
  • 3 лица, цена: 7590 ден. 5996 ден.
  • 4 лица, цена: 6990 ден. 5499 ден.
  • 5 лица, цена: 6790 ден. 5364 ден.
  • 6 лица, цена: 6590 ден. 5206 ден.
  • 7 лица, цена: 6590 ден. 5206 ден.
  • 8 лица, цена: 6590 ден. 5206 ден.
  • 9 лица, цена: 6590 ден. 5206 ден.
  • 10 лица, цена: 6590 ден. 4990 ден.

Во понудата е вклучено:

  • Едно ноќевање со појадок, два ручеци и вечера во Вила Дихово, сите домашно зготвени од природни намирници
  • Домашно вино, ракија и природни сокови (во препорачани дози и количини од медицински лица)
  • Јавање на коњ по обележана коњичка патека од с.Маловишта до конаците на манастирот Св.Ана ( 45 мин. во правец)
  • Традиционален македонски ручек во атарот на конакот на Манастирот Св. Ана
  • Целодневна  hiking авантура  низ Национален парк во НП Пелистер со професионален водич за во планина до 2240 м.н.в
  • Посета на врвот Ветерница на 2.240 м.н.в кој го нуди најдобриот поглед од Баба Планина и посета на Големо езеро лоцирано на 2.200 м.н.в
  • Традиционална македонска закуска на 2.200 м.н.в
  • Враќање кон селото Ниже поле по таканаречениот “Француски пат” изграден и користен за време на Првата Светска

*Сместувањето е во двокреветна, трокреветна или четитрикреветна соба

Напомена: Понудата важи за едно лице. Цената која ќе ја платите е во зависност од големината на групата, односно членовите во истата. Доколку сте група од 5 лица, потребно е да ја одберете опција за за 5 лица, при што цената по лице изнесува 5206 денари


Услови

  • Купонот може да се искористи од 31.05.2017 до 01.11.2017
  • Пред да го купите купонот, задолжителна е претходна резервација за слободни места на телефон или емаил
  • По купување на купонот, потребно е истиот да го испратите на емаил на компанијата Touring Macedonia за да ја потврдите резервацијата
  • Доколку не го искористите купонот до наведениот рок во зделката, средствата не можат да бидат рефундирани
  • Турата може да се реализира во периодот мај - октомври
  • Напомена: Понудата важи за едно лице. Цената која ќе ја платите е во зависност од големината на групата, односно членовите во истата. Доколку сте група од 5 лица, потребно е да ја одберете опција за за 5 лица, при што цената по лице изнесува 5206 денари

Опис

Ден 1

Вашиот домаќин ќе ве пречека на регионалниот пат А3 Битола – Ресен, на исклучувањето кон селото Кажани, на околу 17 км од градот Битола или на околу 20 км од градот Ресен. Оттука, до центарот на село Маловишта има околу 4км, кои ќе ги паметите по прекрасните погледи на врвовите на Баба Планина и флората и фауната на најстариот Национален Парк на Балканот – Пелистер. По пристигнувањето во Маловишта, ќе се запознаете со дел од неговата богата историја, култура и архитектура додека локалните жители ненаметливо ја пренесуваат врз вас животната возбуда која во ова место ја има во изобилство. Од сретсело, по стрмната калдрма, продолжувате кон катедралната црква Св. Петка, изградена во 19 век која стамено ги носи своите сеуште ненадминати величини, и физички и духовни. Црвката Св. Петка покрај величенствениот изглед и преубавиот живопис, во себе ја чува и втората по големина колекција на икони во Македонија па дури и да не сте голем познавач на црковното сликарство, нејзиниот амбиент и вештината на уметничкиот израз ќе изнудат од вас воздишки и почит. Уживањето продолжува во преубавата природа над Маловишта, по долината на река Шемница од каде ќе ви се отворат прекрасни пејсажи кон селото и кон падините на Националениот Парк Пелистер. За момент, ќе се почувствуавте како нераскинлив дел од една поголема приказна, во која човечките правила не важат, важат само оние на природата, расителниот и животинскиот свет кој ве опкружува.

По враќањето на сретсело, ќе продолжите кон чудотворниот Манастир Св. Ана јавајќи низ длабока шума на некој од славните маловишки коњи. Поради своето чудотворство, Св. Ана претставува култно место не само за локалниот народ, туку и пошироко. Овде, во дворот на ново изградениот конак, ќе уживате во македонски традиционален оброк а во друштво на мирот и тишината на недопрената природа.

Оваа авантуристичка тура е дводневна со едно ноќевање во Вила Дихово. Во вилата ќе ви биде послужена богата вечера подготвена од локални намирници од вештите раце на домаќините.

Вториот ден е резервиран за планинарење низ Националниот Парк Пелистер предводени од професионален лиценциран водич.

Ден 2

Турата започнува во близина на ски центарот Ниже поле на надморска висина од 1.360 метри. Следејќи совршено обликувана планинска линија, патувањето во пријатно темпо достигнува до највисоките предели на Националниот парк Пелистер, обезбедувајќи духовна наслада како компензација за првите капки пот на вашето чело. По 3 часа уживање, тишина што годи и исполнува, свеж ветер и чист воздух, патеката стигнува до врвот Ветерница на 2.240м.н.в. Ветерница го нуди најдобриот поглед од Баба Планина кон сите страни на светот: на југоисток – Планината Олимп, на југозапад – Преспанското Езеро, на запад Националниот Парк Галичица, на северозапад – Планината Јабланица и на север Пелагониските полиња.

Ручекот подготвен од локални намирници  ќе биде послужен на брегот на Големо Езеро, на 2200 м.н.в во неверојатно опкружување со неповторливи погледи од врвот на планината. По окрепувањето на телото и духот, враќање кон селото Ниже поле по таканаречениот “Француски пат” изграден и користен за време на Првата Светска.

Гостите на пат не се испраќаат гладни така што пред поаѓање кон дома во Вилата Дихово ќе имате уште една вкусна традиционална и слатка закуска.

  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ