Во здраво тело, здрав дух! До 24% попуст на дводневна тура Вакцинирај се: едно ноќевање со појадок, ручек и вечера во Вила Дихово, планинарење на Националниот парк Пелистер, посета на Битола и локален пчелар + етно масажа од Touring Macedonia

РАСПРОДАДЕНО

Во здраво тело, здрав дух! До 24% попуст на дводневна тура Вакцинирај се: едно ноќевање со појадок, ручек и вечера во Вила Дихово, планинарење на Националниот парк Пелистер, посета на Битола и локален пчелар + етно масажа од Touring Macedonia

img

Цена

5,499 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

6,990 ден.

Попуст

21%

Заштеда

1,491 ден.

  • Дихово, Битола, Македонија 7205 Дихово, Битола

  • +389 75 633 200

Добивате

Дводневна Вакцинирај се (Vaccinate Yourself) за едно лице при група од 4 лица:

  • 1 лице, цена: 9990 ден. 7892 ден.
  • 2 лица, цена: 9590 ден. 7576 ден.
  • 3 лица, цена: 8990 ден. 7102 ден.
  • 4 лица, цена: 6990 ден. 5499 ден.
  • 5 лица, цена: 6990 ден. 5522 ден.
  • 6 лица, цена: 6990 ден. 5522 ден.
  • 7 лица, цена: 6990 ден. 5522 ден.
  • 8 лица, цена: 6590 ден. 5522 ден.
  • 9 лица, цена: 6590 ден. 5522 ден.
  • 10 лица, цена: 6590 ден. 4990 ден.

Во понудата е вклучено:

  • Едно ноќевање со појадок, ручек и вечера во Вила Дихово
  • Домашно вино, ракија и природни сокови (во препорачани дози и количини од медицински лица)
  • Професионален водич во планина за полудневна екскурзија
  • Професионална масажа во времетраење од 1 час во Вила Дихово
  • Прошетка, лесен hiking или trekking во зависност од желбата на гостите,  по падините на најстариот Национален Парк во РМ – Пелистер
  • Дегустација на традиционални македонски јадења подготвени според автентични рецепти
  • Едночасовна посета на локален медар, запознавање на начинот на производство и дегустација на превкусен традиционален мед и медни производи, апи терапија
  • Прошетка по течението на река Шемница и село Дихово

*Сместувањето е во двокреветна, трокреветна или четитрикреветна соба

*Во понудата се вклучени два појадоци, два ручеци, една вечера и мезиња  (локални специјалитети од природни состојки)

*Напомена: Понудата важи за едно лице. Цената која ќе ја платите е во зависност од големината на групата, односно членовите во истата. Доколку сте група од 5 лица, потребно е да ја одберете опција за за 5 лица, при што цената по лице изнесува 5522 денари


Услови

  • Купонот може да се искористи од 31.05.2017 до 01.11.2017
  • Пред да го купите купонот, задолжителна е претходна резервација за слободни места на телефон или емаил
  • По купување на купонот, потребно е истиот да го испратите на емаил на компанијата Touring Macedonia за да ја потврдите резервацијата
  • Доколку не го искористите купонот до наведениот рок во зделката, средствата не можат да бидат рефундирани
  • Турата може да се реализира во периодот мај - октомври
  • Напомена: Понудата важи за група од 4 лица.  Цената која ќе ја платите е во зависност од големината на групата, односно членовите во истата. Пример, доколку сте група од 5 лица, потребно е да ја одберете опција за за 5 лица, при што цената по лице изнесува 5522 денари. Цената за деца до 7 год. е за 50% пониска од цената за возрасен

Опис

Министерството за забава на Република Дихово ве повикува на ЗАДОЛЖИТЕЛНА вакцинација против сезонскиот ГРИП!

Вакцината е шестовалента и се состои од:  ракија, лук, етно масажа, лесен hiking на Пелистер, природен планински мед и инхалација на 100% чист кислород!

Ден 1

Првиот ден ќе ве пречекаме со кисело млеко и домашни питулици со лук. Откако ќе се сместите во Вила Дихово, нашиот професионален водич ќе ве одведе на лесна авантуристичка прошетка низ живописниот дел на Дихово и потпелистерието. Овој лесен hiking (во траење од два и повеќе часа, во зависност од вашата желба) ќе го разбуди вашиот апетит за ручек подготвен од природни состојки набрани во околината на потпелистерските села.

Како дел од искуството ви ги нудиме двете надалеку познати домашни ракии на Вила Дихово: Љубовџивка и Муабетчивка, домашно варено вино и секако многу специјалитети од лук т.е природен антибиотик.

Попладнето ќе ве оставиме да се одморите во прекрасната атмосфера на Вила Дихово опкружени со релаксирачка природа дишејќи 100% чист кислород.

Вечерата ќе ја послужиме на отворено во релаксирачкиот двор на Вила Дихово а ако ви е студено секогаш можете да мезите покрај отворен камин со топол планински чај собран од падините на Пелистер.

Поамбициозните можат да ја продолжат забавата на Широк Сокак. Гумите за џвакање се гратис од Туринг Македонија :-)

Ден 2

Откако ќе изгрее убавото планинско сонце, појадокот ќе ви ја даде потребната енергија за остатокот од денот. Зготвен на домаќински начин со локални свежи производи, зелникот со орев за појадок е како мелем за душа!

Десертот е особено уникатен! Нашиот водич ќе ви подготви прекрасно доживување кое може да го искористите за “полнење на батериите” и ветреење на конзумираниот лук. Прошетката по реката Сапунџица и село Дихово ќе заврши со посета на локален пчелар, каде, откако ќе научите како е да си пчелар, ќе уживате во 100% природен мед. Посетата кај медарот вклучува едночасовна работа со пчеларски кошници, допир со пчелите, вадење мед од саќе, апи терапија што вклучува инхалација директно од пчелна кутија.

Како и во секое убаво сценарио, турата нуди нешто и за релаксација! Етно масажа за крај на ова дводневно уживање со природно ароматизирано есенцијално масло од пелистерски тревки за да ја подготвиме и нахраниме вашата кожа со природен витамин Е .

Согласно традицијата, гостите не смеат да си заминат гладни. Следува уште еден превкусен ручек од менито на потпелистерските села.

*Напомена:

Вториот ден во зависност од сезоната и временските услови можете да искусите и: off road џип ексурзија на Пелистерски очи (глацијални езера на 2218 м2 надморска височина); ski touring на Пелистерските падини или trekking по предизвикувачките патеки на Пелистер со лиценциран водич за во планина)

Доколку временските услови не дозволуваат посета на Пелистерски Очи, ние ви нудиме алтернативна off road турнеја низ недопрениот мариовски крај. Џип авантурата низ овие еколошки најчисти предели на Балканот вклучувват посета на филмското село Зовиќ, возење низ најдолгиот кањон во Македонија- кањонот на Црна река, историската Кота 1050 и бункерите од Прва Втора Светска Војна.

Активностите кои се дополнителен избор како: off road џип ексурзија на Пелистерски очи (глацијални езера на 2200 м2 надморска височина) ; ski touring на Пелистерските падини или професионален hiking по предизвикувачките патеки на Пелистер со професионален лиценциран водич за во планина) дополнително се наплаќаат. Истите треба претходно да се букираат и зависат од временските услови на Баба планина.

  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ