Зголемен адреналин на кајак + тандем параглајдинг! 20% попуст на дводневна тура 2 бои Сино (2 Colors of Blue): едно ноќевање со појадок, ручек и вечера во Вила Дихово, лет со параглајдер, кајакарење и посета на Крушево од Touring Macedonia

Добивате
Дводневна тура 2 Бои Сино за едно лице при група од 4 лица
- 1 лице, цена:
12990 ден.10392 ден. - 2 лица, цена:
11990 ден.9592 ден. - 3 лица, цена:
10990 ден.8792 ден. - 4 лица, цена:
9990 ден.7992 ден. - 5 лица, цена:
9990 ден.7992 ден. - 6 лица, цена:
9990 ден.7992 ден. - 7 лица, цена:
9990 ден.7992 ден. - 8 лица, цена:
9590 ден.7672 ден. - 9 лица, цена:
9990 ден.7992 ден. - 10 лица, цена:
9990 ден.7992 ден.
Во понудата е вклучено:
- Едно ноќевање во Вила Дихово со вклучен појадок и вечера
- Кајакарење со инструктори по Преспанско Езеро (1 час во правец)
- Посета на манастирот Св. Илија - монашки населен
- Преспанска традиционална закуска - Ѓомлезе под сач
- Ручек во Стење - Преспански крап
- Лет со професионален тандем параглајдер
- Ручек во Крушево локални традиционални специјалитети од природни состојки послужен во оригинален амбиент – традиционална крушевска кафеана или автентична брвнара на 1.300 метри надморска висина.
- Прошетка низ Крушево со професионален туристички водич
*Напомена: Понудата важи за едно лице. Цената која ќе ја платите е во зависност од големината на групата, односно членовите во истата. Доколку сте група од 5 лица, потребно е да ја одберете опција за за 5 лица, при што цената по лице изнесува 7992 денари
Услови
- Купонот може да се искористи од 31.05.2017 до 01.11.2017
- Пред да го купите купонот, задолжителна е претходна резервација за слободни места на телефон или емаил
- По купување на купонот, потребно е истиот да го испратите на емаил на компанијата Touring Macedonia за да ја потврдите резервацијата
- Доколку не го искористите купонот до наведениот рок во зделката, средствата не можат да бидат рефундирани
- Турата може да се реализира во периодот мај - октомври
- Напомена: Понудата важи за едно лице. Цената која ќе ја платите е во зависност од големината на групата, односно членовите во истата. Доколку сте група од 5 лица, потребно е да ја одберете опција за за 5 лица, при што цената по лице изнесува 7992 денари
Опис
Сина авантура –создаваат совршена атмосфера за ова дводневно доживување. Проверете зошто Крушево е во врвот на светската мапа за натпревари во летање и зошто секоја година десетици илјади туристи и професионални спортисти доаѓаат и токму од падините околу градот си ги “полнат батериите” за цела година... Ќе дегустирате локални традиционални рецепти во автентичен крушевски амбиент – кафеана во срцето на градот или брвнара во крушевската корија на 1.300 метри надморска висина.
Ден 1
Авантурата започнува од преспанското село Стење, под падините на Националниот Парк Галичица. Професионалните инструктори ќе ви одржат кратко предавање за основите на рекреативното кајакарење како и за техничките карактеристики на патеката по која ќе се движите во нивна придружба. Кајакарењето започнува од модерно уредената плажа на крајбрежјето кај Стење и низ небесно сините води на Преспанското Езеро води кон заливот Лиса, каде во густа шума врз природно изрезбарен чардак од варовничка карпа, подигнат е манастирот Св. Илија. Низ тесната камена патека ќе се искачите до дворот на манастирот за, барем на миг, ги доживеете спокојот, тишината и убавината во која вредните монашки раце секојдневно ја вршат својата работа во духот и традицијата на Христијанската религија.
По духовната “храна”, кајакарењето продолжува до последното село на македонска територија, Коњско, каде следи традиционална преспанска закуска Ѓомлезе и одмор. Селото Коњско е автентична населба која својата недопрена убавина постојано ја потхранува со својата скромност и гостопримливост.
Враќањето кон село Стење е повторно со кајак преку водите на Преспанското Езеро, овојпат во придружба на преспанските корморани и пеликани. Денот завршува со вистинска гурманска наслада, во крајбрежен ресторан, дегустација на свежо уловен преспански крап и вкусни салати од сезонски зеленчук.
Оваа авантуристичка тура е дводневна со едно ноќевање во Вила Дихово, Битола. Во Вилата ќе ви биде послужена богата вечера подготвена од локални намирници од вештите раце на домаќините.
Ден 2
Вториот ден е резервиран за параглајдинг во највисокиот град на Балканот – Крушево. Автентично историско место, целосно зашитено со закон, кое само по себе е невидена атракција. Крушевската архитектура е уникатен печат на овде негуваните цивилизациските дострели, а илјадагодишната крушевска корија несоборлив доказ дека сепак природата е најдобриот уметник кој некогаш творел.
Доживувањето на Крушево и неговата околина, Пелагониската котлина, почнува од птичја перспектива преку лет со тандем параглајдинг. За безбедноста и уживањето во летот ќе биде задолжен лиценциран инструктор за параглајдинг скокови со огромно летачко искуство. Полетувањето е од специјално обележана и уредена локација во близина на Мечкин Камен а слетувањето е во подножјето под Бушова Планина.
Прошетките, адреналинот и возбудата ќе ја поттикнат желбата за гурмански спцецијалитет и добра храна. Во зависност од временските услови и вашиот избор, ќе дегустирате локални традиционални рецепти во автентичен крушевски амбиент- кафеана во срцето на градот или брвнара во крушевската корија на 1.300 метри надморска висина. И во двата случаи, задоволството е гарантирано……
Денот продолжува со разглед на градот, неговото културно-историско наследство и традицијата и обичаите на влашкиот народ кој ревносно и гордо истите ги негува и чува дури и денес. Споменикот Илинден, добитник на светски признанија за архитектонски и уметнички достигнувања, Музејот на Македонската Ослободителна Борба, Спомен куќата на Тоше Проески и најважната локација во Македонската историја – Мечкин Камен, таму, каде што се одвивала последната битка за одбрана на Крушевската Република во `903-та, ќе бидат дел од прошетката за запознавање со градот и неговата историја.
Наш предлог е денот да го завршите на градскиот плоштад со вкусно кафе, локум и целуфки, подготвени според стара крушевска традиција. Уживајте во последните зраци на денот како што тоа со векови го правеле великодостоинствениците од разни светови и култури.
- RO: Ноќевање
- BB: Ноќевање со појадок
- HB: Ноќевање со појадок и вечера
- FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
- AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата