Дестинација Македонија! 32% попуст на еднодневна тура за качување на природна карпа на различни локации: Кадина Река и Демир Капија + опрема + превоз од Climbing School во вредност од 2200 ден. по цена од 1490 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Дестинација Македонија! 32% попуст на еднодневна тура за качување на природна карпа на различни локации: Кадина Река и Демир Капија + опрема + превоз од Climbing School во вредност од 2200 ден. по цена од 1490 ден.

Цена

1,490 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

2,200 ден.

Попуст

32%

Заштеда

710 ден.

  • Скопје, Скопjе, Македонија

  • 078 444 439

  • contact@climbingschool.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 18:00 - 22:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • Еднодневна тура за качување на природна карпа на различни локации: Кадина Река и Демир Капија
  • Целосна Опрема за качување на природна карпа
  • Надзор и контрола од лиценциран инструктор
  • Покриени патни трошоци до локалитетот каде се качува
  • Слики од целодневната тура

Mastercard Бонус: Купи го овој купон со Mastercard картичка и добиј го по специјална Mastercard цена од 1415 ден.

* Разликата ќе ти биде вратена во твојата Grouper торбичка


Услови

  • Купонот може да се искористи од 26.09.2018 до 15.11.2018
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е предходна резервација!
  • Задолжитено е носење на соодвета гардеробва (спортска опрема) и добра здравствена сосотјба
  • За група се потребни минимум 2 лица а максимум 4 лица
  • Mastercard е спонзор на кампањата Дестинација Македонија. Секоја зделка купена со Mastercard картичка ја добивате по специјална Mаstercard цена.

Опис

Програмата за качувачки тури е наменета за сите заинтересирани кои сакаат да испробаат спортското качување како совршена можност за авантура или тим билдинг со пријателите водени од професионален качувач инструктор и водич.

Школата за спортско качување во својата програма нуди можност за еднодневни или повеќедневни качувачки тури на природна или вештачка карпа. Воведно качување на природна карпа подразбира целодневно качување водени од Спортски качувач - Инструктор во претходно обезбедени и проверени локалитети. Качувањето е на погодно ниво за почетници кои првпат се среќаваат со искачување карпи. Турата ја води професионален инструктор со полно работно време во областа на спортот и има значајно искуство на водење организирани качувачки тури на локалитети и карпи во природа.

Оваа програма е наменета за аванутристи и ентузијасти кои сакаат на најбрз но и воедно и најбезбеден можен начин да се соочат со предизвикот на искачување на карпи, притоа водени, обезбедувани и надгледувани од качувач инструктор и водич.

Програмата нуди:

  • Качување со инструктор - водич во уредени качувачки локалитети во природа
  • Качување на насоки со соодветна тежина според можностите на интересентите
  • Качување на вештачка карпа водени од спортски качувач - инстурктор

Потребно:

  • Пополнета пристапница за еднодневно спортско качување со инструктор/водич
  • Основна физичка кондиција и атлетска спремност (физички активни лица)

Обезбедена опрема:

  • Јажиња
  • Појаси
  • Качувачки шлем
  • Карабинери
  • Алатки за осигурување
  • Торбички за магнезиум

Потребна опрема:

  • Патики за качување (доколку имате! –доколку немате, ќе ви обезбеди водичот)
  • Лесна спортска облека (онаа која овозможува лесни телесни движења)
  • Соодветни чевли за движење во природа
  • Мал ранец (доволен да спакува ветровка, ужина, вода)
  • Наочари за сонце
  • Најмалку 1L вода во пластично шише
  • Енергетски плочки, ужина, сендвич
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.