Незаборавно искуство со Touring Macedonia во падините на Пелистер! 21% попуст на дводневна женска тура - Dame getaway: едно ноќевање во Вила Дихово со појадок, ручек, вечера и мезе, етно масажа, рекреативно планинарење и посета на пчелар

РАСПРОДАДЕНО

Незаборавно искуство со Touring Macedonia во падините на Пелистер! 21% попуст на дводневна женска тура - Dame getaway: едно ноќевање во Вила Дихово со појадок, ручек, вечера и мезе, етно масажа, рекреативно планинарење и посета на пчелар

img

Цена

6,449 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

8,590 ден.

Попуст

25%

Заштеда

2,141 ден.

  • Дихово, Битола, Македонија 7205 Дихово, Битола

  • +389 75 633 200

Добивате

Дводневна женска тура (Dame getaway) за едно лице при група од 5 лица:

  • 1 лице, цена: 8990 ден. 7100 ден.
  • 2 лица, цена: 10490 ден. 7972 ден.
  • 3 лица, цена: 9990 ден. 7592 ден.
  • 4 лица, цена: 8990 ден. 6832 ден.
  • 5 лица, цена: 8590 ден. 6449 ден.
  • 6 лица, цена: 8990 ден. 6832 ден.
  • 7 лица, цена: 8490 ден. 6452 ден.
  • 8 лица, цена: 8290 ден. 6300 ден.
  • 9 лица, цена: 8190 ден. 6224 ден.
  • 10 лица, цена: 7990 ден. 5990 ден.

Во понудата е вклучено:

  • Едно ноќевање во најпознатото потпелистерско село Дихово и неговиот светски познат туристички бисер - Вила Дихово
  • Појадок, ручек, вечера и мезе
  • Домашно вино, ракија и природни сокови  
  • Локална прошетка по долината на река Сапунџица
  • Едукативна посета на медар и дегустација на традиционален мед и производи од мед
  • Кулинарски час и подготовка на јадења според македонски традиционални рецепти
  • Уживање во ноќниот живот на Битола
  • Прошетка во планина со професионален водич 
  • Професионална етно масажа во времетраење од 1 час
  • Едночасовна едукација од професионален нутриционист

*Сместувањето е во двокреветна, трокреветна или четитрикреветна соба

*Напомена: Понудата важи за едно лице. Цената која ќе ја платите е во зависност од големината на групата, односно членовите во истата. Доколку сте група од 5 лица, потребно е да ја одберете опција за за 5 лица, при што цената по лице изнесува 6449 денари


Услови

  • Купонот може да се искористи од 31.05.2017 до 01.11.2017
  • Пред да го купите купонот, задолжителна е претходна резервација за слободни места на телефон или емаил
  • По купување на купонот, потребно е истиот да го испратите на емаил на компанијата Touring Macedonia за да ја потврдите резервацијата
  • Доколку не го искористите купонот до наведениот рок во зделката, средствата не можат да бидат рефундирани
  • Напомена: Понудата важи за едно лице. Цената која ќе ја платите е во зависност од големината на групата, односно членовите во истата. Доколку сте група од 5 лица, потребно е да ја одберете опција за за 5 лица, при што цената по лице изнесува 6449 денари

Опис

Ден 1

Со турско кафе и благо за добредојде ќе ве пречекаме во Вила Дихово. Откако ќе се одморите од патувањето во зеленилото и мирот на оваа преубава селска куќа ќе ве одведеме на куса прошетка низ село Дихово поминувајќи по реката Сапунџица па се до локалниот медар каде што облечени во заштитна облека ќе имате целосно искуство што значи да се произведува природен мед, ќе дегустирате од чистиот планински еликсир како и медни производи а ќе можете и да направите апи терапија т.е инхалација директно од пчелна кутиј, хит меѓу звездите во светот.

Откако планинскиот воздух ќе го разбуди вашиот апетит се враќаме во традиционалната селска кујна која за вас ќе биде и училница. Не случајно, со помош на професионален готвач a.k.a вешта жена ќе ви покажеме како се подготвува некој од локалните специјалитети. Додека ручекот се подготвува, професионален нутриционист ќе ве едуцира за нашите традиционални здрави јадења од кои не се дебелее .

По дигестивот т.е ракијата „љубовџика“ ќе ве оставиме да се одморите и подготвите за битолскиот ноќен живот. За оние кои сакаат урбана забава Широк Сокак е вистинската дестинација.

Ден 2

Откако ќе изгрее убавото планинско сонце, појадокот ќе ви ја даде потребната енергија за остатокот од денот. Зготвен на домаќински начин со локални свежи производи, појадокот е како мелем за душа – селскиот омлет од природни јајца!

Oвoј викенд не смее да заврши без еден hiking наменет за обликување на вашетѕо тело а и топење на калориите од претходниот ден богат со домашни специјалитети. Со 

професионален водич ќе планинарите низ падините на Пелистер а рутата ја одбирате сами, од рекреативна до спортска, за убаво и витко тело!

Како и во секое убаво сценарио, ви нудиме нешто за релаксација и подготовка за патот кон дома – етно масажа! Професионална едночасовна масажа со миризливи масла од планински тревки е се што ви треба за да го завршите женскиот retreat!

  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ