Дестинација Македонија! Посетете го археолошкиот локалитет Стоби! 31% попуст на едукативна тура "По стапките на древните Римјани" од ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција за културата во вредност од 1300 ден. по цена од 897 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Дестинација Македонија! Посетете го археолошкиот локалитет Стоби! 31% попуст на едукативна тура "По стапките на древните Римјани" од ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција за културата во вредност од 1300 ден. по цена од 897 ден.

img

Цена

897 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

1,300 ден.

Попуст

31%

Заштеда

403 ден.

ЛИМИТИРАНА КОЛИЧИНА

Купени : 10 | Остануваат : 40

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • Тура низ археолошкиот локалитет Стоби
  • Превоз на релација Скопје-Градско-Скопје
  • Влезница за локалитетот Стоби
  • Водење од страна на професионален археолог
  • Интеракција со некои од археолозите кои ги откопуваат објектите на локалитетот
  • Рецитирање на античка римска поезија од македонски поети
  • Дегустација на мулсум - древноримско вино со мед и зачини
  • Можност да се фотографирате во древна римска облека во сопственост на ХАЕМУС
  • Секој посетител добива обемен водич за културното наследство на Република Македонија
  • Десет посетители по пат на лотарија ќе добијат еко торби од брендот „SCUPINI ROMANI“

Детали за настанот:

  • Датум: 28.10.2018 (недела)
  • Зборно место: Пред Дрводекор
  • Време на поаѓање: 09:00 ч.
  • Времетраење: 6-7 часа
  • Јазик: македонски
  • Водич: Василка Димитровска, магистер по археологија и професионален туристички водич
  • Организатор: ХАЕМУС - центар за научно истражување и промоција на културата  

*Доплата за фотографирање со традиционална римска облека на автентичен локалитет, цена: 250 ден.

Mastercard Бонус: Купи го овој купон со Mastercard картичка и добиј го по специјална Mastercard цена од 852 ден.

* Разликата ќе ти биде вратена во твојата Grouper торбичка


Услови

  • Купонот може да се искористи од 28.10.2018 до 28.10.2018
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот, потребно е да се информирате во компанијата за слободни места 
  • По купување на зделката, задолжително испратете го купонот на e-mail: contact@haemus.org.mk за потврда на место во групата  
  • Во цената нема дополнителни трошоци
  • Оваа тура не важи за лиценцирани туристички водичи и придружници на Република Македонија
  • Доплати:
  • Доплата за фотографирање со традиционална римска облека на автентичен локалитет, цена: 250 ден. 
  • Еден купон важи за фотографирање со само една облека.
  • Mastercard е спонзор на кампањата Дестинација Македонија. Секоја зделка купена со Mastercard картичка ја добивате по специјална Mаstercard цена.

Опис

Итинерар: Целодневната екскурзија низ Вардарскиот регион ја опфаќа посетата на археолошкиот локалитет Стоби, еден од бисерите кои егзистирале за време на Римскиот период во Македонија. Локалитетот претставува своевиден музеј под отворено небо и непресушен извор на информации за цивилизациите кои имале шанса да бидат жители на овој град низ столетијата.

Откако на влезот ќе се запознаеме со историјатот на Стоби, прво ќе го посетиме Храмот на Изида, а потоа движејќи се низ локалитетот, се упатуваме кон Градбата со арки, под претпоставка дека помеѓу нив се наоѓа се уште неоткриениот „Римски форум“. Потоа движејќи се по улицата Via Principalis Inferior, прво ќе ги одминеме Цивилната и Северната базилика, а потоа ќе ги поздравиме Евреите во Синагогата базилика. Оваа базилика е поврзана со Полихармосовата палата, која се смета за една од најубавите вили кои се досега откриени во Стоби, каде скоро сите подови во домот биле прекриени со раскошни мозаици. Ако одлучиме да свртиме на аголот лево вдолж улицата Via Axia движејќи се повторно накај Градбата со арки, попатно можеме да се воодушевуваме на Малата и Големата јавна бања. Но доколку решиме да се оладиме на Градската чешма во близина на Куќата на Перистеријата која се наоѓа помеѓу улиците Via Principalis Superior и Via Theodosia, тогаш имаме голема шанса да ја видиме Теодосијанската палата. Пред да стигнеме до Театарот како крајна дестинација, може да се одмориме на ширинката сместена помеѓу Затворот, Коцкарницата, Епископската резиденција и Domus Fulonica. Подоцна преку Полукружниот плоштад и улицата Via Sacra  се упатуваме кон Епископската базилика и Баптистериумот, а на крајот на крајот од турата ќе слушнеме рецитирање на античка римска поезија од македонски поети во автентичен амбиент на античкиот Театар во Стоби.

За време на разгледот на Стоби, посетителите ќе имаат можност да разговараат и со некои од археолозите кои ги ископуваат објектите на археолошкиот локалитет. Потоа на сите посетители ќе им биде одржана кратка презентација за древна римска храна од страна на тимот на ХАЕМУС и ќе има можност за дегустација на мулсум (древноримско вино со мед и зачини), кое честопати се прави на јавни настани во рамките на брендот SCUPINI ROMANI. Исто така некои од учесниците ќе имаат можност да се фотографираат во древни римски облеки, сопственост на ХАЕМУС, кои се дел од колекцијата SCUPINI ROMANI.

Целта на „Едукативната тура - По стапките на древните Римјани“ е промоција и популаризација на богатото културно-историско наследство на Република Македонија од античкиот римски период. Оваа едукативна тура се организира под мотото на УНЕСКО за Отворени Едукативни Ресурси (ОЕР), а во рамките на Европската година на културното наследство. Настанот е поддржан од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

За SCUPINI ROMANI (www.scupiniromani.mk)
SCUPINI ROMANI е бренд на ,,ХАЕМУС” и се состои од мноштво на подвижни ескпонати (керамика, облека, накит, метални и плетени предмети, сувенири) кои се дизајнирани по нарачка и рачно изработени од уметници, занаетчии и артизани по инспирација од богатото културно наследство од римскиот период откриено на територијата на Република Македонија. Концептот на SCUPINI ROMANI е променлив во зависност од околностите и може да биде организиран како амбиентална поставка, подвижна изложба или фестивал со живи учесници.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ